Нема да има премногу голови на „Вила парк“

Астон вила – Њукасл (фудбал, Англија Премиер лига, 21.00 часот)

Репрезентативната пауза ја прекина добрата мини-серија на Њукасл и лошата серија на Астон вила од три порази по ред. Во дуелите на овие два тима, гостите пет години не се радувале, последните три пресметки беа нерешени, а тимот од Бирмингам дома од 2011 не го совладал Њукасл. На последните седум дуели на овие тимови, паѓаа 0-2 гола. Ќе ја следиме традицијата и ќе типуваме дека повторно нема да има повеќе од два погодока.

Предлог тип 1Х & 0-2 (2.40)

 

СПАЛ – Џенова (фудбал, Италија Серија А, 20.45 часот)

Ова е многу интересен меч бидејќи се среќаваат најлошиот напад (СПАЛ има дадено само седум гола на 12 меча) во италијанската лига и најлошата одбрана (Џенова прими 26 голови). Но, Џенова во претходното коло ја зачува својата мрежа, и тоа против опасниот Наполи. СПАЛ има дадено само еден гол во последните пет меча, ова им е идеална прилика да се поправат во тој сегмент.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.93)

 

Оденсе – Митјиланд (фудбал, Данска, 19.00 часот)

Митјиланд го разби Копенхаген со 4-1 пред паузата, има низа од пет победи по ред, убедливо води на табелата и не знае за пораз на гостински терен. Сето ова најавува дека домашните нема да победат. Но, во минатата сезона Оденсе двапати го победи Митјиланд. Оденсе дома има три победи по ред, па Митјиланд ќе треба да се помачи за трите бода со кои би отишол на плус седум во однос на вториот.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

Анталијаспор – Газијантеп (фудбал, Турција, 18.00 часот)

Анталија е во лоша форма, има четири порази по ред во кои даде само два гола, плус тоа одвај на пенали го победија Анадолу во Купот, но можеби се консолидирале за време на паузата. Газијантеп на последните четири гостувања славеше трипати. Нивните меѓусебни мечеви често се придружени со ефикасен фудбал и три или повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (1.82)

 

Црвена ѕвезда – Морнар (кошарка, АБА лига, 18.00 часот)

Деби на клупата на евролигашот ќе има тренерот Драган Шакота. Ѕвезда е фаворит и според составот и според домашниот терен, а и според традицијата на меѓусебните дуели (секогаш било над 10 разлика за Ѕвезда). Морнар е незгоден тим, знае да изненади, но овојпат тоа тешко ќе оди против тимот кој ќе сака да се докаже пред фановите и новиот тренер. Ѕвезда сезонава во АБА-лигата има еден домашен пораз, и тоа од црногорски тим.

Предлог тип: 1 Двојна (1.60)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

СПАЛ – Џенова ГГ & 3+ (2.60)

Астон Вила – Њукасл Т1 1-2 (1.70)

Лече – Калјари 1-3I & 1-3 II (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести