Нејмар со трогателна порака: „Тагата е голема. Болката е неизмерна. Постојано плачам.

Францускиот шампион Пари Сен Жермен објави дека во следните месец ќе биде без главната ѕвезда во тимот, Нејмар. Бразилецот заработи повреда на левата нога во дуелот против Каен во Францускиот куп и сега ќе мора да мирува.

Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот меч против Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите, кој се игра за пет дена, но би можело да биде подготвен за реваншот, кој е закажан за 10 март. Преку својот инстаграм-профил Нејмар упати трогателна порака, но факт е дека секоја година кога е роденденот на неговата сеста, Нејмар се повредува и не игра, но затoа ужива во Бразил.

„Тагата е голема. Болката е неизмерна. Постојано плачам. Уште еднаш ќе морам да прекинам да го работам тоа што најмногу го сакам, а тоа е играњето фудбал. Понекогаш мислам дека проблем е мојот стил на игра, дека премногу дриблам и поради тоа постојано добивам ќотек. Не знам дали јас сум проблем или тоа што го правам на теренот. Тоа е тажно. Премногу ми е тажно кога ги слушам играчите, тренерите, коментаторите… како викаат ’Треба да го удриш’, ’секогаш паѓа, секогаш паѓа’, ’Само плаче’, ’Размазено дете’… Искрено разочаран сум и тажен и се плашам дека нема уште многу долго да издржам. Само сакам да бидам среќен и да играм фудбал“, напиша Нејмар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести