-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026
Дома Blog Страница 10307

Овој Британец со косилка има 104 „настапи“ во ЛШ

Британецот Пол Барџес, кој е еден од најголемите стручњаци на светот за одржување на фудбалски терени, а моментно вработен во Реал Мадрид, вечерва од 21 часот го очекува својот 104-ти меч во Лигата на шампионите.

Барџес на социјалните мрежи се пофали дека ова ќе му биде 19-та сезона во Лигата на шампионите. Откако е во Реал, тревата на „Сантијаго Бернабеу“, и претходно во Лондон, за мечеви од елитното европско натпреварување ја подготвувал 104 пати.

„Вечерва кога на теренот ќе излезе актуелниот европски првак и играчите на клубот кој Лигата на шампиони ја освоил неверојатни 13 пати, тоа ќе биде старт на мојата 19-та сезона по ред, односно 104 меча од ЛШ за коишто го подготвувам теренот за најдобрите фудбалери на светот. Се радувам за новата силна сезона“, напиша Барџес, кој претходно работеше во Арсенал.

Вардар ќе мора да се вади во Ѓорче

Вардар и Македонија Ѓорче Петров одиграа 1-1 во единствениот прволигашки двобој од осминафиналето во Купот на Македонија. Реваншот се игра на трети октомври, кога домаќини ќе бидат „лавовите“. Македонија поведе во 14-тата минута со голот на искусниот Кировски, а Вардарци изедначија во 72-рата минута.

Струмичките екипи беа доста расположени и најверојатно ќе одат во четврт-финалето. Академија Пандев ја разби Брегалница во Штип со 6-2, додека Беласица славеше во Битола кај Пелистер со 2-0.

Од домашните тимови, славеше само Шкендија, и тоа против амбициозниот Кит-Го. Шкендија е бранител на трофејот во ова натпреварување.

Куп на Македонија, осминафинале, (први натпревари): Брегалница – Академија Пандев 2-6, Скопје – Силекс 0-2, Гостивар – Победа 1-2, Пелистер – Беласица 0-2, Шкендија – Кит-Го Пехчево 2-0, Тиквеш – Работнички 0-1, Вардар – Македонија Ѓ.П. 1-1. Кораб е слободен.

Надал му го нуди првото место на Ѓоковиќ

Најдоброрангираниот тенисер на светот Рафаел Надал поради повреда на коленото, нема да игра на наредните два важни турнири во Кина и со тоа ќе загуби огромен број поени (1.100).

Рафа има 1.860 поени повеќе од вториот Роже Федерер и 2.315 од третиот Новак Ѓоковиќ. Србинот лани не играше во Пекинг и Шангај, па може само да го зголеми своето салдо. За да го престигне Надал, на популарниот Ноле му требаат 1.215 поени (ако ги освои двата турнири, ќе собере 1.500 поени) од овие два турнири во Кина.

Сепак, тука се прашува и Федерер. Швајцарецот лани освои 1.000 поени во Шангај, но не играше во Пекинг, па таму ќе биде во плус.

Надал најавува дека на теренот ќе се врати на парискиот Мастерс кон крајот на октомври. Сепак, отсуството во следниот месец скапо ќе го чини и може да го загуби врвот на светската ранг-листа. Федерер и особено разиграниот Ѓоковиќ имаат можност да го преземат тронот.

Можни состави ЛШ: Лопетеги со сите сили ќе ја атакува Рома, Жесус ќе ги предводи „граѓаните“

Стартот на Лигата на шампиони донесе многу возбудувања, но и изненадувања. Меси уште од првиот ден најави дека Барса е подготвена да се врати на врвот, со хет-трик го реши ПСВ. Фирмино стави дознаење дека фудбалот во Ливерпул се игра додека судијата не означи крај, па им пресуди на „светците“. Црвена звезда покажа дека ќе биде „тврд орев“ за сите противници, одолеа на нападите на Наполи и ја сочува својата мрежа пред преполната „Маракана“.

Возбудувања се очекуваат и вечерва, а вниманието ќе биде свртено кон Реал Мадрид, бранителот на тројфејот, и Јувентус, односно Кристијано Роналдо, од кого се очекува да блесне против Валенсија како Меси вчера против холандскиот првак.

