Ни се отвора патот за победа на стартот на СП, Шведска речиси со Б тим ќе игра во Египет!

Македонската машка ракометна репрезентација во последен момент доби шанса да настапи на Светското првенство во Египет, откако Чешка го откажа учеството, и прв противник утре од 20.30 часот ќе ни биде Шведска.

Шведска е фаворит во групата во која се и Египет и Чиле кои играат меѓу себе денеска на отворањето од 18 часот, но Швеѓаните нема да сметаат дури на деветмина стандардни репрезентативци, а имаат и селектор дебитант.

Швеѓаните на мегдан со нашите ракометари ќе се појават без Никлас Егберг, Јаспен Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон, Лукас Нилсон, сите тие се загрижени за своето здравје и не сакаа да одат во Египет, а ќе ги нема и повредениот голман Мајкл Апелгрен и заразените од корона-вирус Јагергрен и Линдског.

Од оние најискусните, против Македонија ќе се појават Џим Готфридсон и Хампус Ване. Имаат десетмина играчи кои првпат ќе играат на СП и тука е шансата на Македонија да се обиде да триумфира и во втората фаза да влезе со пренесена убава бодовна залиха.

Сето ова ни дава надеж дека Црвено-жолтите може да приредат изненадување, иако и нашиот селектор Данило Брестовац изостави некои од стандардните репрезентативци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести