Ова беше полудо финале и од тоа на СП во Катар, голови паѓаа во 90+10, 116, 119 и 120+2 минути (Видео)

Репрезентацијата на Ирак е освојувач на Гулф купот откако во неверојатно драматично финале, со 3:2 по дури 120 минути игра го победи Оман. Ништо не најавуваше дека ова ќе биде едно од најдраматичните финалиња во историјата на фудбалот.

https://twitter.com/i/status/1616157373546254341

Ирак поведе во 24-тата минута, а Оман промаши пенал за израмнување во 82-рата минута. Сепак, Оман успеа да израмни, и тоа со гол од пенал во 10-тата минута од судиското надополнување, па резултатот беше 1:1 и мораше да се играат продолженија.

Ирак повторно поведе со гол во 116-тата минута и речиси никој не веруваше дека Оман ќе може по вторпат да се израмни.

https://twitter.com/i/status/1616143841110949890

Во 119-тата минута Оман погоди за 2:2 и речиси сите очекуваа тоа да е конечен резултат, па победникот да се решава на пенали. Сепак, во 120+2 минута, Јонес со гол постигнат со глава донесе голема радост за навивачите на трибините на стадионот во Басра во Ирак.

https://twitter.com/i/status/1616146349849706517

Ова епско финале имаше и предигра откако неверојатен беше интересот на домашните фанови да бидат на трибините и во живо да бидат сведоци на овој дуел. Навивачите беа на трибините неверојатни 10 часа пред да почне средбата, стадионот беше преполн, а пред стадионот останаа уште двојно повеќе навивачи.

Во стампедото кое беше направено пред влезот на стадионот имаше над 60 повредени, а се стравуваше дека има и жртви.

- Оглас -

Најнови вести