Дома Blog Страница 10548

Забегана работа: Девојче го обвиткаа со факели да им помогне да ги прошверцуваат на стадион (Видео)

Работите дефинитивно се излезени од контрола во Буенос Аирес, каде уште се чека дали ќе се одигра реванш мечот од финалето на Купот Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс. Мечот требаше да започне пред повеќе од еден час, но засега е одложен, откако играчите на Бока беа нападнати при влегувањето на стадионот „Монументал“.

Навивачи на Ривер со солзавец и тврди предмети го нападнаа автобусот, при што беа повредени неколку играчи. Поради тоа мечот беше одложен за еден час, но и по тој поминат час уште не е започнат дуелот. Најновата информација е дека стартот е закажан за 23:15 часот.

За тоа како навивачите на Ривер се подготвувале за дуелот, покажува една снимка на која навивачка на овој клуб користи мало девојче да прошверцува поголемо количество на факели на стадионот. На телото на девојчето се залепени факелите, со надеж дека тоа нема да биде претресано при влезот на стадионот.

И Анри се израдува на победа – Ремек-дело на Фалкао за триумф на Монако

Радамел Фалкао постигна прекрасен гол од слободен удар, доволен за победа на Монако против Каен, прва откако Тјери Анри е тренер на клубот од кнежевството.

Во 55. минута голманот на Каен, Самба воопшто не мрдна на гол-линијата, по велемајсторскиот удар на Фалкао, а тој момент го реши и победникот.

Анри немаше победа на пет меча по ред, откако за првпат е тренер во некој клуб, а Монако беше во страшна криза. Се уште се претпоследни со само 10 бода на 14 натпревари, но победата вечерва против Каен им дава надеж дека ќе побегнат од зоната за испаѓање.

Играчите на Бока смртно исплашени, но ќе мора да играат во 23:15 часот (Видео)

Ново одложување на реванш мечот од финалето во Купот Либертадорес, но најавено е дека вечерва ќе се знае новиот првак на Јужна Америка. Според најавите, новиот термин за старт на мечот е 23:15 часот. Иако играчите на Бока јуниорс се смртно исплашени од тоа што го доживеаа при влезот на стадионот „Монументал“, сепак ќе мора да играат.

Дури и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино имал состанок со челниците на КОНМЕБОЛ и претседателите на двата клуба, на кое било потенцирано дека мора вечерва да се игра поради телевизиските реклами кои се платени. Доколку Бока одбие да игра вечерва, Ривер автоматски ќе ја добие шампионската титула.

Тројца играчи на Бока беа повредени по нападот на автобусот на гостите. Најлошо помина капитенот Пабло Перез кој мораше да оди во болница, каде биле констатирани повреди на левото око. Тој вечерва сигурно нема да игра, што секако е голем хендикеп за гостите.

 

 

Суперкласико одложено за еден час, тројца играчи на Бока завршија во болница (Фото+Видео)

Тројца играчи на Бока јуниорс побарале лекарска интервенција, откако навивачи на Ривер Плата им го нападнаа автобусот и потоа ги испрскаа со спреј, а Суперкласико е одложено за еден час.

Наместо во предвиденото време, 21 часот, големото аргентинско дерби меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс би требало да почне во 22 часот, но има вистински хаос во Буенос Аирес.

„Ел Монументал“ е полн, капацитетот од 70 илјади гледачи е максимално пополнет, но имаше немили сцени пред почетокот на реванш финалниот меч во Копа Либертадорес.

Навивачи на Ривер го нападнаа автобусот на гостите и потоа ги прскаа со спреј фудбалерите на Бока јуниорс, а тројца од нив побарале лекарска помош и биле пренесени во болница.

Седмица на „Ауф Шалке“ арена – Шалке го потопи Нирнберг

Шалке 04 имаше одлично загревање за гостувањето кај Порто, во среда во меч од Лигата на шампионите, а премиерата мина со пет гола во мрежата на Нирнберг.

Домаќините ја кренаа атмосферата на „Ауф Шалке“ арената на максимум со ефикасна игра и пет гола во мрежата на Матенија и на Бредлоу.

По головите на Скржибски и на Харит беше заменет голманот на Нирнберг, но и тоа не помогна. Бредлоу прими уште три гола, стрелци за Шалке беа и Бургшталер, повторно Скржибски и Оципка, за убедлив триумф.

Нирнберг од 67. минута играше со десет играчи по исклучувањето на Бауер, а головите за гостите ги постигнаа Паласиос- Мартинес и Жрелак.

 

Тач-даун на Сон на Вембли – Тотенхем му зема мерка на Челзи (Видео)

Хјеонг Мин Сон постигна прекрасен гол за Тотенхем, момент што го одбележа дербито со Челзи, што го добија домаќините на Вембли со 3:1.

Националната арена во Англија е дом и на дел од НФЛ натпреварите, а Син во американски стил постигна тач-даун во 55. минута и ја зацементира победата на Тотенхем.

Син ја прими топката на половината од теренот, ги претрча одбранбените играчи на Челзи, со дриблинзи се ослободи од противниците и лесно погоди за 3:0. Претходно Али и Кејн беа прецизни и по неполн час дербито беше решено.

Во финишот Оливие Жиру успеа само да постигне почесен гол за Челзи.

https://www.youtube.com/watch?v=8msSn0RvXGU

Автобусот на Бока погоден со солзавец, играчите бараат помош (Видео)

Уште еден час до почеток на мечот кој треба да го реши континенталниот првак во Јужна Америка. Ривер плата е домаќин на Бока јуниорс, во реванш мечот на двата најголеми ривали во Аргентина.

Навивачите на двата тима во текот на целиот ден се подготвуваа за спектакл, но пред самата средба се случи првиот инцидент. Автобусот кој ги пренесуваше играчите на Бока јуниорс, непосредно пред да пристигне на стадионот „Монументал“, беше нападнат со солзавец.

Солзавецот успеал да пробие и настрадаа гостинските играчи. Меѓу оние на кои им требаше и лекарска помош беше Карлос Тевес.

https://youtu.be/qRDnfkKZh40

 

Роналдо погодува во серија, рутинска победа на Јувентус со Спал

Јувентус имаше рутинска задача и лесно ја заврши, го победи Спал со 2:0 и со девет бодови предност пред Наполи се зацврсти на врвот на табелата.

Старата дама ги има ше двајцата расположени напаѓачи, Роналдо и Манџукиќ, кои по еднаш ја погодија мрежата на Гомис за триумф од 2:0.

Роналдо во 26. минута го отвори резултатот и со деветтиот гол за Јувентус му се приклучи на Пјонтек на врвот на листата на стрелците.

Јувентус комплетно ја имаше иницијативата, а Манџукиќ од близина погоди за 2:0 во 60. минута и за 12-та победа во 13 натпревари. Шампионот на Италија има меч повеќе од останатите конкуренти за титулата, а остана единствениот тим без пораз во Серија А.

Барселона го декласира Кјелце во битка за врвот

Барселона продолжува да гази, што е најважно за најтрофејниот ракометен клуб на светот ги победува конкурентите за првото место во А групата и тоа на гости.

По успехот во Скопје против Вардар, вечерва шпанскиот првак го декласираше и Виве Кјелце со 42:36 во Полска.

Тандемот Жилберто Дуарте и Каспер Мортенсен беа незадржливи во нападот и со по 9 голови ја предводеа Барселона до осма победа во девет натпревари.

Владислав Кулеш беше стрелец број 1 кај домаќините со 6 погодоци, а Кјелце го соживеа третиот пораз, но остана на второто место во А групата пред Вардар.

 

Два непоразени лидери денеска паднаа во Гевгелија

Блокотехна го совлада Работнички со 76:61 во кошаркарското прволигашко дерби, и на првакот му го нанесе првиот пораз сезонава. Во салата „НБ Ноел“ во Негорски бањи, домашните во третата четвртина ја презедоа контролата врз резултатот и со добра одбрана не му дозволија тимот на Марин Докузовски да направи пресврт.

Овие 61 поени се убедливо најнеефикасното издание на Работнички. Досега секогаш даваа 80 или повеќе поени, но со 7 тројки од 32 обиди и 12 двојки од 30 обиди, како и 17 скока помалку од домаќинот, не можеа да се надеваат на успех.

Блокотехна има 7-1, а Работнички 6-1. Наредното коло е на 8 декември, кога Блокотехна ќе игра локално дерби против Кожув.

И ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГЕВГЕЛИЧАНИ ВЕЌЕ НЕМА НЕПОРАЗЕНИ

Во второлигашката конкуренција во фудбал, Кожуф со головите на Марјан Ристов во 63 и 71 минута, со 2:1 го совлада велешки Борец. Велешани до денеска не знаеја за пораз, но ете таков беше денот, во Гевгелија и околината во ист ден паднаа два непоразени тима. И покрај поразот, Борец 1919 остана прв во втората лига, со пет бода предност во однос на Тиквеш и шест пред Кожуф.