Нови медали блеснаа по настапите на Тоше и Габи Зафирови (Видео+Фото)

Ново натпреварување и нови медали за Тоше и Габи Зафирови, кои се македонска гордост во бодибилдингот. По златото освоено на „Будимпешта про“, овојпат Тоше стигна до среброто на „Словенија про“. Зафиров реши својот настап да го изведе во ритамот на песната „Море сокол пие“, во изведба на Тоше Проески.

„Јас вака си ја сакам мојата држава! Јас вака ја претставувам мојата држава! Јас вака си го сакам македонскиот народ! Јас вака си ја сакам македонската песна, култура, историја. Уживам во овие денови, го живеам својот сон“, напиша меѓу другото Зафиров на својот фејсбук-профил.

Освен Тоше, со медали се закити и неговата жена Габи, која освои два сребрени медали и еден бронзен медал за комплетирање на успешниот викенд во Словенија. Како и во Будимпешта и овојпат поддршка за Зафирови имаше од Sport Life обложувалниците, што е само доказ дека најдобрите секогаш се заедно.

 

- Оглас -

Најнови вести