Од херој во трагичар: Алиоски го спаси Лидс од пораз, но промаши во лудиот пенал-рулет на „Еланд роуд“ (видео)

Езѓан Алиоски за помалку од пет минути од херој се претвори во еден од трагичарите на Лидс јунајтед во елиминацијата од Хал сити во второто коло од Лига купот на Англија.

Македонскиот репрезентативец прво го спаси од пораз тимот на Марсело Бјелса во судиското надополнување, кога погоди за 1-1, па беше втор играч од Лидс кој ја доби одговорноста да изведува пенал во рулетот, а неговиот обид заврши во дирекот.

Лудиот пенал-рулет траеше дури 10 серии бидејќи за гостите претходно промаши Којл, а Шеклтон не одговори на предизвикот за второ промашување на Лидс, па Хал славеше со 10-9 за пласман во следната фаза.

https://streamable.com/a3kw6d

Резултати второ коло во Лига Купот на Англија:

ВБА 3-0 Харогејт

Ипсвич 0-1 Фулам

Бристол сити 4-0 Нортамптон

Саутхемптон 0-2 Брентфорд

Евертон 3-0 Салфорд

 

- Оглас -

Најнови вести