Нов проблем за Милвоки, Лилард има потрес на мозокот

Кошаркарот на Милвоки бакс, Демијан Лилард, нема да игра на вечерашниот натпревар против Торонто во НБА-лигата бидејќи е внесен во медицинскиот протокол со потрес на мозокот.

Лилард оваа сезона во просек бележи 26 поени, со 6,6 скокови и 4,6 асистенции.

Милвоки бакс веќе играат без Крис Мидлтон, кој оваа сезона не настапува поради операција на двата глужда.

Натпреварот меѓу Милвоки и Торонто е дуел на најлошите екипи оваа сезона бидејќи Бакс имаат две победи и осум порази, додека Репторс имаат две победи и девет порази, а загубија четири последователни натпревари.

Тимот на Милвоки бакс навистина минува низ тешки моменти, составот со Јанис Адетокумбо, Демијан Лилард и Крис Мидлтон беше проектиран за врвот на Источната конференција, но не ја започна сезоната во НБА-лигата како што се очекуваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести