Нема влез во Косово, автобусот сврте, Ѕвезда се враќа во Белград!

Екипата и стручниот штаб на Црвена ѕвезда излезе од автобусот на административниот граничен премин Јариње, им отпоздрави на навивачите кои ги придружуваа, се фотографираа со шалови Трепча и потоа се вратија назад и тргнаа на пат кон Белград. Со ова заврши драмата околу забраната за влез во Косово, каде што Црвено-белите требаше да играат со Трепча во 16-финалето на Купот на Србија.

Одлучено е средбата да се игра утре, и тоа во градот Стара Пазова, најверојатно од 14 часот.

Косовските власти забрануваат официјални мечеви во организација на Српскиот фудбалски сојуз на нивна територија, но и покрај тоа, ѕвездашите тргнаа кон преминот, во последен обид да влезат и да го одиграат мечот, како што беше планирано, во местото Житковац.

- Оглас -

Најнови вести