Македонскиот олимписки комитет и официјално ја поддржа иницијативата на ФК Вардар за именување на јужната трибина на Националната арена по легендата на македонскиот фудбал – Васил Рингов.
Како што објави извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, клубот добил допис од претседателот на МОК, Даниел Димевски, во кое меѓу другото се вели:
„Ве известуваме дека Македонскиот олимписки комитет целосно се согласува и безрезервно ја поддршува вашата иницијатива за именување на јужната трибина на Националната арена Тодор Проески по една од најистакнатите фудбалски легенди на Македонија – покојниот Васил Рингов.“
Воедно поддршката од МОК е прва официјална за иницијативата на ФК Вардар, а во меѓувреме критики за ваквата идеја пристигнаа од Битола, од каде не се согласуваат јужната трибина да се нарекува „Васил Рингов“.

