Не успеа да ги сопре солзите: Украинецот доби пречек каков што се добива еднаш во животот (Видео)

Бенфика лесно со 3:0 го победи Гимараиш во португалското првенство, а дуелот го одбележа моментот во 61-вата минута. Фаворитот веќе водеше со 3:0, кога во игра кај Бенфика требаше да влезе Роман Јаремчук.

Украинскиот интернационалец веднаш ја доби капитенската лента, а од навивачите на стадионот „Луж“ доби невидени овации од 40.000 навивачи. Пораки за тоа дека војната треба да сопре, развеани украински знамиња беа само дел од декорот по влегувањето на Јаремчук. Голгетерот на Бенфика не можеше да ги сопре солзите по еден ваков пречек и поддршка за него и неговата Украина.

https://twitter.com/i/status/1498020809083924487

 

- Оглас -

Најнови вести