Не оди ниту со Гатузо: Елмас остана на клупа, Кулушевски погоди, Парма го освои „Сан Паоло“ (видео)

Парма со цел плен си замина од „Сан Паоло“ откако триумфираше против Наполи со 2-1 во мечот од 16-тото коло во Серија А. Џенаро Гатузо ќе сака што побрзо да го заборави дебито на клупата на Наполитанците, а за да не го памети по добро, се погрижија Македонецот Дејан Кулушевски и Жервињо.

Офанзивецот на Парма кој е позајмен од Аталанта, постигна одличен гол во четвртата минута против италијанскиот вицепрвак со кој Парма поведе во првото полувреме. Кулушевски ја украде топката од Кулибали и со спринт стигна до противничкиот гол за лесна реализација, запишувајќи го четвртиот овосезонски погодок во Калчолигата.

Дури еден час подоцна, Наполи со доста мака израмни преку Милик, а притисокот во финишот од средбата не се исплати за целосен пресврт. Наместо тоа, гостите преку контра-напад изненадија за 2-1 во третата минута од судиското надополнување, овојпат Кулушевски во улога на асистент го разигра Жервињо. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата, шанса да игра под инструкции на Гатузо ќе чека во некој друг меч.

Со седмиот триумф сезонава, Парма го помина Наполи на табелата со 24 бода, три повеќе од денешниот противник.

https://www.dailymotion.com/video/x7p5yh5

- Оглас -

Најнови вести