Сите можни состави за вечерва:

Група Е

Ајакс – АЕК Атина

Ајакс: Онана, Талјафико, Де Лигт, Блинд, Мазрауи, Шуне, Де Јонг, Зиеч, Нерес, Хунтелар, Тадиќ. Не играат: Банде, Долберг, Велтман.

АЕК: Баркас, Бакакис, Оиконому, Лампропулос, Хулт, Рогриго Гало, Симонес, Галанопулос, Манталос, Клоранидис, Понс. Не играат: Бакасетас, Боје, Хелдер Лопес, Ливаја.

Бенфика – Баерн Минхен

Бенфика: Влачодимос, Грималдо, Жардел, Рубен Диас, Алмеида, Фејса, Гедсон Фернандес, Пици, Серви, Салвио, Сеферовиќ. Не играат: Корча, Ебуехи, Фереира, Жонас, Кровиновиќ.

Баерн Минхен: Нојер, Кимих, Боатенг, Хумелс, Алаба, Милер, Мартинез, Тијаго, Рибери, Робен, Левандовски. Не играат: Коман, Рафиња, Толисо, Горецка.

Група Ф

Шахтар Доњецк – Хофенхајм

Шахтар: Пјатов, Бутко, Кочолава, Ракитски, Исмаили, Патрик, Степаненко, Марлос, Тајсон, Болбат, Мораеш.  Не играат: Дентињо, Одрец, Велингтон Нем, Кајоде.

Хофенхајм: Бауман, Нордвеит, Вогт, Пош, Кадерабек, Битенкурт, Грилич, Зубер, Шулц, Крамариќ, Залаи. Не играат: Амири, Бичакчиќ, Демирбај, Белфодил, Бренет, Гајгер, Хебнер, Нуху, Руп.

Манчестер сити – Олимпик Лион

Манчестер сити: Едерсон, Стоунс, Компани, Лапорт, Вокер, Фернандињо, Давид Силва, Сане, Стерлинг, Жесус, Бернардо Силва. Не играат: Браво, Де Бруин, Мангала, Агуеро, Менди.

Лион: Лопес, Рафаел, Марсело, Денајер, Менди, Ндомбеле, Тусар, Оуар, Фекир, Дембеле, Депај. Не играат: Гуири, Марчал

Група Г

Викторија П’лзењ – ЦСКА Москва

П’лзењ: Козачик, Резник, Хејда, Хубник, Лимберски, Хрошовски, Хорава, Екпаи, Чермак, Копич, Крмечик. Не играат: /

ЦСКА: Акинфеев, Фернандес, Бекао, Чернов, Набабкин, Ефремов, Џагоев, Влашиќ, Облијаков, Чалов, Замалетдинов. Не играат: Бистровиќ, Ернандез, Косонов, Кучаев, Магнусен, Макаров, Васин.

Реал Мадрид – Рома

Реал: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Касемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Иско, Бензема. Не играат: /

Рома: Олсен, Флоренци, Манолас, Фацио, Коларов, Нзонзи, Де Роси, Заниоло, Ундер, Џеко, Ел Шарави. Не играат: Чориќ, Пасторе.

Група Х

Валенсија – Јувентус

Валенсија: Нето, Пикини, Диакаби, Габриел, Гаја, Солер, Парехо, Вас, Гуедеш, Родриго, Батшуаји. Не играат: Кокелан, Кондогбиа, Гарај, Мурило.

Јувентус: Шчешни, Кансело, Бонучи, Кјелини, Сандро, Кедира, Пјаниќ, Матуиди, Бернардески, Манџукиќ, Роналдо. Не играат: Спиназола / можеби не играат: Барзаљи, Дибала, Де Шиљо.

Јанг бојс – Манчестер јунајтед

Јанг бојс: Вон Балмус, Мбабу, Вутрич, Вон Берген, Бенито, Фасначт, Саного, Со, Сулејмани, Асале, Хорау. Не играат: Лотомба, Тешеира.

Манчестер јунајтед: Де Хеа, Далот, Смолинг, Линделоф, Шо, Погба, Матиќ, Фред, Рашфорд, Лукаку, Санчез. Не играат: Џоунс, Рохо, Ерера.

