6775 Хамрун Спартанс – Линколн Ред Импс (18.45 часот)
Домаќинот од Малта важи за фаворит и очекувањата се дека ќе оствари победа пред своите гледачи. Хамрун е тим кој форсира напаѓачки фудбал и сигурно ќе сака да постигне најмалку два гола во пресрет на реваншот со Линколн Ред Импс, кој е претставник на Гибралтар.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.05)
6777 Санта Колома – Балкани (20.00 часот)
Тимот од Андора е инфериорен во овој дуел против Балкани, косовскиот шампион кој две сезони по ред игра одлично во Европа. Сигурно дека мотивите се големи за триумф уште на првиот меч, а доколку Балкани постигне два гола при победата, квотата е сериозно добра.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.79)
6776 ТНС – Дечиќ (20.00 часот)
ТНС е редовен учесник во овие европски квалификации, најдобар тим во Велс и сигурно дека ќе се потруди да се наметне уште од стартот на дуелот против Дечиќ, шампионот на Црна Гора. Типот дека ТНС ќе води на полувреме и дека ќе победи на крајот од натпреварот нуди одлична квота.
Предлог тип: 1-1 (2.00)
6821 Шпанија – Франција (21.00 часот)
Битка за влез во големото финале. Секоја грешка ќе биде фатална. Шпанија е селекцијата која на ова Европско првенство го има најефективниот напад, но сега ќе се соочи со вистински бедем каков што има Франција. Тимот на Дешан знае да игра на резултат, сигурно дека ќе ги затвори сите приоди и се очекува овој натпревар да биде уште еден од нокаут-фазата со мал број погодоци или воопшто да ги нема во регуларниот тек.
Предлог тип: X2 & 0-3 (1.76)
6779 Виртус – ФЦСБ (21.00 часот)
Виртус е шампионот на Сан Марино и јасно е кој е фаворитот во овој дуел. Романскиот првак ФЦСБ речиси сигурно ќе оствари победа, но ако на натпреварот бидат постигнати и најмалку четири гола, тогаш ова може да биде сериозен тип на вашиот тикет.
Предлог тип: 2 & 4+ (1.75)