Откриено зошто 16-годишниот ултраталент заигра за Барселона, а Реал давал повеќе пари

Барселона го победи Бетис, а покрај блесокот на Антоан Гриезман, мечот ќе биде запамтен и по Ансумане Фати. Ова име досега беше непознато во светскиот фудбал, но кога 16-годишниот ултратанентиран играч се појави да влезе како замена на дуелот на „Камп ноу“, јасно е дека се работи за играч за кого допрва ќе се зборува.

Фати само со 16 години и 298 дена си го оствари сонот да заигра во еден од најголемите клубови во светот, иако на теренот не се задржа повеќе од петнаесетина минути. Помлад од него бил само Виценс Мартинез во далечната 1941 година, кога дебитирал на 16 години и 280 денови.

Таткото на Ансумане, Бори Фети, откри дека Реал Мадрид давал повеќе пари за неговиот син, но тие одлучиле да заминат на „Камп ноу“.

„Реал Мадрид нудеше подобар договор, но од Барселона имаа подобар пристап. Луѓето од Барселона дојдоа кај мене дома, седнавме и разговаравме. Ме уверија дека Барселона е вистинскиот избор. Многу ми се допадна таквиот начин на договор“, открива таткото Бори, кој едноставно не можел да верува дека неговиот син на 16 години ќе заигра во првиот тим на Барселона.

Иако Ансумане е роден во Гвинеја Бисао, желбата на тинејџерот е да заигра во репрезентацијата на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести