Нова жртва на непримерното однесување на Гобер – и првата ѕвезда на Јута има Корона

Американскиот репрезентативен бек Донован Мичел е вториот кошаркар од НБА-лигата кој има Коронавирус, а јасно е дека вирусот му бил пренесен од Руди Гобер. Францускиот центар кој пред два дена на невкусен начин се шегуваше со Коронавирусот, денеска беше објавено дека е позитивен на тестирањето.

Инаку, американските медиуми објавија дека кај Џезерите има незадоволство од невнимателноста на нивниот колега Гобер.

Тој воопшто не бил внимателен, имал близок контакт со играчите од Јута џез, им ги допирал и личните работи, па сега е објавено дека и Мичел има Коронавирус. Не треба да биде изненадување ако биде објавено дека уште некој кошаркар на тимот од Солт Лејк сити е заразен. Тестирани се 58 лица од Јута кои биле на гостувањето во Оклахома сити.

- Оглас -

Најнови вести