Два натпревари ќе започнат во 18:55 часот, додека останатите шест се закажани во терминот од 21 часот. Последните промени од мечевите ќе можете да ги следите во живо на нашата веб – страница СПОРТ МАНИЈА.мк

Адетокумбо имал понуда да игра за Шпанија

Пред шест години, Шпанската кошаркарска федерација му понудила на тогашниот екстра талент Јанис Адетокумбо да игра за „црвената фурија“, откри менаџерот на ѕвездата на Милвоки бакс. Според агентот Јоргос Пану, Адетокумбо кога има 18 години, имал понуди да игра за Шпанија и Нигерија, но решил да чека повик од Грција.

„Јанис до последен момент чекаше грчки пасош и повик од грчкиот селектор. Иако е роден во Атина, немаше право на грчко државјанство бидејќи е дете на имигранти од Нигерија. Поради тоа, ситуацијата сакаа да ја искористат Нигерија и Шпанија, кои му нудеа пасоши. Но, желба му беше да игра за Грција и одлучи да чека“, вели Пану.

Менаџерот Пану беше жестоко критикуван од Грчката федерација што го советува Адетокумбо да не игра на Светското првенство следната година. Адетокумбо не играше во квалоификациите за СП 2019, ниту на Евробаскетот 2017, но се појави во 2016, кога иако доби договор од 106 милиони долари, ризикуваше и играше во квалификациите за Олимписките игри.

„Менаџерите се паразити. Како може тие да одлучуваат дали Јанис ќе игра на СП?“, изјави Јоргос Василакопулос, кој е претседател на Кошаркарската федерација на нашиот јужен сосед.

Алегри: Една грешка може да биде фатална за нас

Јувентус сезонава цели високо во Лигата на шампионите. Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, тие се наметнаа меѓу главните конкуренти за титулата, но уште на стартот од групната фаза ги очекува тежок дуел против Валенсија, додека во групата Х заедно се со Манчестер јунајтед и Валенсија.

Предводникот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, пред мечот со „лилјаците“ вели дека неговите фудбалери мора да одиграат перфектно на тешкото гостување доколку сакаат на крајот од средбата да се радуваат на победа.

„Во Шпанија доаѓаме во добра форма, со четири победи од првенството, но тоа не треба да значи дека и против Валенсија ќе издвоиме позитивен резултат. Валенсија има доста искуство во ова натрпеварување, ќе сака да оди што подалеку, исто како и ние. Сигурен сум дека и тие ќе сакаат да тргнат со победа, особено што играат против нас пред нивна публика, на нивен терен, каде што воопшто не е лесно да се освојат бодови. Една грешка може да биде фатална за нас, да не чини триумф, затоа мора да одиграме на високо ниво, да не речам перфектно“, истакна Алегри пред мечот.

Натпреварот Валенсија – Јувентус е предвиден за вечер, со почеток од 21 часот.

Сопственикот на Дуделанж порачува: Не се плашиме од смртта, а не па од Милан!

До неодамна за Луксембург се веруваше дека е земја во која играат само фудбалери-аматери, но екипата на Дуделанж докажа дека тоа не е  точно. Малиот клуб од Луксембург успеа да стигне до групната фаза од Лигата на Европа и веќе се подготвува за дебитантскиот настап.

Да биде совршено, Дуделанж на свој терен за противник го има некогашниот седумкратен европски првак Милан. „Росонерите“ се апсолутни фаворити, но претседателот на Дуделанж не сака да се предаде предвреме.

„Луѓето постојано ми ѕвонат и ми бараат билети за мечот. Сите сакаат да го гледаат Милан, но, за жал, им го давам истиот одговор – карти веќе нема. Стадионот ќе биде полн. Годинава за првпат сме во групната фаза, откако претходно неколку пати бевме многу блиску до таков успех. Како клуб кој доаѓа од Луксембург, често пати немавме фер судење, но и така успеавме да стигнеме до Лигата на Европа. Сега треба да уживаме. Ни доаѓа Милан и можам да кажам дека не се плашам од смртта, а не па од Милан“, вели првиот човек на Дуделанж, Флавио Бека.

Дуелот меѓу Дуделанж и Милан се игра утре, со почеток во 21 часот.

 

Рибери го знае патот до титулата: Само да бидеме здрави

Поранешниот францускиот репрезентативец Франк Рибери верува во своите и во квалитетите на соиграчите на Баерн, а целта да се освои европската круна по пауза од шест години е остварлива само под еден услов, вели одличното крило.

