Дома Blog Страница 10580

Фотошоп или не? Фелаини со кратка коса

Маруан Фелаини ги шокираше сите со фотографијата на која ја претстави новата фризура и веднаш стана цел на шегување од страна на неговите соиграчи од Манчестер јунајтед и фановите.

Ерик Бејли искоментира: Неееееее! Винсан Компани, кој му е сонародник, напиша дека не е можно тоа што го видел и дека мора да станува збор за фотошоп.

Фелаини, чиј заштитен знак беше косата како „грмушка“, реши да ја скрати во пресрет на неговиот роденден на 22-ри ноември. Многумина за првпат во гледаат во вакво издание, затоа и шокот е голем. Како ова ќе се одрази врз неговата форма, останува да се види во наредниот период.

 

Елмас е фудбалер со најмногу претрчани километри во Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е играч кој најмногу трча во тимот на Фенербахче и тоа е еден од одговорите на прашањето зошто тренерите го сакаат и редовно го ставаат во почетниот состав.

На петте меча во турската Суперлига на кои играше по 90 минути, Елмас има просек од 12 претрчани километри. И позицијата на којашто игра наложува да има многу трчање, да ја држи средината и да помага и во нападот и во одбраната, а Елиф ја оправдува довербата на холандските тренери.

Второто место го држи Михаел Фрај со 11,8 километри по меч. Младиот Македонец е модерен играч кому очигледно е дека физичката подготовка му е на високо ниво. На последните три меча, два во домашната лига и еден во Лигата на Европа, без проблем играше цело време по 90 минути. Освен тоа што многу трча, Елмас е прецизен и во додавањата. Има 87 проценти успешност при пасовите до соиграчите и тука е втор во Фенер, зад дефанзивецот Роман Нојштетер со 88.

Младите заминуваат за Црна Гора

Македонската репрезентација до 21 година денеска заминува за Подгорица, Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16-ти ноември и против домашната селекција три дена подоцна.

Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација има голем потенцијал, а двата контролни натпревари во главниот град на Црна Гора се добра прилика за докажување.

„Иако ова е нова генерација, одлично се познаваме и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност за докажување и сите посакуваме да одиграме два добри натпревари. Противниците се квалитетни и иако на некој начин ова се резултатски и не толку важни пресметки, сепак сите излегуваат да одиграат и на резултат. Верувам дека ќе одиграме цврсто, дисциплинирано и се надевам на почеток на низа позитивни резултати“, изјави Здравковски.

Милан Ристовски вели дека секој меч е важен и нова шанса за докажување.

„Значајно е сите да ја сфатат сериозноста на подготовките и натпреварите бидејќи секој позитивен резултат е битен за овој тим. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни“, рече Ристовски.

Кошарката, тенисот и ракометот како дополнување за фудбалската понуда

Пријателскиот дуел на Швајцарија и Катар е главниот фудбалски настан за денеска, па затоа доколку сакате да играте на „позната територија“, не треба многу да се експериментира и задолжително е на тикетот да има и по некој облог на натпревари од други спортови. Квотите на денот на SPORT LIFE нудат и по еден тениски, ракометен и кошаркарски меч, а ние ви помагаме при прогнозирањето со мини-анализи.

 

Швајцарија – Катар (19 часот)

За Швајцарците овој меч против Катарците во Лугано е подготовка за важната пресметката со Белгија на 18-ти ноември од Лигата на нациите. Домашните се фаворити и ова им е прилика да ја наполнат мрежата на домаќинот на наредното Светско првенство. Швајцарија на последните пет меча не знае за нерешено, а ова е прв меѓусебен дуел против Катар.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.00)

 

Црвена ѕвезда – Монако (19 часот)

На 10-ти октомври Ѕвезда славеше кај Монако со 66:63 во еден неефикасен меч на кој двата тима имаа големи „црни дупки“. Српскиот тим е фаворит, со победа ќе го задржи првото место во групата А од Еврокупот, но и Монако има идентичен биланс како Ѕвезда и тимот на тренерот Сашо Филиповски и помошникот Бобан Митев ќе проба да изненади, иако ќе им биде тешко.

Предлог тип: 1-1 (1.80)

 

Ѓоковиќ – Зверев (15 часот)

Германецот имаше позитивен скор против Србинот во меѓусебните дуели, но Ѓоковиќ е во форма и неодамна во Шангај му одржа лекција на Саша кога го растури со  6-2, 6-1. Победникот од овој меч ќе обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот турнир и тука не би требало Ѓоковиќ да ја испушти шансата.

Предлог тип: 1 & < 21,5 (2.30)

 

Монпелје – Рајн-Некар (20.45 часот)

Ова е меч од групата А во која е и Вардар, а Монпелје е најголемото разочарување бидејќи нема ниту една победа по седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите во ракомет. Рајн-Некар може да дојде до четвртиот триумф во низа, а едen помалку од нивниот рекорд. Пред една недела, Германците го совладаа Монпелје со 37:27.

Предлог тип: 2 & < 58,5 (3.20)

 

Шпанија У 21 – Данска У 21 (20 часот)

Младите Шпанци и Данци играат ефикасен фудбал. Шпанија на октомврискиот меч со Исланд даде седум гола, а Данците беа подобри од Фарски Oстрови со 3-0. Традицијата најавува голови, во сите четири меѓусебни дуели било 3+.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.86)

Спортска прогноза: Турција и Шведска го отвораат колото

Три саботни меча од Лигата на нациите може да ја отворат вратата кон евентуална 12-ка на Спортската прогноза и добивање на главната награда, телефон „Самсунг галакси А6“.

Од сите натпревари кои се предвидени да се одиграат викендов, избравме 12 парови кои можат да ви донесат ваучери од SPORT LIFE кои ќе можете да ги искористите за типување или, пак, понеделник ќе биде денот кога ќе се дознае дали овојпат ќе ја имаме и првата „12-ка“.

Колото го отвораат Турција и Шведска во сабота од 18, а дали ви оди прогнозирњето на репрезентациите, ќе се знае вечерта кога ќе завршат и другите два меча во понудата.

Турците ќе ги пречекаат Швеѓаните во Ескишехир и атмосферата ќе биде жешка, со оглед на тоа дека националниот тим има ретка прилика да игра надвор од Истанбул. Турција пред два месеца ја шокираше Шведска на гости со 3-2, со пресврт по негативата од 0-2, и два гола во 88-мата и во 92-рата минута. „Викинзите“ не го заборавија тоа и ќе пробаат да се реваншираат.

Шведска има серија од пет натпревари по ред без победа и се бори за да избегне испаѓање во понизок ранг во Лигата на нациите.

Четири дуели, меѓу кои и Германија – Холандија, во понеделник од 20.45 часот може да им донесат среќа на многу прогнозери.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Новиот тренер на Селта не знае каде работи (видео)

Селта Виго во понеделникот го назначи Мигел Кардозо за нов тренер на првиот тим, кој пристигна на местото на Антонио Мохамед, а ден подоцна Кардозо беше претставен на јавноста. Четириесет и шестгодишниот стратег направи досега невиден гаф на прес-конференцијата.

Имено, Кардозо своевремено работеше како помошен тренер во Депортиво Ла Коруња, најголемиот ривал на Селта. При неговата изјава на прес-конференцијата, Кардозо во два наврати го спомна името на ривалскиот клуб, пред да се сети дека всушност дојде да работи во редовите на екипата од Виго.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот и спортскиот директор на клубот што ми ја доверија оваа одговорсност. Со мојот стручен штаб да започнеме нова ера во Депорти… сакам да кажам во Селта“, изјави Кардозо.

https://twitter.com/visaomercado/status/1062397301983993856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1062397301983993856&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPrimera%2Fa257824-Gaf-novog-trenera-Selte-Hvala-Deportivu.html

Смената на тренерската позиција дојде по поразот од Реал Мадрид од 4-2, а Селта по 12 кола се наоѓа на 14-тата позиција на табелата со 14 освоени бода. Во следното коло гостуваат во Сан Себастијан, кај Реал Сосиедад.

Клоп: Дембеле е на продажба? Заинтересиран сум!

Ливерпул зимава би платил 85 милиони за Усман Дембеле од Барселона и би го соборил клупскиот рекорд за највисока оштета. Тренерот Јирген Клоп рече дека 21-годишниот Французин е добредојден во Ливерпул, со што тимот би си ги зголемил шансите за титула во Премиер лигата.

Дембеле не е среќен во Барселона, а и тренерите не го обожуваат бидејќи доцни на тренинзи и измислува болести. Но, ако Барса реши да се ослободи од недисциплинираниот талент, за кого плати дури 135 милиони фунти, Ливерпул ќе го прибере во своите редови.

„Дембеле е на продажба? Е, сега сум заинтересиран за него“, рече Клоп, кој сака да ја засили конкуренцијата во нападот, во којшто сега главен збор имаат Салах, Мане и Фирмино, како и новодојдениот Шаќири.

Ливерпул не штеди пари, потроши 177 милиони фунти за Ван Дајк, Алисон и Наби Кејта, но не се задоволува со тоа.

 

Фулам го врати Раниери во Премиер лигата

Фулам и официјално се раздели со Славиша Јокановиќ, а за нов менаџер на екипата го назначи Клаудио Раниери. Експредводникот на Лестер повторно се врати во Премиер лигата, потпишувајќи повеќегодишен договор со Фулам.

„Околностите беа такви што моравме да реагираме за доброто на клубот, но не сакавме да брзаме во одлуката додека не добиеме адекватна замена. Потребен ни беше стратег кој добро ја познава оваа лига и е подготвен да го прифати предизвикот. Таков човек најдовме во Клаудио Раниери“, истакна сопственикот на Фулам, Шахид Кан.

Италијанскиот стратег по пауза од една и пол година, повторно се враќа на сцената во елитниот англиски шампионат. Сите ја паметат сезоната 2015/16, кога со Лестер направи чудо и ја освои титулата во Премиер лигата, а набрзо потоа се пресели во Франција, каде што го водеше тимот на Нант. Без многу успех, Раниери не се задржа долго во француското првенство, а сега пред него е тежок предизвик, да го спаси Фулам од испаѓање.

По 12 одиграни натпревари, Фулам е на дното на табелата со освоени пет бода, а следен противник на лондонскиот тим ќе му биде Саутхемптон на „Крејвен котиџ“, во рамките на 13-тото коло.

Слатка добивка во Кисела Вода, со 50 денари до 3.600 евра

Голот на финскиот репрезентативец Тему Пуки во седмата минута од судиското продолжение на дуелот меѓу Норвич и Милвол му донесе победа на домашниот тим од 4-3 и супер добивка на обложувач од скопската населба Кисела Вода.

Со 50 денари до 3.600 евра на тикет што има 9 погодени двојки и сите се фудбалски натпревари е мајсторски подвиг.

За да не остане без драма, се погрижија фудбалерите на Норвич и Милвол. На добитниот тикет „единицата“ изгледаше невозможна мисија до судиското продолжение, во кое гостите влегоа со предност од 3-2.

Сепак, најпрво шкотскиот репрезентативец Џордан Роудс погоди во 92-рата минута за изедначување на 3-3 и за продолжување на надежите дека тикетот уплатен во Кисела Вода може да биде добитен.

Времето брзо минува кога се чека погодок за добивка, но Тему Пуки беше побрз од судијата и со гол во 97-мата минута донесе голема радост и супер добивка во Кисела Вода.

Гостивар има топ прогнозери

Речиси секој викенд во Гостивар има прогнозери што успеваат да остварат големи добивки со мали пари. И овојпат гостиварчани се покажаа како одлични играчи, а меѓу нив се издвојува тикетот со добивка од 2 илјади евра, или точно 123.635 илјади денари со уплатени 50 денари.

Мајсторски се нанижани 14 фудбалски натпревари, сите со точно погодени конечни исходи, а најдраматично беше на „Санчес Писхуан“. Севилја успеа да направи пресврт против Еспањол, а Висам Бен Једер погоди во 89-тата минута за триумф на клубот од Андалузија и за голема добивка во Гостивар.

Осумка во Куманово за добивка од илјада евра

Интересен тикет со комбинација на двознаци и повеќе голови во полувреме му донесе одлична добивка на обложувач(ка) во Куманово.

Сите 8 натпревари се типувани со знакот повеќе голови во второ полувреме, комбинирани во еден знак со двознаци и за уплатени 50 денари на одличниот прогнозер(ка) му донесе добивка од 60.925 денари.

И тука имаше драма, Порто постигна гол во самиот финиш на мечот со Брага, а потопот во Џенова навреме спласна за да продолжи мечот на којшто Наполи направи пресврт во второто полувреме. За жал на нашиот Горан Пандев, но и за голема среќа и добивка во Куманово.

Надал ќе игра во Абу Даби

Вториот најдобар тенисер во моментов, Рафаел Надал, го потврди своето учество на егзибицискиот турнир во Абу Даби, кој ќе се игра кон крајот на декември. Шпанецот со тоа им се придружи на Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Доминик Тим, Хеон Чонг и Карен Хачанов.

„Абу Даби е едно од местата каде што обожувам да играм. Атмосферата е одлична бидејќи публиката навистина ужива во мечевите. Тоа ќе биде шанса во добро издание да ја започнам новата сезона“, истакна Надал, кој шест пати триумфирал на турнирот во Мубадала.

Надал последниот меч го одигра во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, каде што поради повреда мораше да го предаде дуелот против Хуан Мартин дел Потро. Потоа ги пропушти турнирите во Шангај и Пекинг, а поради повреда на стомачните мускули мораше да се откаже од АТП-турнирот во Париз. Повредата на глуждот е причина за откажувањето од турнирот во Лондон.

Минатата недела му беше извршена операција на зглобот, а токму поради тоа мораше да го откаже егзибицискиот меч против Новак Ѓоковиќ во Саудиска Арабија, каде што на 22-ри декември првично требаше да се сретнат овие двајца тенисери.

Турнирот во Абу Даби ќе се игра од 27-ми, до 29-ти декември.