Македонија уште во првото полувреме ќе даде гол против Полска

Македонија – Полска (20:45 ч.)

Нема многу дилеми. Нашата репрезентација е во одлична серија и има само еден пораз во последните 15 меча. Атмосферата во тимот е на високо ниво, оптимизам владее кај сите играчи, а фактот дека Македонија постигнала барем еден гол на осум од последните девет меча, ни дава право да се надеваме на радост на стадионот „Тоше Проески“.

Очекуваме храбар старт на мечот, а Горан Пандев и останатите во нападот да ги израдуваат сите наши навивачи со погодок уште во првото полувреме. За тоа каков ривал е Полска и целосна анализа на нивната игра, може да прочитате ТУКА.

Предлог тип: Т1 1+ пол. (2.90) – Квота на денот во Sport Life

 

Украина – Србија (20:45 ч.)

Овие две селекции досега имаат играно четири пати и тоа секогаш биле пријателски. Интересно е што Украина има неверојатна доминација и победи на сите четири натпревари, и тоа без да прими ниту еден гол. Две победи се со по 2:0 на домашен терен, а на гости Украинците се радувале на идентични триумфи од 1:0.

Сепак, Србија нема толку слаб состав за Украина да ја продолжи оваа доминација, па се очекува дека вечерва конечно ќе прекине таа низа, во меч на кој гостите треба да се израдуваа на првиот погодок, но и најмалку на освоен бод.

Предлог тип: Х2&2+ (2.30) – Квота на денот во Sport Life

 

Австрија – Словенија (20:45 ч.)

Меч од групата каде што е и Македонија. По првите две кола, двете селекции се без победа. Словенија има две ремија, а Австрија е со порази од Полска и Израел. Ако сакаат домаќините да се вмешаат во трката за првите две места, ќе мора да почнат да освојуваат бодови.

Австрија ја има фаворитската улога, но Словенија има една неверојатна низа од пет меча на кои резултатот бил 1:1. Затоа не смее да се потценат гостите.

Предлог тип: 1X&ГГ (2.65) – Квота на денот во Sport Life

 

Црна Гора – Косово (20:45 ч.)

Кога има соседско дерби, секогаш е неизвесно. Црна Гора на последниот меч загуби со 1:5 од Англија, додека гостите се во неверојатна низа. Косово нема пораз цели 13 средби по ред. Двете екипи најавуваат дека ќе играат офанзивно и дека се подготвени да ги освојат трите бода. Тоа е само еден добар предуслов за погодоци во двете полувремиња.

Повеќе за дуелот Црна Гора – Косово прочитајте ТУКА.

Предлог тип: 1-3&1-3 (2.07)

 

Данска – Ирска (20:45 ч.)

Ирска игра неуверливо во квалификациите, но стигнува до посакуваната цел. Две победи од по 1:0 против аутсајдерите Гибралтар и Грузија за максимални шест бода. Данска одигра само еден меч, и тоа на гости кај Швајцарија, кога во неверојатна завршница даде три гола во периодот од 84-тата минута до крајот, па негативата од 3:0 ја претвори во реми 3:3.

Три од последните четири меѓусебни дуели завршиле без голови.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.73)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести