Дома Blog Страница 10579

На Паурич му останаа уште дуелите со Македонија и Ерменија, по 6 години се збогува со Лихтенштајн

Рене Паурич ќе ѝ каже збогум на репрезентацијата на Лихтенштајн по дуелите со Македонија на 16-ти ноември и три дена подоцна со Ерменија.

Австрискиот селектор на кормилото на малата земја одлучи да каже доста по шест години. Претпоследен предизвик за него ќе биде дуелот со нас, во Вадуц за два дена, а Лихтенштајн има само теоретски шанси да биде прв во групата.

На врвот моментно е Македонија и со победа можеме да му посакаме збогум на Паурич и да си обезбедиме пласман во полуфиналето во Сегментот Д на патот до настап на ЕП 2020 година.

„Се договоривме со Рене да ја завршиме соработката. Исклучително сме задоволни од него, а ќе биде вклучен во изборот на неговиот наследник“, вели Рудолф Марксер, првиот човек на Фудбалската федерација на Лихтенштајн.

Дуелот со Македонија ќе се игра на „Рajнпарк“ во Вадуц од 20.45 часот.

Човекот кој му даде „корпа“ на Ибрахимовиќ конечно објасни зошто го сторил тоа

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Златан Ибрахимовиќ, четири години помина во Франција носејќи го дресот на Пари Сен Жермен. За тие четири сезони, ПСЖ покажа доминација како што не се памти во францускиот фудбал, а, секако, Златан беше еден од најзаслужните за сите успеси и освоени трофеи.

Популарниот Ибра е познат како темпераментен играч, кој вели дека секогаш го добива тоа што ќе го посака. Сепак, и самиот Ибрахимовиќ знае дека во една ситуација во француското првенство доби „корпа“.

Човекот кој реши да му рече „не“ на Златан е судијата Тони Чапрон. И арбитерот има свое минато по кое го знаат во светски рамки. Тоа е судијата кој го исклучи играчот на Нант, Диего Карлос, затоа што во еден спринт фудбалерот се сопна од судијата и двајцата паднаа на тревата.

https://youtu.be/sloURWMK4ks

Освен тој потег со црвениот картон, Чапрон во 2015 година одби ја му ја даде топката на Ибрахимовиќ, која традиционално ја добиваат фудбалерите откако ќе постигнат три гола на еден меч. Ибра постигна хет-трик, но кога по средбата реши да ја земе топката, судијата одби да му ја даде.

Нервозниот Ибрахимовиќ не знаеше како да реагира во ситуацијата, но беше свесен дека судијата одлучува дали ќе дозволи топката да замине во рацете на играчот. Чапрон сега реши да ја објасни целата ситуација.

„Ибрахимовиќ дојде многу блиску до мене, со прстот покажа и ми рече: „Топката!“ Јас имам четири ќерки и кога сме заедно ако нешто сакаат и на крајот не ми речат „те молам“, нема да има позитивна реакција од моја страна. Значи, со Златан ситуацијата беше иста. Тоа е работа на лично образование, но и почитување. Нешто не е во ред со ова општество кога сите забораваат да кажат „те молам“ или „ти благодарам“. На Златан никој никогаш не му рекол „не“, но ете веројатно јас сум единствениот кој го направи тоа“, објасни судијата Чапрон, кој додаде дека Ибра е сјаен фудбалер, но е досаден на теренот.

 

Агњешка Радванска ги шокираше сите: Доста е

Агњешка Радванска изнанадувачки денеска соопшти дека ја завршува професионалната тениска кариера. Најуспешната полска тенисерка на сите времиња во еден период од кариерата беше на второто место на ВТА-листата, а најголемиот успех го имаше со пласманот во финалето на Вимблдон. Сепак, честите повреди ја принудија да оди во тениска пензија порано од очекуваното.

„Би сакала со вас да споделам една од најважните животни одлуки. По 13 години професионално играње, денеска ја завршувам мојата авантура во професионалниот тенис. Не ми е лесно. Во главата ми поминуваат толку сеќавања, емоции, победи. Освоив 20 турнири и имам речиси 600 победи. Сепак, повеќе не сум во состојба да тренирам како претходно. Телото веќе не ме слуша. Повеќе не можам да играм на највисоко ниво“, рече Радванска, образложувајќи ја својата одлука.

Мурињо дури сега ќе збесне

Манчестер јунајтед и оваа сезона е далеку од трката за титулата. „Црвените ѓаволи“ веќе заостануваат 12 бодови зад лидерот Манчестер сити и веќе може да заборават на трофејот. Тоа го знае и менаџерот на екипата Жозе Мурињо, кој изјави дека сега фокусот е да се стигне до позиција која води до место во Лигата на шампионите. И за таа позиција потребно е да се надополнат седум бодови, што значи дека Јунајтед ќе има тешка задача.

Мурињо уште од почетокот на сезоната бара нови играчи и со нетрпение чека да дојде почетокот на зимскиот преоден рок. Сепак, според весникот „Индепендент“, челниците на Манчестер не планираат да потрошат пари за нови играчи во јануарскиот преоден рок.

Португалскиот стратег бара засилувања во одбраната и во средниот ред, но доколку се точни овие најави од англиските медиуми, Мурињо дури сега ќе почне да се лути на ваквиот потег.

 

Навивачите не може да се изначудат на новиот дрес на Барселона (Фото)

Барселона низ повеќе од едновековната историја имала најразлични дресови, но сигурно никој не бил поуникатен од најновиот дрес. Фирмата за спортска опрема „Најки“ по повод 20 години соработка со каталонскиот клуб реши да создаде дрес на којшто ќе ги има мотивите од сите дресови кои Барселона ги носела во изминативе две децении.

Ѓоковиќ загуби само пет гема против Зверев

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, продолжи со сигурните игри на завршниот тениски турнир, Мастерсот во Лондон. Во дуелот против Александр Зверев, популарниот Ноле за помалку од 80 минути си ја заврши работата и го победи ривалот со 6:4, 6:1.

За Ѓоковиќ ова е втора победа во вториот меч од групата. Во зависност од резултатот на мечот Чилиќ – Иснер, Србинот уште вечерва може да обезбеди место во полуфиналето. Доколку вечерва не го визира местото во полуфиналето, на Новак ќе му остане тоа да го оствари во мечот против Чилиќ, во рамките од третото коло од групата.

 

И коефициентот сам кажува, Македонија ќе победи

Македонската фудбалска репрезентација како никогаш досега има шанса да се обиде да стигне до завршницата на Европско првенство. Остануваат уште мечевите против Лихтенштајн на гости и против Гибралтар во Скопје за да се остане на првото место во групата, а со тоа да се избори место во полуфиналето од плејофот за пласман на ЕП 2020 година.

Македонија в петок гостува кај Лихтенштајн, а на 19-ти овој месец на арената „Филип Втори“ ќе финишира групната фаза од Лигата на нациите. Сите во „црвено-жолтиот“ состав се оптимисти.

„Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба да одиграме тактички добро и организирано. Во добра позиција сме, но, секако, треба да бидеме внимателни, концентрирани и со дисциплина во играта за да ги искажеме нашите квалитети на теренот во Вадуц. Мотиви и желба не недостасуваат. Напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европското првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме”, изјави македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Токму Лихтенштајн е селекцијата против која Македонија има најмногу победи. Во осум меѓусебни средби, нашата селекција се радувала седум пати, а еден дуел заврши нерешено.

 

Вака се станува навивач од мали нозе (Видео)

Бока јуниорс не успеа да дојде до предност по првиот меч во финалето против Ривер плате, откако одигра 2-2 на домашен терен, во борбата за трофејот во Либертадорес купот. И покрај тоа што не победи, навивачите на Бока направија фантастична атмосфера, а посебно плени како ги „заразуваат“ децата од најмали нозе да го засакаат клубот.

Селекцијата до 19 години ја запре Хрватска, ЕП не е само сон

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години одигра задоволителни 1-1 против Хрватска во првиот меч на квалификацискиот турнир во чешкото гратче Кромержиж. Ова е прва фаза од квалификациите за ЕП 2019 во Ерменија.

Избраниците на селекторот Горан Станковски поведоа во 11-тата минута со голот на Дарко Чурлинов, а потоа му ја препуштија иницијативата на противникот. Хрватите напаѓаа јалово, но во 55-тата минута со погодокот на Шутало, кој даде гол со глава по нафрлувањето од корнер, изедначија на 1-1.

Во 66-тата минута, еден хрватски дефанзивец играше со рака во својот 16-ник, но судијата не досуди пенал за Македонија, туку му додели жолт картон на Колевски за приговор.

На 17-ти ноември, „црвено-жолтите“ играат со домаќинот Чешка, а на 20-ти ноември е последниот и најлесен, но можеби и клучен, дуел со Луксембург. Во елитната фаза од квалификациите на УЕФА одат двете најдобри од групата и затоа бодот против Хрватска може да биде многу вреден.

Реал Мадрид го договори првото зимско засилување

Езекиел Паласиос ќе биде првото зимско засилување на Реал Мадрид. Европскиот шампион ги договори условите на трансферот на талентираниот Аргентинец од редовите на Ривер платe, ќе платат отштета во вредност од 20 милиони евра.

Паласиос веќе се согласил на петгодишен договор со „кралевите“, а официјално ќе биде нов член на клубот од јануари 2019 година.

Гигантот од Мадрид продолжува со својата политика на трансфери, да купува млади таленти ширум светот, како што беше во случајот со Винисиус Жуниор од Фламенго, за кого Реал плати 45 милиони евра.