Дома Blog Страница 10666

Меси – 648 меча, 563 гола, 33 трофеи – пред точно 14 години Аргентинецот дебитираше за Барса

На 16 октомври 2004 година, Барселона го играше каталонското дерби против Еспаљол на „Монжуик“. Во тек беше 82 минута, кога Барселона направи измена. Тоа беше измена која ја најави промената на светскиот фудбал. На местото на Деко, во игра влезе Лионел Меси.

Гледачите кои биле на стадион на тој меч (34.400 публика), не ни знаеле дека присуствуваат на историска замена, односно дека му посакуваат добредојде во светот на фудбалот на можеби најдобриот на сите времиња.

Од тој ден па до сега, Меси одигра 648 натпревари за Барселона, даде 563 голови, а има и 240 асистенции. Аргенитинскиот виртуоз вкупно 33 трофеи на клупско ниво, а освои и пет златни топки, со што е ко-рекордер заедно со Кристијано Роналдо.

Казахстански клуб влегува во Балканската лига

Вечерва со натпреварот Башкими – Берое стартува новата сезона во регионалната Балканска лига во кошарка, позната како БИБЛ, а новина е влез на екипата од далечниот Казахстан. Но, ова не значи дека гевгелиски Кожув ќе треба да патува до Казахстан.

Барси Атирау е новиот, седми клуб во БИБЛ, но поради далечината, тие сите 12 меча од регуларната сезона ќе ги играат во Косово и Бугарија. Четирипати ќе дојдат на балканските простори и при секое доаѓање, ќе одиграат по три меча. Барси е клуб кој е формиран пред 15 години, а во 2016 година беше првак на својата земја.

БИБЛ како опција за во иднина размислува и некои мечеви да се играат во Казахстан. Барси е тим од град кој лежи на северот на Каспиското езеро, каде што завршува реката Урал, која ги дели Азија и Европа. Во минатото, во БИБЛ имаше тимови од Израел, па екипите од Македонија, Бугарија и останатите редовно патуваа со авион до Светата Земја.

Добри вести за Реал Мадрид

Враќањето на Иско и Марсело, кои пропуштија по неколку натпревари поради повреди, е најдобрата можна вест за навивачите на Реал Мадрид. „Кралевите“ немаат дадено гол на последните четири меча, но со Иско и Марсело ќе имаат повеќе опции во средниот ред и нападот. Проблемите на Реал во офанзивата почнаа откако се повреди Иско, а нешто подоцна и Марсело.

Реал в сабота, од 13 часот го пречекува Леванте на Енис Барди и фановите на европскиот првак очекуваат гол-сушата да заврши, во спротивно, црно му се пишува на тренерот Хулен Лопетеги, кој ќе мора да се вади на гостувањето кај Барселона кон крајот на месецов.

Ловќен стравува пред гостувањето кај МЗТ

Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје Аеродром утре на свој терен против Ловќен ќе се обиде да ја продолжи триумфалната низа во „Јане Сандански“ и да го заборави болниот пораз во дербито со Сикст Приморска во минатото кол од втората АБА лига.

Тимот од Цетиње, предводен од тренерот Миодраг Кадија, не доаѓа со бело знаме, но фаворитската улога му ја препуштаат на домашниот тим.

„Ова е едно од најтешките гостувања за нас сезонава. Но, сигурен сум дека нема да се предадеме однапред. Ќе се обидеме да го дадеме нашиот моментен максимум“, рече Кадија, кој во минатото ги водеше Струмица и Фени индустри.

Милош Лопичиќ смета дека МЗТ е фаворит не само во овој меч туку и за освојување на првото место во лигата.

Ловќен по три кола, има скор 1-2. Имаат двајца играчи кои настапувале во Македонија, тоа се Раденко Пилчевиќ (експлејмјекер на Фени) и Владимир Ивеља (беше член на Кожув и Фени).

Берлускони и Морати дербито им го препуштија на Кинезите и Американците

Неделното градско дерби помеѓу Интер и Милан ќе биде и битка на Кина против САД, двете светски велесили, бидејќи на чело на клубовите се богаташи од тие земји. Во минатото, ривалството беше меѓу Италијанците Масимо Морати и Силвио Берлускони, но сега приматот е кај странците.

Компанијата „Сунинг“, која го поседува Интер, е индустриски гигант од Нанџинг и богатството им е проценето на 63 милијарди евра. На чело е Џанг Џиндонг, кој е 85-ти најбогат човек на светот. Милан е купен од компанијата „Елиот’ од САД.

Италијанците се шегуваат дека наместо „Форца Интер“ и „Але Милан“, ќе се скандира „Фоца Инда“ односно „Кам он Милан“. И во филмовите секогаш било интересно да се гледаат битките на Истокот и Западот, некој навива за Џеки Чен, некој за Рамбо.

Нејмар: Добро е за Бразил што Меси не игра

Лионел Меси нема настапено за Аргентина откако „гаучосите“ претрпеа рана елиминација на Мундијалот во Русија, а нема да биде ниту вечерва во составот во пресметката од Суперкласико меѓу Бразил и Аргентина. Во пресрет на дербито, ѕвездата на Бразил, Нејмар, истакна дека е лошо за фудбалските фанови што Меси нема да настапи вечерва, но воедно, токму поради тој факт, шансите за победа се поголеми за неговата репрезентација.

„За оние кои го сакаат фудбалот, отсуството на Меси е лоша вест, но за нас е добра бидејќи така имаме поголеми шанси за победа. Нема да го потцениме противникот, со или без Меси, Аргентина има квалитетен состав, а посебно ми се допаѓа Дибала, тој е одличен со топката. Сметам дека нема фаворит во овој дуел“, изјави Нејмар во пресрет на мечот.

Пријателската средба меѓу Бразил и Аргентина е закажана за терминот од 19.45 часот, а дуелот ќе се игра во Саудиска Арабија, односно на стадионот „Крал Абдул“ во Једа.

Дибиров: Гостувањата во Загреб секогаш се тешки

Дуелот на ППД Загреб и Вардар од 17.30 часот е дерби на колото во СЕХА-лигата и реприза од ланското финале. По поразот од Кјелце, „црвено-црните“ се мотивирани да се вратат на победничкиот пат, но нема да биде лесно.

И Загреб загуби убедливо во ЛШ од Запорожје, па и тие немаа време за рехабилитација. Во минатата сезона, Вардар двапати го совлада Загреб во регуларната сезона.

Тренерот Лино Червар, фаворитската улога му ја препушта на македонскиот првак, а крилото Тимур Дибиров предупредува дека никогаш не е лесно да се гостува во „Сутинска врела“.

„Никогаш не ни било лесно во Загреб. Лани доминиравме, а победивме само еден гол-разлика.  И овојпат очекувам да биде интересен меч. Загреб е опасен дома, нема да биде лесно, но ние ќе одиме на победа. За да успееме, ќе ни треба добра игра и малку среќа“, најавува Дибиров.

 

На Германците ќе им се стемни во Градот на Светлината?

Секогаш кога играат Франција и Германија, во кој било спорт, а особено во фудбал, тоа е меч кој предизвикува големо внимание. Затоа тој дуел е главен и наш избор во петте меча за прогнозирање. Обидете се со понудата на SPORT LIFE со квотите на денот. Актуелниот и некогашниот светски првак се големи историски ривали на секое поле и победата вреди повеќе од трите бода во Лигата на нациите.

Франција – Германија (20.45 часот)

„Триколорите“ не се прославија многу по освојувањето на Светското првенство, одиграа без голови кај Германија, ја победија Холандија, а ремизираа со Исланд во пријателска средба. Германците по дебаклот од Холандија, паднаа во уште поголема криза, а од СП наваму го победиле само Перу. Особено лошо играат на гости. Последната победа на Германија против Франција е од 2014 година, а оттогаш, „галските петли“ имаат две победи и две ремија.

Предлог тип: Т1 1+ I T1 2+ (2.35)

 

Норвешка – Бугарија (20.45 часот)

Норвежаните се во добар ритам, имаат шест победи на последните седум меча, а единствениот пораз го претрпеа токму од вечерашниот противник. Бугарија дома славеше со 1-0 и ако остане непоразена, речиси сигурно ќе оди во Лига Б, но нашите соседи играат послабо на гости (шест порази на последните осум меча). Последните три меѓусебни дуели на овие тимови во Осло завршиле со 2-1, двапати за Норвешка, еднаш за Бугарија.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.65)

 

Словенија – Кипар (20.45 часот)

Домашните немаат избор, мора да победат ако сакаат да избегнат испаѓање. И Кипар не е многу подобар, па ова ќе биде битка за преживување. Традицијата вели дека ќе има голови, но не повеќе од три. Кипар има 12 порази на последните 13 гостувања.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Украина – Чешка (20.45 часот)

Украинците тргнаа одлично во Лигата на нациите, тимот на селекторот Шевченко цела година не знае за пораз. Пред еден  месец, Украина ја победи Чешка на гости со 2-1, па и сега е фаворит. Чесите на последните 13 меча не одиграле нерешено, сега се поблиску до пораз отколку до три бода, но им се врати самодовербата по триумфот над Словачка.

Предлог тип: ГГ (2.20)

 

Република Ирска – Велс (20.45 часот)

Британската пресметка може дополнително да ги замрси работите во групата во која е уште и Данска. Ирците имаат само еден бод и ова им е шанса да побегнат од дното и да му се реваншираат на Велс за поразот во претходниот меч во септември. Гостите во Даблин заминаа без ѕвездите Бејл и Ремзи. На последлните две гостувања кај Ирска, Велс не даде гол.

Предлог тип: 1 (2.45)

Поп Арсова со македонски рекорд во маратон

Адријана Поп Арсова, членка на атлетскиот клуб „Делта“, изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. На 14-ти октомври на маратонот во Ајндховен, Холандија, Поп Арсова постави нов македонски рекорд во маратон, со резултат од 3:00:44 часа.

„Немав некои тешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21 километри ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина токму заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа“, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча за време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција. Поп Арсова го држи и македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10 километри, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10 КМ.

Кога играат Македонија и Ерменија, тоа е најава за 3+

Македонската фудбалска репрезентација денеска има шанса да го осигури првото место во групната фаза од Лигата на нациите. Нашите најдобри фудбалери вечерва гостуваат кај Ерменија, каде што со победа веќе ќе може да се прослави загарантираната лидерска позиција.

Против Ерменија имаме одиграно седум меча, а карактеристично е тоа што на овие мечеви секогаш имало погодоци. Дури шест средби завршиле со 3+, а единствено последната меѓусебна пресметка од минатиот месец во Скопје, Македонија ја доби со 2-0. Затоа, ако се гледа традицијата, и денеска во Ереван треба да се очекува мрежите да се тресат.

Во досегашниот дел од Лигата на нациите, Македонија го има вториот најдобар напад во Сегментот Д. Во три меча постигнавме осум погодоци, а единствено Луксембург со 10 гола е поефикасен, но од четири дуели. Македонија го има најопасното трио во нападот. Алиоски, Пандев и Трајковски се во топ 5 стрелците во Сегментот Д. Овие тројца заедно имаат дадено седум голови.

Македонија е без пораз веќе 10 натпревари, а брка историска четврта победа во низа.