Дома Blog Страница 10727

Панучи го тужи експретседателот на Албанија

Актуелниот селектор на албанската репрезентација, Кристијан Панучи, покрена приватна тужба против Бујар Нишани, кој до лани беше претседател на Албанија. Панучи бара 100 илјади евра бидејќи му бил нарушен имиџот со навредата од страна на Нишани, кој на „Фејсбук“ напиша дека Италијанецот е шарлатан.

На 29-ти мај, откако Албанија загуби на пријателски меч против Косово, Нишани напиша: „Браво Косово. Шарлатанот Панучи го уништува она што беше претходно изградено“.

Судијата Анила Каранџа за 30 дена ќе одлучи дали ќе има судењe откако ќе го слушне исказот на одбраната.

Панучи, кој има 45 години, од јули 2017 е селектор на нашиот западен сосед. По богатата и трофејна играчка кариера, тој заплива во тренерските води, но на клупата нема успеси како на тревниот терен.

Експертите на ФИБА едногласни: Македонија ќе биде прва

Кошаркарските познавачи кои работат како аналитичари за Светската кошаркарска федерација, ФИБА, сметаат дека Македонија сигурно ќе го освои првото место во групата со Косово и Романија во претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Експертите Симас Баранаускас, Игор Ќурковиќ и Џаред Грелет, по септемвриските мечеви, немаат дилеми дека Македонија ќе биде пред Косово и Романија, а може да стигне и до самото ЕП, до кое патот ќе биде многу тежок.

„И пред да почнат мечевите реков дека од тимовите кои играа во првата фаза од претквалификациите, Македонија има најголеми шанси да оди понатаму. Останувам на тоа мислење, немам дилеми дека ќе бидат први“, вели Грелет.

„Македонија оди понатаму, а мислам дека може и да се пласираат на ЕП 2021, на десетгодишнината од нивниот огромен успех во 2011“, вели Ќурковиќ.

Во теорија, Македонија сега се бори да влезе меѓу 32-те најдобри во Европа. Сега сме во група која е од 25-то до 36-то место на континентот. Во квалификациите за ЕП ќе играат 32 тима, а на завршницата ќе се најдат 24.

Можни состави за вечерашните дуели од ЛШ

Вечерва стартува новото издание во Лигата на шампионите. Триесет и двете екипи ќе се борат за најпосакуваниот пехар во Европа, но само еден тим ќе може да се искачи на врвот. Во изминативе три години владетелот не се смени, долго трае доминацијата на Реал Мадрид, можеби конечно оваа сезона ќе биде ставен крајот на таа доминација или, пак, Хулен Лопетеги ќе продолжи онаму каде што застана Зинедин Зидан.

За вечерва се предвидени осум дуели, кои од оваа година ќе играат во нови термини. Два ќе започнат во 18.55 часот, додека останатите шест ќе се играат во 21 часот.

Повеќето тимови се мачат со повреди, отсуства на клучни играчи, па во премиерните мечеви ќе настапат со комбинирани состави.

Група А

Монако – Атлетико Мадрид можни состави:

Монако: Беналјо, Сидибе, Глик, Жемерсон, Хенрич, Ахолу, Ајт Бенасер, Мбула, Тилеманс, Шадли, Фалкао.

Не играат: Головин, Јоветиќ, Лопес, Пелегри, Субашиќ.

Атлетико Мадрид: Облак, Хуанфран, Хименес, Годин, Филипе Луис, Коке, Родри, Саул, Лемар, Гриезман, Коста.

Не играат: Аријас, Калиниќ, Савиќ, Витоло – најверојатно не игра: Лукас Ернандес.

Клуб Бриж – Борусија Дортмунд можни состави:

Клуб Бриж: Летица, Денсвил, Пулен, Митровиќ, Греневелд, Ванакен, Риц, Вормер, Дијата, Резаи, Весли.

Не игра: Мата.

Борусија Дортмунд: Бирки, Пишчек, Диало, Аканџи, Шмелцер, Вицел, Дахуд, Пулишиќ, Ројс, Санчо, Филип.

Не играат: Алкасер, Дилејни, Гереро, Топрак, Брун Ларсен.

Група Б

Интер  – Тотенхен можни состави:

Интер: Хандановиќ, Де Врај, Миранда, Шкрињар, Асамоа, Вецино, Брозовиќ, Кандрева, Наинголан, Перишиќ, Икарди.

Не играат: Мартинез, Врсаљко, Д’амброзио.

Тотенхем: Ворм, Орие, Санчез, Вертонген, Дејвис, Винкс, Дембеле, Лукас, Ериксен, Сон, Кејн.

Не играат: Али, Љорис, Сисоко, Алдервејрелд, Трипиер.

Барселона – ПСВ можни состави:

Барселона: Тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Кутињо, Дембеле, Суарез, Меси.

Не играат: Денис Суарез, Малком.

ПСВ: Цоет, Ангелино, Виргевер, Шваб, Дамфрис, Хендрикс, Росарио, Бергвијн, Переиро, Лозано, Де Јонг.

Не играат: Риго, Томас.

Група Ц

Црвена звезда – Наполи можни состави:

Црвена ѕвезда: Борјан, Стојковиќ, Савиќ, Дегенек, Родиќ, Јовичиќ, Крстичиќ, Кафу, Бен, Марин, Боаџи.

Наполи: Оспина, Хисај, Максимовиќ, Кулибали, Руи, Алан, Хамшик, Зјелински, Калјехон, Мертенс, Инсиње.

Не играат: Кирикеш, Гулам.

Ливерпул – ПСЖ можни состави:

Ливерпул: Алисон, Александре–Арнолд, Гомез, Ван Дајк, Робертсон, Милнер, Хендерсон, Кеита, Шакири, Салах, Мане.

Не играат: Лалана, Ловрен – најверојатно не играат: Фирмино, Соланке, Ориги.

ПСЖ: Ареола, Мение, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Рабио, Мбапе, Нејмар, Ди Марија, Кавани.

Не играат: Буфон, Дани Алвес, Курзава, Верати.

Група Д

Шалке 04 – Порто можни состави:

Шалке: Фарман, Налдо, Сане, Настасиќ, Калиџури, Бенталеб, Руди, Харит, Баба, Бурсталер, Конопљанка.

Не играат: Скрзибски, Стамбули.

Порто: Касилјас, Макси, Фелипе, Милитао, Алекс Телес, Данило, Ерера, Оливеира, Брахими, Марега, Абубакар.

Галатасарај – Локомотив Москва можни состави:

Галатасарај: Муслера, Маријано, Сердар, Маикон, Нагатамо, Ндиаје, Фернандо, Родригес, Емре, Онјекуру, Дердиок.

Локомотив: Гилјерме, Игнатиев, Кверквелиа, Чорлука, Лисов, Криховјак, Денисов, Алексе Миранчук, Антон Миранчук, Фернандес, Фарфан.

Не играат: Коломејтсев, Рибус, Смолов.

 

Шкендија со рекорден пласман на рангирањето на УЕФА

Шкендија по настапите во квалификациите за ЛШ и ЛЕ, оствари најдобар ранкинг на клупската листа на УЕФА на еден македонски клуб во историјата. Според најновата ранг-листа на УЕФА, Шкендија се наоѓа на 161-то место, што е најдобар пласман на еден македонски клуб.

Во топ 200 клубови се најде и Вардар, кој се наоѓа на 193-тото место, иако „црвено-црните“ претрпеа елиминација уште во првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Некогашниот македонски првак, тимот на Работнички, се наоѓа на 218-тото место, но, гледано според настапите во последниве 10 години, „романтичарите“ се најконстантен тим на европската сцена, па токму затоа се и најуспешен македонски клуб.

Што се однесува за врвот на ранг-листата, се разбира, Реал Мадрид е на првото место, а следуваат Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Севилја, ПСЖ, Манчестер сити, Арсенал, Шахтар Донецк.

Анчелоти: Добро ја паметам белградската магла од 1988

Карло Анчелоти, како играч на Милан, во 1988 гостуваше кај силната Црвена ѕвезда, но иако беа на прагот на елиминација на легендарниот меч, средбата се прекина поради густата магла, па се одигра утредента и Милан успеа да се пласира понатаму. Тоа беше почетокот на доминацијата на „росонерите“, кои кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години освоија три европски титули.

Во 2006, Анчелоти како тренер на Милан гостуваше на „Маракана“, која сега се вика „Рајко Митиќ“, па вечерва ќе го има третото гостување на најголемиот стадион во Србија.

„Добро се сеќавам на маглата во 1988, за наша среќа, добро поминавме. Ѕвезда тогаш имаше одлични играчи, тој двобој можеше да биде и финале. Тогаш и ни поништија гол, уште не знам зошто. И во 2006 победив, се надевам дека така ќе биде и вечер. Групата е најтешка од сите, секој бод е важен. Ѕвезда е убедлива во домашната лига, ќе има помош од публиката, тие се, би рекол, фасцинантен аутсајдер“, изјави Анчелоти, кој има три титули европски првак, и додаде дека важно им е што во живо ќе ги гледа и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

„Енфилд“ e eпицентарот на фудбалскиот земјотрес

Дуелот на Ливерпул и Пари Сен Жермен (почеток 21 часот) е првото супердерби во новата сезона во фудбалската Лига на шампиони и заслужува посебно внимание.

Домаќините се финалисти од минатата сезона, а парижаните во минатата сезона испаднаа во осминафиналето, но јасно е дека имаат квалитет за големи дострели. Сепак, за да стигнат до финалето или титулата, им треба многу среќа со повредите и ждрепката.

Во понудата на „Спортлајф“, квотата за единица е 2.25, за икс е 3.65, додека за двојка е 3.05.

СУПЕР ГОЛМАНИ, НАПАДИТЕ ПОСИЛНИ СТРАНИ

Двата тима летово се засилија на голманската позиција. Нов главен чувар на мрежата на „црвените“ од градот на Битлси е Алисон Бекер, кој дојде од Рома и треба да донесе сигурност на голот, иако и бразилскиот репрезентативец покажа дека не е имун на киксеви. Кај ПСЖ, прв голман е ветеранот Џанлуиџи Буфон, кој посакува кариерата да ја заврши со титула во ЛШ, трофејот кој недостасува со неговата богата колекција.

Се чини дека предност на Ливерпул се домашниот терен и поцврстата одбрана, а парижаните имаат поубиствен напад. Нејмар, Мбапе, Кавани, Ди Марија се адутите на гостите во нападот, сигурно ќе има работа за одбраната на Ливерпул, но кој од ПСЖ може да ги чува Салах, Мане и Фирмино?

Овој меч е сериозен тест за двата клуба кои трошат доста пари за да направат успех во Европа, а во минатата сезона беа запрени од Реал Мадрид.

ЛИСТАТА НА ПОВРЕДЕНИ НЕ Е ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште не знае дали ќе може да смета на Фирмино, кој го повреди окото викендов, а сигурно нема да игра Окслејд-Чемберлен. Покрај Фирмино, неизвесни се и Лалана и Ловрен. Ако не игра Фирмино, стартер ќе биде Стариџ. ПСЖ на овој меч нема да смета на Дани Алвес, кој ќе паузира уште неколку месеци, а повредени се и Курзава и Тијаго Силва. Поради суспензија, од минатата сезона нема да игра Марко Верати.

Овие два клуба не играле меѓусебе во ЛШ, а се сретнале во 1996/97 во полуфиналето на Купот на победниците на куповите, кога подобри беа „светците“. Во домашните првенства, двата тима се перфектни, имаат по 15 бода од пет кола, па за еден тим ќе заврши максималниот учинок.

НАДМУДРУВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ТАКТИЧАРИ

Клоп од едната, а Томас Тухел од другата страна, освен тоа што се германски тренери, заедничко им е што се екстренери на Борусија Дортмунд. Тухел го наследи Клоп во Борусија, па нивното ривалство може да се пренесе и вечерва.

Клоп кажа дека ПСЖ е фаворит, бидејќи е еден од кандидатите за трофејот, но коефициентите во обложувалниците кажуваат нешто друго. Плус тоа, Ливерпул е петкратен европски првак, за разлика од парижаните кои не биле ниту еднаш на кровот на Европа.

ПСЖ не знае за победа против англиските екипи на четири меча по ред, а од 12 меча со тимови од Островот, само еднаш не прими гол. Ливерпул има позитивна традиција со француски екипи, но дома загуби два од последните три натпревари.

Рендолф го одигра последниот натпревар за Словенија

Центарот на Реал Мадрид, Ентони Рендолф, вчера го одигра последниот натпревар за Словенија, известуваат словенечките новинари. Со поразот од Турција во квалификациите за СП 2019, Рендолф се простува од селекцијата со која минатата година се искачи на врвот на Европа, освојувајќи ја титулата на Евробаскетот.

Американецот дебитираше за Словенија токму на минатогодишниот Евробаскет, каде што со освоени 11,7 поени во просек ѝ помогна на селекцијата да дојде до првиот златен медал на едно Европско првенство во нивната историја.

Вчера против турскиот состав, Рендолф забележа дабл-дабл учинок од 24 поени и 12 скока, но Словенија играше без неколку стандардни првотимци, па поразот од 86:77 беше неизбежен.

Академија Пандев испрати уште еден „бисер“ во странство

Македонскиот прволигаш, Академија Пандев, испрати уште еден македонски талент во странство, откако младиот Лука Здравковски својот развој ќе го продолжи во хрватскиот клуб Истра. Тој ќе потпише професионален договор со клубот откако ќе наполни 18 години.

Талентираниот фудбалер за врска веќе извесно време тренираше со хрватскиот клуб, а заради неговите добри настапи одговорните во Истра одлучија да го задржат во своите редови. Академија Пандев продолжува да создава играчи кои ќе играат во најсилните европски лиги, порачуваат од клубот.

Покетино на мака: Четворица првотимци не играат против Интер

Тотенхем ќе има тешка задача против Интер да тргне со победа на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, а уште потешко ќе им биде без четворица првотимци во составот. Откако Деле Али и Уго Љорис го пропуштија дербито со Ливерпул, тие двајца нема да играат ниту против „нераѕурите“, а дополнителни проблеми создадоа отсуствата на Киран Трипиер и Тоби Алдервејрелд, кои не допатуваа за Милано со остатокот од тимот.

„Али и Љорис се повредени, Сисоко, исто така, од неодамна закрепнува од повреда. Што се однесува за Трипиер и Алдервејрелд, тие не се повредни, станува збор за техничка одлука“, истакна Покетино на вчерашната прес-конференција.

На местото на Трипиер највернојатно ќе настапи Орие, додека на централната дефанзивна позиција ќе застане младиот Санчес, како алтернатива за белгискиот дефанзивец.

Натпреварот Интер – Тотенхем е закажан за денес, со почеток од 18.55 часот, според нашата понуда, шансите за победа се еднакви на двете страни, и Интер и Тотенхем имаат квота од 2.70 за „кец“, односно „двојка“, додека за евентуално реми 3.35.

Почнува Лигата на шампионите, ќе нема преноси на македонските телевизии

Покрај тоа што е нормално да нема македонски клуб во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони, за првпат во историјата сезонава нема да има ни телевизиски пренос на ниту една телевизија кај нас. Од денеска, па во следните десет месеци љубителите на фудбалот кај нас ќе мора да се снаоѓаат за да ги проследат средбите од елитната лига на УЕФА.

Химната на Лигата на шампионите најпрво ќе се слушне на двата легендарни стадиони „Камп ноу“ и „Џузепе Меаца“. Во 18.55 часот ќе стартуваат мечевите Барселона – ПСВ Ајндховен и Интер – Тотенхем. Денеска, но со почеток во 21 часот, ќе се одиграат уште шест средби, и тоа: Бриж – Борусија Дортмунд, Црвена ѕвезда – Наполи, Галатасарај – Локомотив Москва, Ливерпул – ПСЖ, Монако – Атлетико Мадрид и Шалке – Порто. Ова ќе биде промоција и на новите термини за почеток на мечевите. Досега натпреварите најчесто започнуваа во 20.45 часот, а сега терминот за почеток е поместен за 15 минути подоцна.

ДАЛИ РЕАЛ БЕЗ РОНАЛДО ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ ДОМИНАЦИЈАТА?

Иако има 32 клубови кои ќе се борат за тронот, стандарден е кругот на фаворити. Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, Јувентус, Баерн Минхен и Ливерпул веќе имаат витрини со најзначајниот клупски трофеј, додека Манчестер сити и Пари Сен Жермен се екипите кои се надеваат на историски успех сезонава.

Реал Мадрид е клубот кој доминра и во последните три сезони е на тронот на Европа. Сепак, Кралскиот клуб летово претрпе две големи измени. Си замина тренерот Зинедин Зидан, а екипата ја напушти и првата ѕвезда, Кристијано Роналдо. Португалецот замина во Јувентус, и тоа со една основна цел, а тоа е „старата дама“ да стане европски првак.

Иако Роналдо ја смени средината, ривалството со Лионел Меси во ЛШ ќе продолжи. Меси е главниот адут на Барселона, која четири сезони по ред е елиминирана во четврт-финалето од ЛШ. Ланскиот финалист Ливерпул на стартот од сезоната покажува моќна игра во Премиер лигата и секако дека треба да биде меѓу фаворитите во ЛШ, a никогаш не треба да се отпише ниту германскиот првак Баерн Минхен.

МАНЧЕСТЕР СИТИ Е ПРВ ФАВОРИТ ВО SPORT LIFE

Според коефициентите кои ги нуди обложувалницата SPORT LIFE, прв фаворит за шампионскиот пехар е Манчестер сити. Англискиот тим никогаш во историјата не бил европски првак, но сега ја има улогата на фаворит. Коефициентот за првак му е 5.50. Зад „граѓаните“ следуваат Барселона и Јувентус со коефициент 7.00, а ПСЖ предводен од Нејмар е со коефициент 8.00. Актуелниот првак Реал Мадрид е на петтото место со коефициент 9.00. Групата фаворити ја заокружуваат Баерн Минхен (10 коефициент), Ливерпул (12) и Атлетико Мадрид со коефициент 13 за шампион на Европа.

Лигата на шампионите е пред самиот почеток, следуваат многу возбудливи борби и мечеви за обложување. На крајот, најдобрите две екипи на први јуни 2019 година ќе се сретнат на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.