Оваа петиција е смешна, и Белгијците бараат преигрување на мечот со Италија!

Белгиските фанови лесно го прифатија поразот од Италија, па почнаа и да се шегуваат по социјалните мрежи барајќи да почне потпишување на петиција и преигрување на тој меч, како што правеа Французите по поразот од Швајцарија. За разлика од Французите, кои беа сериозни и наведуваа судиска грешка во барањето (наводно голманот Зомер не ја газел гол-линијата пред да го одбрани пеналот на Мбапе), Белгијците бараат преигрување, за повторно нивната репрезентација да загуби.

„Треба повторно да се игра четвртфиналето со Италија и повторно да загубиме. Загубивме од најсилниот противник, треба уште еднаш да се докаже колку подобри беа тие од нас“, стои во предлогот на белгиските фанови кои се шегуваат на сметка на француските фанови кои учествуваа во петицијата.

- Оглас -

Најнови вести