„Лани не сардисаа повреди и тоа беше клучниот фактор да не успееме да стасаме до врвот на Европа. Посакувам само да нема повреди, во другото сум убеден. Знам дека имаме квалитет за титулата во ЛШ“, изјави Рибери.

Рибери и Робен, или популарното дуо „Робери, се како старо вино и сè уште се неприкосновени на двете крилни позиции во Баерн. Рибери има 35 години, една повеќе од Робен, а искуството на дуото е непроценливо во вакво натпреварување.

Баерн и пред почетокот на премиерниот меч во ЛШ, вечерва во Лисабон против Бенфика има сериозни кадровски проблеми, па оттаму јасно е зошто Рибери посакува што помалку повреди. Надвор од редовите се Коман, Рафиња, Хумелс и Толисо, а неизвесен е и настапот на Горецка. Мечот ќе се игра од 21 часот.

 

Сè што треба да знаете за денешните мечеви во ЛШ

АЈАКС – АЕК (18.55 ч.)

Грците нема што да бараат во Амстердам

АЕК за прв пат по 2006 година е дел од групната фаза. Грците немаат речиси никаква историја во ЛШ, за разлика од Ајакс, кој е четирикратен европски првак. Тимот од Амстердам е во одлична форма и нема пораз од 15-ти април (11 победи и три нерешени).

Искусните Клас-Јан Хунтелар и Душан Тадиќ се во гол-форма, а тоа сигурно нема да ги радува Грците. Тадиќ има шест гола на последните осум меча, а Хунтелар погоди шест пати на четирите последни натпревари.

АЕК ги има загубено сите претходни пет гостувања во Холандија, па ништо поразлично не се очекува да биде и вечерва.

Предлог тип: 1 & 2-3 гола (2.80)

 

ШАХТАР – ХОФЕНХАЈМ (18.55 ч.)

Дебитантот одбра лошо место за сефте

Дуел на две екипи кои негуваат напаѓачки фудбал. Главен адут на Шахтар се Бразилците, кои ги има шестмина во составот. Украинците се речиси редовни во елитата, додека за Хофенхајм ова ќе биде дебитантски меч во групна фаза од ЛШ.

Не само што досега немаат одиграно ниту еден меѓусебен меч туку и Хофенхајм прв пат за ривал има тим од Украина. За гостите овој меч е во лош момент, бидејќи дури седуммина фудбалери сигурно нема да играат, а двајца се неизвесни. И кај Шахтар ќе фалат Бразилците Дентињо и Велингтон, но имаат соодветни замени.

Шахтар е многу силен дома (иако не игра на матичниот стадион н.з.), а тоа го покажа и ланската сезона во ЛШ, кога ги доби сите четири меча, и тоа против ривали какви што се Наполи, Манчестер сити, Феенорд и Рома.

Предлог тип: 1-1 (3.10)

 

БЕНФИКА – БАЕРН МИНХЕН (21 ч.)

Кога играат во Лисабон, ремито е загарантирано

Бенфика уште ја чека првата победа против Баерн Минхен. Во претходните шест меча има три ремија и три порази. Интересно е што сите три нерешени се на теренот во Португалија. Баерн во Лисабон нема пораз на пет гостувања.

Според составите, традицијата и играта, Баерн е фаворит, но во тимот на Нико Ковач има неколку повредени. Коман, Толисо, Алкантара и Рафиња се повредени, а во екипата се враќа Рибери. И без повредените, Баерн има играчи кои треба да одговорат на предизвикот.

Бенфика лани имаше очаен настап во ЛШ и ги загуби сите шест средби. Португалците сега веруваат дека уште против Баерн може да стигнат до бод, а посебно ги радува фактот дека Баерн на последните 14 гостувања секогаш прима барем по еден гол.

Предлог тип: 2-3 гола (2.10)

 

МАНЧЕСТЕР С. – ОЛИМПИК ЛИОН (21 ч.)

Сити да ја оправда улогата на прв фаворит

Манчестер сити никогаш не играл ниту во финалето на ЛШ, а сезонава е прв фаворит за трофејот. Тоа е така поради играчите кои ги има и поради формата во која е екипата на Пеп Гвардиола.

Мангала и Де Бројне се повредени кај домаќините, а Марсел и Гуири нема да играат за Лион. Според традицијата, Лион е почесто во Европа, но тоа нема да има некоја улога вечерва. „Граѓаните“ негуваат офанзивен фудбал, а и Лион повеќе сака да нападне отколку да се брани.

Двата клуба лани ја поминаа групната фаза, што покажува дека се работи за квалитетни состави, па и затоа може да се очекува беспоштедна битка на градскиот стадион во Манчестер.

Предлог тип: 1&4+ (1.97)

 

ВИКТОРИЈА П’ЛЗЕЊ – ЦСКА МОСКВА (21 ч.)

Мини-болницата во ЦСКА е шанса за домаќинот

Овој пар можеби повеќе звучи како средба од Лигата на Европа, но ова ќе биде нивна трета битка во последните пет години во ЛШ. Во 2013 година беа во истата група, а тогаш секој клуб си ја искористи предноста на домашен терен за да победи.

Делува изненадувачки, но П’лзењ ги има добиено последните шест меча на свој терен во европските натпреварувања. Домаќините немаат никакви пролбеми околу составот, додека ЦСКА ќе биде без четворица повредени, а двајца се неизвесни.

Предлог тип: 0-2 гола (1.71)

 

РЕАЛ МАДРИД – РОМА (21 ч.)

Реал сака „кралска“ претстава

Дербито на денот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Реал три сезони по ред е освојувач на ЛШ, а Рома е полуфиналист од минатата сезона. Кралскиот клуб е најтрофеен во ЛШ, но за неговиот тренер Хулен Лопетеги ова ќе биде дебитантски настап во елитата.

На претходните 10 меѓусебни средби, Реал се радувал шест пати, а Рома победила на три дуели. Без Кристијано Роналдо во тимот, Бејл и Бензема се тие кои треба да ја преземат одговорноста да даваат голови за Реал.

Рома најавува формација 4-3-3, што значи дека нема да се брани, па може да се очекуваат голови.

Предлог тип: 3-5 гола (1.67)

 

ВАЛЕНСИЈА – ЈУВЕНТУС

Роналдо повторно е во Шпанија, таму му „лежи“ да дава голови

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, италијанскиот првак влезе меѓу главните фаворити за трофејот. Португалската ѕвезда три меча се мачеше да даде гол за „старата дама“, но во вистински момент проработи. Погоди два пати во победата над Сасуоло, а сега верува дека низата ќе продолжи и во ЛШ.

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 125 погодоци. Дополнителен мотив за него сигурно ќе биде и фактот дека синоќа Лионел Меси даде хет-трик за Барселона, па сега сите очекуваат тој да возврати со иста мерка.

Предлог тип: 2&3+ (3.40)

 

ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

„Црвените ѓаволи“ треба да се радуваат против дебитантот

Швајцарскиот Јанг бојс ќе ја има честа на свој терен да дебитира во групната фаза од ЛШ, и тоа против Манчестер јунајтед. Самиот пласман на Јанг бојс меѓу најдобрите 32 екипи е голем успех.

Швајцарците немаат никогаш играно против Манчестер, а кога се работи за дуели со англиски екипи, имаат биланс од една победа, реми и четири порази. Манчестер е голем фаворит, но треба да алармира фактот дека „црвените ѓаволи“ ги загубија последните две средби во Швајцарија.

Предлог тип: 2&2-3 гола (3.35)

Франк де Бур: АЕК залудно дојде, Ајакс ќе победи со 3-0

Грчкиот шампион АЕК се враќа на големата сцена, по 12 години пауза, повторно ќе игра во Лигата на шампионите, но според Франк де Бур, Грците залудно доаѓаат во Амстердам.

„Ајакс ќе победи со 3-0 бидејќи е многу подобар тим од АЕК. Мислам дека имаме шанси и за второто место во групата, бидејќи и Бенфика не е непобедлива“, изјави поранешниот капитен на Ајакс.

Тој го предводеше тимот пред 14 години против АЕК на двата меча во фазата по групи и тогаш популарните „копјаници“ славеа два пати, на гости со 2-1 и дома со 2-0. Грците потоа повторно играа во ЛШ, две години подоцна, и тоа им беше последен настап до овој што ќе го почнат со гостување во Амстердам, вечерва од 18.55 часот.

Во групата со Ајакс, АЕК и Бенфика, главен фаворит за првото место е германскиот гигант Баерн Минхен.