Дома Blog Страница 10780

Касилјас: Јас, Буфон и Чех сме последните фудбалски рокери

Икер Каислјас е еден од последните активни голмани од старата добро позната гарда на голмани кои оставија голем печат во светскиот фудбал.

„Јас, Џиџи Буфон и Петр Чех сме последните фудбалски рокери од познатата гарда голмани. Се уште не размислувам за повлекување, а верувам дека и Џиџи и Петр ќе бранат уште извесно време“, вели Касилјас.

Тој има активен договор со Порто до крајот на оваа сезона, а знае дека се ближи крајот и простување од фудбалот, како голман, но не и од терените.

„Сакам да продолжам како тренер. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, вели Икер.
Голман што има блескава кариера, која се уште трае и на 37-годишна возраст.

Ангеловски има рецепт за победа против Ерменија

Ерменија доаѓа во Скопје со мини-серија од два меча без пораз против Македонија, но селекторот Игор Ангеловски верува дека сега е моментот да се искористи убавата шанса во атак на историски пласман на Европско првенство.

„Очекувам мечевите со Ерменија да го решат победникот во нашата група. Имаат добар квалитет и поединци, но важно е како функционираат како тим. Ги познаваме од Вардар одлично Хамбарѕумјан и Барсегјан, кои се според мене едни од најдобрите странци што играле во македонското првенство. Но, секако дека верувам во нашиот квалитет и ако играме какмо што знаеме победата ќе биде на дофат“, вели Ангеловски.

Македонија е во одлична форма што почна во финишот на минатите квалификации за Мундијалот во Русија, а продолжи со триумф против Гибралтар на стартот од циклуспот мечеви во Лигата на Нации.

Пандев: Да го добиеме најзначајниот меч во нашата група

Македонија утре во Скопје го игра веројатно и клучниот меч за првото место во четвртата група од Д сегементот во Лигата на Нации, а противник ќе ни биде Ерменија. Ривал кој има квалитетни играчи, предводени од ѕвездата на Арсенал Хенрик Мхтаријан.

„Се знаеше уште по ждрепката дека двомечот со Ерменија ќе биде клуч за првото место. Двете селекции се најквалитетни во групата и тука ќе биде решението. Имаме квалитет и ако одиграме како што знаеме верувам дека ќе победиме“, изјави Горан Пандев.

Капитенот ќе ја преводи нашата селекција и утре и е блиску да го урне рекордот на Гоце Седлоски, според бројот на настапи за македонската репрезентација.

Утре мечот ќе се игра на „Филип Втори“ арената од 18 часот.

И Германците не се совршени, Сане побегна од репрезентацијата

Јоаким Лев има се побвеќе проблеми со репрезентативците на Германија, а нов конфликт селекторот на популарниот „Елф“ има со Лирој Сане.  Играчот на Манчестер сити ја напушти репрезентацијата по завчерашниот дуле со Франција во Лигата на Нации. Незадоволен од минутажата, а играше малку, само 7 минути во финишот на мечот со светските прваци, Сане одлучи да си замине и да не игра против Перу.

Конфликтот меѓу него и Лев почна многу порано, откако офанзивниот играч на Манчестер Сити изненадувачки не се најде на списокот на германската селекција за Мундијалот во Русија. Лев потоа се пишмани, одлучи да го врати Сане во репрезентацијата за стартот на Лигата на Нации, но мир меѓу нив двајца имаше кус период.

Ова се неочекувани проблеми за Германците, а претходно и Месут Озил имаше голем и проблеми и одлучи веќе да не игра за четирикратните светски прваци.

Дибала во јануари си оди од Јувентус?

Пауло Дибала дефинитивно се докажа како еден од играчите кои треба во следните неколку години да бидат меѓу најдобрите напаѓачи во светот. Сепак, Дибала некако нема среќа за да ги добие потребните минути на теренот.

Во дресот на аргентинската репрезентација тој беше резерва на Лионел Меси, а сезонава го снајде нов „малер“. Дибала во Јувентус остана на клупата за резерви, откако во клубот се појави Кристијано Роналдо. Со Роналдо во составот, за Дибала нема место во стартниот тим на „старата дама“.

Токму поради тоа, Аргентинецот размислува да си замине од Торино. Летово за него се интересираа повеќе европски клубови, но Дибала реши да остане во најтрофејниот италијански клуб, верувајќи дека ќе добие поголема минутажа.
Сепак, по првите неколку средби, станува јасно дека Аргентинецот почесто ќе биде на клупата за резерви, отколку на теренот, па затоа за него е најдобро да замине некаде каде што ќе може да ја развива кариерата.

Ѓоковиќ против Дел Потро во финалето на САД Опен

Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро ќе играат во финалето на гренд слемот во Њујорк, популарно како Отворено првенство на САД. Некогаш најдобриот тенисер во светот, Ѓоковиќ во три сета го победи Кеи Нишикори од Јапонија, додека Аргентинскиот тенисер не го доигра својот меч против Рафаел Надал, откако актуелниот број 1 на АТП листата се предаде поради повреда на коленото.

На Ѓоковиќ му беа потребни околу два часа и 20 минути за да обезбеди ново финале во Њујорк. Србинот одлично го започна мечот и уште во првиот гем направи брејк и тоа беше доволно за да го добие првиот сет со 6:3. Во вториот сет Ѓоковиќ продолжи со сигурната игра и го доби со 6:4, а третиот едноставно беше рутина да се зададе завршниот удар и лесно со 6:2 стигна до убедливи 3:0 во сетови.

Хуан Мартин дел Потро прв обезбеди место во финалето и тоа по само два одиграни сета. Рафаел Надал немаше сили и мораше да го предаде мечот, откако Аргентинецот поведе со 2:0 во сетови. Во првиот сет се водеше „војна“ и тај-брејкот решаваше. По повеќе од еден час игра, Дел Потро го доби со тај-брејкот со 7:3. Аргентинецот продолжи со добрата игра и во вториот сет, додека Надал се мачеше со коленото и се обидуваше да даде достоен отпор. Шпанецот беше истоштен од претходниот дуел против Димоник Тим, кога одигра пет сета, па немаше кога да закрепне и доволно добро да се одмори за следните напори.

На крајот, вториот сет заврши со 6:2 во корист на Дел Потро, а Надал реши да го „фрли пешкирот“ и да ја предаде средбата. За Надал ова е трет пат во кариерата да се откаже во тек на играта, на гренд слем турнир.

Никој не ја прашува Барселона

И покрај противењата на тимовите во шпанската Примера, сезонава сепак ќе се сллучи револуционерен потег, а тоа е да се играат мечеви од домашното првенство надвор од Шпанија. Ова го потврди претседателот на Примера дивисион, Хавиер Тебас.

Тебас откри дека дуелот меѓу Барселона и Хирона ќе биде одигран далеку од шпанското тло, односно во Северна Америка. Мајами треба да биде градот домаќин на оваа средба.

„Средбата меѓу Хирона и Барселона со 90 отсто сигурност ќе се игра во Мајами. Тоа нема да биде само за еден меч, тоа е целосна стратегија процес и спонзорство“, вели Тебас.

Бидејќи Хирона ќе биде домаќин на овој меч, за да не се чувствува дискриминиран тој тим, на навивачите ќе им биде понуден бесплатен лет и следење на мечот на нивниот омилен тим, па тие ќе се чувствуваат како да се на домашен терен. Стадионот во Мајами собира 65.000 гледачи и се очекува да биде исполнет до последно место. Освен овој дуел, најавено е дека сезонава ќе има уште неколку меча кои ќе се играат во Америка.

Оваа Англија е како Германија

Поранешниот капитен на германската репрезентација, Филип Лам верува дека Англија има селекција за високи дострели. Лам ги следел мечевите на „Гордиот Албион“ на Светското првенство во Русија и забележал дека нивната игра била слична на таа која ја имала Германија од пред неколку години.

„Кога ќе ги видите на теренот ќе видите дека се работи за добро функционален тим. Мислам дека имаат добри шанси за повторно да направат успехна големо натпреварување. Англија има млад состав. Сите играчи созреваат со тимот, а се создава и добар дух. Тоа се работи кои гарантираат успех“, вели Лам.

Некогашниот германски фудбалер се присетува дека Германија беше на третото место во 2006 и 2010 година, пред да стане светски првак во 2014 година. Сега истото се предвидува на Англија, која летово на Мундијалот во Русија загуби во полуфиналето од Хрватска.

Ја бара мајка му пред секој меч, а на теренот се моли за сите играчи

Играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита е еден од многуте фудбалери кои изведуваат разни ритуали, кои ги сметаат за среќни, пред почетокот на мечот. Сепак, два ритуали кои ги прави се за чудење.

„Прво и основно што правам пред секој меч е разговор со мојата мајка. Таа ми дава голема поддршка. Кога прв пат излегов на терен имав подготвено една мала молитва и таа е за сите кои се на теренот, посебно за мојот тим. Не сакам некој да се повреди или да се случи нешто лошо“, вели Кеита.

Кеита е играчот кој пред почетокот на оваа сезона, за сума од 60 милиони евра си замина од Лајпциг, за да дојде во Ливерпул. Играчот не жали што ја сменил средината и живеалиштето и верува дека со Ливерпул ќе се радува на трфеи.

Борис Дијав ѝ кажа збогум на кошарката

Борис Дијав, една од легендите на француската кошарка, одлучи да престане да игра кошарка на 36-годишна возраст. Сегашниот кошаркар на Левалоа на својот профил на „Твитер“ објави дека е  време да се пензионира по успешната кариера. Со Франција освојуваше медали на сите големи натпреварувања, а лани по 14 години минати во НБА-лигата, се врати во својата земја.

„Минатата година најавив дека е време за пензија, а сакав да видам како е подолго време да одмарам. Откако завршив со настапите во НБА, имав повеќе време за одмор, и тоа ми се допаѓа. Доста беше со кошарката и време е за простување“, објави Дијав.

Тој не беше повикан во составот на селекцијата на Франција за септемвриските мечеви во мундијалските квалификации, што само ја забрза неговата одлука за простување од кошарката.