Гоберт само пред два дена се исмејуваше со Коронавирусот, а не знаел дека е заразен и којзнае колку луѓе сега инфицирал (Видео)

Мечевите во НБА-лигата се прекинати поради стравот од ширење на Коронавирусот, кој со силен интензитет пристигна и во САД. Руди Гоберт е првиот заразен НБА играч од Коронавирусот и токму поради тоа, челниците на НБА лигата решија да го стават првенството во мирување.

Кошаркарите и публиката во Оклахома беа збунети кога непосредно пред стартот на мечот против Јута им беше најавено дека натпреварот е одложен и дека сите треба да си заминат дома.

Гоберт, кој е првиот заразен НБА-играч, само пред два дена на прес-конференција ја исмејуваше болеста. Пред да си замине од прес-салата, Гоберт гестикулираше со рацете како да е заразен и како ништо да не смее да допре, а потоа намерно ги испофаќа сите микрофони во стилот дека ако е заразен, ете и другите да се заразат.

Кошаркарот тогаш не ни можел да помисли дека е носител на Коронавирусот, а само два дена подоцна е потврден како прв заразен. Страшното е тоа што сега тој може да има заразено многу луѓе бидејќи неговото движење често е во поголема група луѓе.

- Оглас -

Најнови вести