Очајни се и немаат друго чаре – Навивачи на Челзи со петиција против судијата Тејлор, за еден час собраа 10 илјади потписи

Навивачите на Челзи се бесни и повлекоа очајнички потег со кој бараат судијата Ентони Тејлор никогаш повеќе да не му суди на нивниот омилен тим.

Веднаш по лондонското дерби против Тотенхем, што заврши 2:2, тие организираа онлајн-петиција и само за еден час собраа 10.000 потписи со барање Тејлор да не биде делегиран на мечевите што во иднина ќе ги игра Челзи.

Дербито беше исклучително возбудливо, имаше по два гола во двете мрежи, двајцата тренери Томас Тухел и Антонио Конте двапати беа на прагот на тепачка, па беа исклучени, а навивачите на домашниот тим објавија фотографии и видеа како аргументи дека Челзи е драстично оштетен при двата гола на Тотенхем.

Најпрво при голот на Емил Хојбјерг во 68-мата минута за 1:1, според нив Кај Хаверц бил фаулиран од Бентанкур.

При прославата на голот, Конте дојде блиску до Тухел и тогаш се случи првиот конфликт меѓу двајцата менаџери.

https://twitter.com/NoaTHkk/status/1558889402377687041?s=20&t=D9tCG16JhytEdFhaaROzbg

Потоа според симпатизерите на Челзи, и голот на Хари Кејн во 96-тата минута за конечни 2:2 не бил регуларен бидејќи претходно имало фаул од Ромеро над Кукурелја.

Покажаа и фотографија на која се гледа како играчот на Тотенхем непосредно пред голот го влече за коса бекот на Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести