Нема посмешно оправдување зошто Вајлдер загуби од Фјури

Деонте Вајлдер го претрпе првиот пораз во кариерата откако во неделата рано наутро беше немоќен во дуелот против Тајсон Фјури. Американецот, кој имаше над 40 победи, загуби откако во седмата рунда луѓето од неговиот табор го фрлија пешкирот во рингот, што значеше дека нивниот пулен ја предава борбата. До тој момент, Вајлдер беше немоќен, а целиот во крв се обидуваше да се одбрани од нападите на Фјури.

Во првото интервју по поразот, Вајлдер даде смешно оправдување зошто ја загубил борбата. Тој ја посочи тешката маска која ја носеше на претставувањето како еден голем фактор за неуспехот да ја одбрани светската титула. За тоа како изгледаше доаѓањето на Вајлдер до рингот може да видите ТУКА.

„Воопшто не ме повреди маската, но факт е дека беше претешка за мене. Едноставно, не можев да ги чувствувам нозете пред почетокот на мечот. Во третата рунда нозете едноставно ми пропаднаа. Но, јас сум воин, луѓето знаат дека не се предавам. Дадов сѐ од себе, но знаев дека нозете не ги чувствувам поради тоа што униформата ми беше претешка. Ја пробав вечерта пред мечот и не мислев дека ќе биде толку тешка. Тежеше 20 килограми заедно со кацигата и батериите“, објасни Вајлдер, кој најави дека летоска може да има реванш.

- Оглас -

Најнови вести