Официјално: Барселона го купи Нето за 26+9 милиони евра

Барселона официјално потврди дека бразилскиот голман Нето е нов нивен член. Нето доаѓа од Валенсија, а трансферот е 26 милиони евра, со тоа што сумата може да се зголеми за уште девет.

Барса всушност направи голманска трампа со Валенсија. Во Валенсија за 30 милиони замина резервниот голман Јаспер Силесен. Во шпанскиот првак нема дилема дека Тер Штеген останува прва опција, но се осигураа со уште еден квалитетен чувар на мрежата, кој ќе чека шанса од позадина.

Нето беше прв голман на Валенсија во претходните сезони, и верува дека трансферот во Барселона му е чекор напред во кариерата, иако е свесен дека доколку Германецот Тер Штеген е здрав, Нето ќе ја грее клупата на најголем дел од натпреварите.

Фановите на Барса со нетрпение го очекуваат 1 јули, кога клубот треба да потврди дека нивни членови станале Френки Де Јонг, и она што го чекаат, Антоан Гриезман.

- Оглас -

Најнови вести