Ново шоу на косовскиот селектор (Видео)

Англија го победи Косово со 5:3 во еден од најинтересните мечеви во квалификациите за Европското првенство. Гостите поведоа со 1:0, но потоа следуваа напади на Англичаните, па до полувремето резултатот веќе беше 5:1.

Нервозен поради тоа што неговите фудбалери многу лесно ги примија тие пет голови, селекторот на Косово, Бернард Шаланд, „збесна“. По петиот погодок на Англија, Шаланд почна да вика, да се лути и предвреме си замина кон тунелот за во соблекувалната. Сепак, кога Шаланд виде дека го снимаат камери, само за еден момент го промени изразот на лицето и почна да се смее.

Интересно е тоа што и пред почетокот на мечот, тренерот имаше „луда“ прес-конференција, која предизвика големо внимание, а може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести