Ова ќе потрае – Хамилтон му одговори на тимот на Ред Бул

Луис Хамилтон не се чувствува за виновен за инцидентот со Макс Ферстапен на трката во Силверстон за Големата награда на Велика Британија, а по нападот од таборот на Ред Бул има и одговор.

„Бев зад него и не ми даваше простор за да го минам. Не направив ништо недозволено и не сакав да дозволам никој да ми застане на патот на победата, интонирањето на химната и кревањето на британското знаме“, изјави Хамилтон, кој побара да се смират страстите.

Претходно шефот на екипата на Ред Бул го обвини директно Хамилтон дека исклучиво тој е виновник за инцидентот и сударот со Ферстапен во првиот круг на трката во Силверстон.

Болидот на Ферстапен беше целосно уништен, а лидерот во Генералниот пласман замина во болница и не ја продолжи трката.

Хамилтон беше казнет со 10 секунди, но и покрај тоа успеа прв да мине низ целта и да ја намали предноста на Ферстапен на само 8 поени.

„Сега не ни треба тензија. Повикувам сите да ги смириме страстите и да продолжиме нормално на следните трки. На шефот на тимот на Ред Бул нема потреба ништо да му одговарам“, додаде Хамилтон.

Многумина, меѓу нив и Ферстапен му замерија на актуелниот шампион дека претерал со славјето по трката, во ситуација кога имаше голем инцидент уште во првиот круг, по кој главниот конкурент не можеше да продолжи да се натпреварува.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести