Дома Blog Страница 10612

Фрајбург со бод си замина од Минхен, Дортмунд минимално, ама доволно

Баерн Минхен одигра само 1-1 против Фрајбург во рамките од 10. коло во Бундеслигата, и така му дозволија на Борусија Дортмунд одново за избега на четири поба разлика. Гнабри дури во 80-тата минута донесе предност за домаќините, а Холер во 90-та минути погоди за 1-1 и практично им донесе драгоцен бод на својата екипа против баварскиот гигант.

Дортмунд со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Волфсбург, што беше доволно за „милионерите“ да освојат три бода и повторно да направат бодовна разлика против „баварците“. Капитенот Марко Ројс со својот шест овосезонски гол, во 27-та минута беше човекот од одлука.

Хофенхајм го посрамоти тимот на Баер Леверкузен пред нивна публика со високи 4-1. Нелсон и Жоелинтон погодија во првото полувреме за гостите, додека единствениот гол за „фамацевтите“ го постигна Белараби во 30-тата минута. Грифо во 49-тата  и уште еднаш Жоелинтон во 73-тата минута, ги поставија конечните 4-1.

Шалке со 3-1 го совлада Хановер, Аугзбург ремизираше со Нирнберг при конечни 2-2.

 

„Вујо мајсторе“ не го заборава Вардар

Некогашниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ никогаш не го заборава Вардар. Така е и денеска. Популарниот Вујо изненадно се појави во салата „Јане Сандански“ да го гледа дуелот на „црвено-црните“ против Мешков Брест.

Вујовиќ кој е миленик на вардаровите навивачи, овојпат од трибините ќе го бодри својот некогашен клуб. Вардар ја има фаворитската улога против Мешков.

 

Пушкаш во 90-та донесе победа за Палермо

Палермо со 21 бода изби на врвот на Серија Б, откако со 2-1 беа подобри од Косенза во рамките од 11. коло. Салви донесе предност за домаќините во 77-та минута по асистенција на нашиот репрезентативец Александар Трајковски. Фудбалерите на Косенза израмнија само две минути подоцна, а Палермо доби нов херој во последните минути од средбата.

Во 90-тата минута, Георге Пушкаш го реализираше победоносниот гол за Палермо. Покрај Трајковски, целата средба ја одигра и Илија Несторовски, но македонскиот голгетер овој пат како да го немаше наместено нишанот.

Интер лесно до три бода, втор пораз во четири дена за Џенова во Милано

Интер го одржува чекорот со Јувентус и Наполи, по денешниот триумф од 5-0 против Џенова се искачија на второто место во Серија А. Избраниците на Лучијано Спалети уште во раната фаза од средбата остварија сигурно водство, Галјардини и Политано по 16 минути беа прецизни за 2-0.

Галјардини во 49-тата минута зголеми 3-0, а само две минути подоцна, нашиот Горан Пандев кој беше стартер на овој меч, беше заменет од Кжиштоф Пјонтек, па Македонецот доби стоечки овации од присутните на „Џузепе Меаца“. Жоао Марио  и Најнголан во првата минута, односно четвртата од судиското надополнување ги поставија конечните 5-0.

За Џенова ова е втор пораз во Милано за само четири дена, откако во средата загубија со 2-1 од Милан, на истиот стадион.

Чави со идеја за поинтересен фудбал: Да се игра 10 на 10

Поранешниот капитен на Барселона, Чави Ернандез, има идеја како да го направи фудбалот уште повозбудлив за гледање. Искусниот Шпанец смета дека не треба повеќе да има по 11 играчи од двете екипи, туку да се игра 10 против 10, за да има повеќе простор на теренот за атрактивни акции и голови, а со други зборови кажа дека е и против начинот на игра кој го негува Атлетико Мадрид.

„Сметам дека во иднина треба да се намали бројот на играчи кои се на терен. Да се игра 10 на 10, за фудбалот да биде повозбудлив. Тешко е да се бара простор и да се игра убав фудбал против екипи кои цели 90 минути се бранат. Се собираат пред шеснаесетникот, на пример како Атлетико. Тие под водство на Симеоне тотално го блокираат нивниот гол, и само еден тим се обидува да игра фудбал, додека другиот се обидува само да се одбрани. Фудбалот треба да биде поинтересен од тоа, сепак, на крајот од денот, ние играме за да ги забавуваме навивачите и љубителите на фудбалот“, истакна Чави во интервју за каталонско радио.

Пандев со стоечки овации испратен од „Џузепе Меаца“ (видео)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев со стоечки овации беше испратен од теренот на стадионот „Џузепе Меаца“. Пандев во дресот на Џенова одигра 51 минута против својот некогашен клуб Интер, кога беше заменет и на негово место во игра влезе Полјакот Кжиштоф Пјонтек.

Иако овојпат беше ривал, навивачите на Интер не го забораваат Пандев и неговите блескави игри додека беше дел од тимот од Милано. Популарниот Гоче го бранеше дресот на „нераѕурите“ во периодот од 2009 до 2012 година. Тоа беа и блескавите години на Интер.

Со Пандев во тимот, Интер во 2010 година ги освои сите најзначајни трофеи. Стана првак на Италија, триумфираше во Лигата на шампиони, а на крај стана и светски клупски првак. Тоа многу добро го знаат и фановите на Интер, па денеска со громогласен аплауз и овации го испратија Пандев, кој возврати на аплаузите.

До таа 51 минута Интер имаше убедлива предност од 3:0.

https://www.youtube.com/watch?v=Xf1UIt5gQyc

Борец во последните минути ја шокираше Саса

Велешки Борец се зацврсти на првата позиција во втората лига Исток, откако направи пресврт на гостувањето кај Саса во Македонска Каменица. „Рударите“ поведоа во финишот на првото полувреме, но лидерот во 84 и 89 минута даде два гола, па освои нови три бода. Победи извојуваа и другите фаворити во оваа лига.

На Западот, гостиварското дерби му припадна на Генч Калемлер, а јунак беше Елмир Алији со гол во 90 минута. Струга не го победи Тетекс, па сега му дава шанса на тимот на Лабуништа утре ако победи, да го заземе врвот на табелата.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Велазерими 77 – Кораби 1:4, КФГ Гостивар – Генч Калемлер спор 2:3, Пелистер – Гоблен јуниор 2:0, Тетекс – Струга Трим-лум 1:1. Утре играат Лабуништа – Скопје.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Партизан Обршани – Брегалница 2008 1:2, Каменица Саса – Борец 1919 1:2, Тиквеш – Плачковица 4:2, Кит Го Пехчево – Вардар Неготино 2:0. Мечот Детонит јуниор – Кожуф не се одигра.

Мурињо е кошмар за англиските колеги

Маркус Рашфорд со гол во 92. минута му донесе победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Борнмут со 2:1, и на својот тренер Жозе Мурињо му ја донесе привилегијата да се фали дека нема пораз во дуелите со екипи кои имаат англиски тренери.

Мурињо на клупата на Јунајтед има 21 меча (17 победи и 4 ремија) без пораз од англиски тренер. Последен пораз од англиски стратег му беше токму од Борнмут на Еди Хаув во 2015 година, но тогаш „Специјалниот“ беше тренер на Челзи.

Средбата не почна добро за тимот на Мурињо, Борнмут опасно нападна и поведе со голот на Вилсон, кој има 10 голови или асистенции сезонава, и заедно со Еден Азар е најкорисен играч во Премиерлигата. Манчестер само еднаш сезонава не прими гол.

Но, потоа гостите заиграа многу подобро, па преку Марсијал изедначија во 35 минута. Французинот првпат во кариерата на четири премиерлигашки меча по ред дава гол.

Кога се чинеше дека нема да има победник, Маркус Рашфорд добро се снајде во една мешаница пред противничкиот гол, во 94 минута, и го совлада Беговиќ. Рашфорд кој пред неколку дена наполни 21 година, по вторпат сезонава му носи триумф на Јунајтед со гол во судиското продолжение.

 

Прво Мастерс финале за Хачанов

Карен Хачанов со 2-0 (64, 6-1) во сетови го совлада Доминик Тим во првото полуфинале на Мастерсот 1000 во Париз. За рускиот тенисер ова е прво финале на големите натпреварувања, а таму за противник ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Федерер и Ѓоковиќ.

Во првиот сет беше неизвесно до 4-4, а Хачанов ја искористи третата брејк топка за да му одземе гем на Австриецот на негов сервис, за потоа да поведе со 1-0 искористувајќи ја втората сет топка. По еден брејк за двајцата тенисери на стартот од вториот сет, а потоа Русинот со три брејка буквално го уништи Тим и со 6-1 славеше голема победа.

Втората полуфинална пресметка започнува во 16:30 часот, 47-от меѓусебен дуел меѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Гризман со гол „а-ла Барди“, но недоволно за победа (Видео)

Атлетико Мадрид освои само еден бод на гостувањето кај Леганес, и одигра само 1:1, но овој меч мина во знакот на голот на Антоан Гризман, кој погоди за водство во 69 минута.

Французинот погоди од слободен удар, и најави дека Лео Меси и Енис Барди имаат конкуреција во битката за најдобар изведувач на шутеви од прекин во шпанската лига.

https://www.youtube.com/watch?v=PmnY0ke2f2w

Атлетико тешко дојде до водство, кое потоа реши да го брани, но не успеа тактиката на Чоло Симеоне. Домашните во 82 минута преку Кариљо изедначија на 1-1, а со тој резултат и заврши средбата на стадионот „Бутарке“.

https://www.youtube.com/watch?v=k7vsCWBnOY8

Aтлетико е единствениот тим во Топ 5 лигите во Европа кој нема примено гол во прво полувреме, но тоа им е мала утеха, бидејќи не успеаја да го освојат целиот плен и сега второто место им е загрозено.