Невидено досега: Доби црвен картон поради погрешно изведен пенал (Видео)

Хрватскиот првак Динамо со 2:0 славеше над Истра, во меч на којшто имаше три црвени картони. Од сите три исклучувања, најнеобично беше тоа на Бруно Петковиќ.

Напаѓачот на Динамо требаше да изведе пенал во 90-тата минута. Петковиќ зеде краток залет, а пред да шутне, подзастана. Судијата процени дека тоа е неправилно изведен пенал и Петковиќ иако даде гол, не се израдува, туку доби исклучување.

Судијата го поништи погодокот и на Петковиќ му даде жолт картон. Тоа беше втор жолт картон за Петковиќ, што автоматски значеше негово исклучување.

До крајот на мечот, Стефан Ристовски даде гол за Динамо и на крајот фаворитот победи со 2:0. 

- Оглас -

Најнови вести