Официјално: Суарес е нов играч на Атлетико Мадрид

Луис Суарес го комплетираше трансферот во Атлетико Мадрид од редовите на Барселона, откако искусниот голгетер претходно денеска ги помина медицинските прегледи и стави потпис на двегодишен договор.

Суарес по шест години си замина од „Камп ноу“ како трет најдобар стрелец во клупската историја на Барселона, а во наредните две сезони ќе игра под палката на Диего Симеоне. Иако се очекуваше Суарес да биде нов член на италијанскиот првак Јувентус, проблемите со италијанското државјанство го спречија тој трансфер, па така некогашната ѕвезда на Ливерпул одлучи да остане во Ла Лига.

Суарес ќе биде првата опција во нападот на Јорганџиите по заминувањето на Алваро Мората, а наскоро се очекува во Мадрид да пристигне неговиот репрезентативец партнер во нападот, Единсон Кавани, ексфудбалерот на ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести