Дома Blog Страница 10553

ПРОГНОЗИРАЈ: Дали Атлетико по осум години ќе се радува против Барселона?

Меч за лидерската позиција во шпанската Ла Лига ќе има утревечер во Мадрид. Атлетико е домаќин на Барселона во дербито на колото. Каталонскиот гигант е лидер на табелата со 24 бодови, додека Атлетико има еден помалку.

Интересно е што Атлетико речиси и да заборави како е да се победи Барселона во првенството. „Јорганџиите“ немаат победа против актуелниот шпански првак цели осум години. Последен пат се радуваа на свој терен во февруари 2010 година со 2-1. Од тој меч, се одиграа 16 првенствени дерби-дуели, а Атлетико нема победа.

Атлетико ја има најдобрата одбрана во лигата само со осум примени голови, а Барселона е со убедливо најдобриот напад и досега даде 34 погодоци во 12 средби.

Освен шпанското дерби, во понудата на Спортска прогноза има уште 11 натпревари на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, исто така, може да придонесе и за главната награда „самсунг галакси А6“, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза, ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Лех секогаш има лек за Висла Плоцк

По паузата поради настап на репрезентациите во Лигата на нациите, на сцена се враќа клупскиот фудбал. Повторно, како што веќе стана вообичаено, за натпреварите од викендот на Спорт Манија го имаме нашиот редовен гостин, Панче Ќумбев, со неговите анализи и предлог-типови за пет натпревари од различни првенства во Европа.

 

Волфсбург – Лајпциг (сабота, 15.30 часот)

Што друго би типувал кога играат овие две екипи. Сезонава се супер расположени за голови и едните и другите и затоа овде типувам дека ќе има голови на двете страни, комбинирано со 3 + .

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

 

Фулам – Саутемптон (сабота, 16 часот)

Мислам дека конечно е време навивачите на Фулам да се израдуваат на победа. Можеби смената на Јокановиќ ќе делува како позитивен шок за фудбалерите на Фулам и конечно ќе освојат три бода. Очекувам Клаудио Раниери, кој е искусен тренер, да донесе промена на подобро кај домашниот состав.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

Лех Познањ – Висла Плоцк (сабота, 18 часот) 

Време е Лех да се разбуди. Четири натпревари се без победа, а тоа за тим со високи амбиции не е дозволено. На гости им доаѓа нивниот константен „муштерија“ и верувам во победа на домашните со најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т1 (2.35)

 

Атлетик Билбао – Хетафе (недела, 12 часот)

Тимот од Билбао годинава е разочарување за познавачите на Ла Лига. Имаат квалитетни играчи, немаат многу промени во составот во однос на минатата и претходните сезони, но не играат добро. Сепак, верувам дека ова е натпреварот кој ќе им донесе пресврт во формата.Типувам победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Монпелје – Рен (недела, 15 часот)

Монпелје годинава е одличен. Не случајно се наоѓа на високото трето место на табелата. Имаат цврста одбрана и само 8 примени погодоци, најмалку во француското првенство, по Пари Сен Жермен. На гости им доаѓа секогаш незгодниот Рен, но мислам дека домаќинот е благ фаворит на овој натпревар.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

 

 

 

 

Кога ќе му се „спојат жичките“ на Обрадовиќ, бегајте подалеку од него (Видео)

Најдобриот тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ, синоќа уште еднаш покажа колку може да биде незгоден за играчите кои ги тренира. Освојувачот на девет европски титули со пет различни клубови, многу се налути за време на мечот меѓу Макаби и Фенербахче.

Обрадовиќ повика тајмаут при негатива на неговиот тим од 38:30, а најлошо помина грчкиот играч од Фенербахче, Костас Слукас.

„Костас, сега ме прашуваш која акција да ја одиграме?! Цел живот чекате на моја одлука. Цел живот и ти и сите вие!“, викаше на сиот глас Обрадовиќ, упатувајќи страшен поглед кон играчите на Фенербахче.

По „лекцијата“ од тренерот, Слукас заигра одлично и на крајот со 18 поени беше прв стрелец на мечот, а Фенербахче направи пресврт и победи.

https://twitter.com/srlacivertcom/status/1065697222413770753

 

Роналдо дојде во Јуве и автоматски Реал падна на второто место

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус е со најголема заработка од телевизиските права во Европа во последните пет години. „Старата дама“ од Торино на своето конто добила 406 милиони евра само од ТВ-правата. На второто место е европскиот првак Реал Мадрид со заработка од 360 милиони евра, додека трет е Пари Сен Жермен со 299 милиони евра.

Меѓу 30-те клубови кои во изминативе пет сезони заработиле најмногу од телевизиските права, најмногу клубови има од Англија, дури седум. Од Шпанија и Германија има по четири претставници, додека од Италија и Франција доаѓаат по три клубови.

Ова е дел од листата на клубови со најголема заработувачка од ТВ-правата во последните пет години: Јувентус (406 милиони евра), Реал Мадрид 360, ПСЖ 299, Баерн Минхен 284, Манчестер сити 279, Барселона 277, Атлетико Мадрид 272, Рома 227, Арсенал 219, Челзи 217, Монако 181, Манчестер јунајтед 172, Наполи 171 милиони евра…

 

Ноа се скара со Монфис и со Симон, Хрватска е фаворит во финалето на Дејвис купот

Јаник Ноа нема милост како селектор на Франција, а за финалето против Хрватска, што почнува денеска во Лил, во составот ќе ги нема двајцата сигурни адути, Гаел Монфис и Жил Симон.

Ноа, според информациите во француските медиуми, не е во добри односи со одличниот тандем тенисери и стандардни репрезентативци и воопшто не ги повика во составот за финалето.

За „триколорите“ во сингл денеска ќе играат Жереми Шарди против Борна Чориќ во премиерата од 14 часот, а по нив силите ќе ги одмерат Жо-Вилфред Цонга и Марин Чилиќ.

Во составот на домаќините се и Лукас Пуле, Пјер Хјуз Ербер и Николас Маи, додека кај гостите од Хрватска првиот ден на клупата ќе бидат Франко Шкугор, Мате Павиќ и Ива Додиг.

 

 

 

Барди: Убаво е кога си на врвот со репрезентацијата, време е Леванте пак да победува

За мене настапите за македонската репрезентација се мошне важни, убаво е кога ќе пристигнеш во својот клуб во победничко расположение, но сега е време Леванте да се врати на победничките патеки, вели Енис Барди.

За клупската интернет-страница на Леванте, Барди вели дека со Македонија е на добар пат да игра на Европското првенство во 2020 година, но и дека не треба да има опуштање бидејќи целта сè уште не е постигната.

„Се радувам што победивме кога имавме императив, но рано е за некакво славење. Имаме уште два меча до историски пласман на ЕП, во репрезентацијата играат квалитетни фудбалери и имаме сè што ни треба да ја оствариме целта. Сега сум посветен на Леванте и верувам дека ќе успееме да се вратиме на победничките патеки“, додаде македонскиот репрезентативец.

Тој продолжува со одличните игри и за Македонија и за шпанскиот клуб и добива сè повеќе комплименти. Неговите слободни удари полека, но сигурно стануваат заштитен знак во Ла Лига, а Леванте е на одличната осма позиција во најсилната лига на светот.

Утре, Барди и неговите соиграчи ќе ѝ гостуваат на последнопласираната Уеска, што е шанса за нови бодови и пробив на табелата во Ла Лига.

 

 

Ибрахимовиќ го прифати најкраткиот договор во кариерата

Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ ја прифатил понудата од Милан и од први јануари ќе му се приклучи на тимот од „Сан Сиро“, пишуваат италијанските медиуми. Според договорот, Ибрахимовиќ ќе остане меѓу „росонерите“ шест месеци, што би бил најкраток договор во неговата кариера.

Популарниот Ибра играше за Милан во периодот од 2010 до 2012 година, кога и успеа да го освои Скудетото. По таа титула во 2011 година, Милан се нема израдувано на шампионски пехар во Серија А. Италијанските медиуми тврдат дека за шестмесечниот престој во Милано, Ибрахимовиќ ќе добие 2,2 милиони евра.

Златан моментно е без обврски, откако му заврши сезоната во САД, каде што го носи дресот на Лос Анџелес галакси. Новите предизвици во МЛС во САД започнуваат дури напролет, што му дава шанса да игра во Милан додека е таму „мртва сезона“.

Како играч на Милан досега има дадено 56 погодоци. Еден од најдобрите напаѓачи во изминативе 20 години во светот, во кариерата има играно уште за: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Манчестер јунајтед.

Додека сите чекаат Ривер-Бока, дивеење во третата аргентинска лига (Видео)

Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, дефинитивно ќе биде центарот на фудбалскиот свет викендов. Ривер плате на „Монументал“ ја пречекува Бока јуниорс во реваншот од финалето на Купот Либертадорес, а многумина очекуваат дека тогаш може да има и навивачки нереди.

Сепак, и пред да дојде сабота, во Буенис Аирес има навивачки нереди. Во дербито од третата аргентинска лига, Атлетико Атланта со 3-2 победи на гости кај Ол Бојс. Домашните навивач лути поради поразот, по мечот сакаа да се пресметаат со гостинските фанови. Сепак, ривалите од другиот тим останаа на трибината, па затоа симпатизерите на Ол Бојс се степаа со полицијата.

Во дивеењето на хулиганите настрадаа дури 17 полицајци.

https://twitter.com/jeromura/status/1065390673950584834

Уникатен предизвик: Сака пеш да стигне на сите 19 гостувања во Премиер лигата

Скот Кунлиф е 44-годишен навивач на Барнли. Како и многу други, така и тој сака да го гледа својот омилен тим и на гостувањата. Сепак, Скот по едно нешто се разликува од сите останати. На гостувањата оди пешки.

Во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, Барнли имаше седум гостувања, а Скот успеа пешки да стигне на сите седум. Пресметано, тој досега има изодено повеќе од 2.000 километри и направено преку два милиони стапки. Во својот потфат, тој додаде и хуманитарен момент. Тој собира пари кои ќе ги даде во добротворни цели. До овој момент собрал 7.570 евра, донирани од 221 човек.

Во наредното коло Барнли на свој терен игра против Њукасл, што значи дека Скот ќе одмори, но не за долго. По дуелот со Њукасл, следи гостување на Барнли кај Кристал палас, што значи дека навивачот на Барнли ќе треба да помине 330 километри за да стигне до Лондон, односно до стадионот на Кристал Палас.

Засега Скот немаше многу причини за радост на гостувањата. Барнли во седум меча успеа да победи само еднаш, два пати ремизираше и четири пати загуби, а има гол-разлика од 6 дадени и 15 примени гола.

 

Лудило: 50.000 на тренингот на Бока пред финалето против Ривер (Видео)

Јужна Америка е во исчекување на реваншот од финалето во Купот Либертадорес меѓу Ривер плате и Бока јуниорс. Првиот меч на „Ла Бомбонера“ заврши 2-2, па Ривер ќе ја има предноста на домашен терен и со победа да стигне до континенталниот трон.

И покрај тоа што делува дека Бока е во подредена ситуација, откако не успеа на свој терен да стигне до предност, навивачите покажаа колку им даваат поддршка на своите миленици.

На денешниот тренинг, кој беше од отворен карактер, на трибините имаше неверојатни 50.000 навивачи, кои направија феноменална атмосфера.

https://twitter.com/TheSportsman/status/1065720503820800001