Дома Blog Страница 153

Леброн Џејмс на 41 година со трипл-дабл го водеше ЛА лејкерс до победа над Вашингтон (Видео)

Се чини дека за Леброн Џејмс не постојат граници, па кошаркарот на ЛА лејкерс само го подобри својот рекорд за највозрасен играч кој успеал да дојде до троен ефект. Леброн со 41 година и 44 дена дојде до ефект од 21 поен, 10 скока и 12 асистенции и на тој начин го водеше Лејкерс до домашен триумф над Вашингтон со 120-101.

Леброн Џејмс не само што дојде до трипл-дабл, туку беше и најефикасен на мечот во „Крипто ком арената“.

Резултати:

Мајами – Филаделфија 119-109
Атланта – Бостон 112-102
Мемфис – Феникс 105-131
Сан Антонио – Чикаго 129-114
Далас – Минесота 94-124
Јута – Кливленд 113-122
Оклахома – Детроит 114-110 (101-101)
ЛА Лејкерс – Вашингтон 120-101

Италијанците се жалат: „Бетон и железо, загаден град – Босанците ќе прават притисок“

Стадионот „Билино поле“ во Зеница ќе биде домаќин на мечот помеѓу Босна и Херцеговина и Италија, дуел кој ќе одлучува за патникот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Сепак, Италијанците не се задоволни од условите во коишто ќе играат, но и од изборот на градот домаќин.

„Станува збор за стар објект, со ’рѓосани огради, бетонски скали изедени од времето и употребата, и трибини (правоаголни, во англиски стил) кои завршуваат буквално до самиот терен. Токму тоа – притисокот и атмосферата – е едно од оружјата што Босна ќе се обиде да ги искористи. Стадионот се наоѓа меѓу ридовите богати со јаглен кои ја опкружуваат Зеница (град со високо ниво на загадување, со бројни индустрии и челичарници), опкружен со згради и бетон. Условите не се идеални“, пишува италијанскиот „Кориере дело спорт“, а во прилог објавија и видео од условите на стадионот во Зеница.

 

Моќна Германија: Седма победа по ред за момците на Нагелсман (Видео)

Фудбалерите на Германија ја зебелажаа и втората победа во мартовскиот прозорец на ФИФА, односно седма по ред ако се сметаат и последните пет меча од квалификациите за Светското првенство.

Избраниците на Јулијан Нагелсман со 2-1 славеа над Гана, па дојдоа до ефект од 22 гола на последните седум меча на коишто победија или во просек со над три по натпревар.

Кај Хаверц со гол од пенал во самиот финиш од првото полувреме ја донесе Германија во водство.

Исахаку Фатаву во 70-тата минута израмни на 1-1 откако се најде на вистинското место во шеснаесетникот на Германија и погоди во мрежата на Александер Нубел.

Победата за Германците ја донесе Денис Ундав во 88-мата минута.

Германија пред почетокот на Светското првенство ќе одигра пријателски натпревари и против Финска и против САД, а на Мундијалот е во група со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

Гана во пресрет на Мундијалот ќе одигра контролни натпревари против Мексико и Велс, а таму е во група со Панама, Англија и Хрватска.

Скалони: „Не одигравме добро, против Замбија ќе игра и Меси“

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, соопшти дека напаѓачот Лионел Меси ќе биде дел од составот за пријателскиот натпревар против Замбија на први април.

Во претходниот пријателски меч Аргентина ја победи Мавританија со 2:1, а Меси влезе во игра во второто полувреме.

„Добар знак е што играчите сфатија дека не одигравме добро против Мавританија – не бевме вистински тим. Ова е добра можност да видиме каде се наоѓаме. Да се надеваме дека беше само еден лош натпревар“, изјави Скалони, пренесува ESPN.

Во групата Ј на Светско првенство 2026, Аргентина ќе игра против Алжир, Австрија и Јордан.

Босанците со безвременски хит го најавија мечот против Италија (Видео)

Во Босна и Херцеговина владее фудбалска треска и сите се во очекување на мечот против Италија во Зеница за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. На социјалните мрежи се појави навистина моќна најава за одлучувачкиот дуел, а во заднина се слуша безвременскиот хит на Дино Мерлин, чиј наслов во слободен превод на македонски би гласел „Еден ден, една ноќ“.

Навистина едноставно и моќно, порака која сигурно ќе допре до секој кој навива за Босна и Херцеговина.

 

Ливерпул ќе го отпушти Слот, познато е кој ќе биде неговиот наследник

Ливерпул донел одлука да се раздели со својот тренер Арне Слот, пренесува „Билд“. Уште повеќе, клубот веќе го избрал неговиот наследник, а тоа ќе биде Чаби Алонсо.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид се раздели со Кралскиот клуб поради несогласувања со дел од играчите и незадоволителни резултати.

Во Ливерпул се надеваат дека Чаби Алонсо ќе успее да го врати тимот во трката за титулата. Шпанскиот стратег веќе има искуство со играчи како Флоријан Вирц и Жереми Фримпонг од периодот во Баер Леверкузен, па се смета дека токму тој е човекот кој може да го извлече нивниот целосен потенцијал.

Тројца навивачи завршиле во полициска станица по вечното кошаркарско дерби

МЗТ Скопје и Работнички синоќа ја одиграа една од најинтересните дерби-пресметки последниве години, а на крајот се радуваше актуелниот шампион со 97-93, дури по продолжение од пет минути. Иако навидум изгледаше дека дербито мина во најдобар ред, сепак дневниот билтен со настапи на Министерството за внатрешни работи открива дека тројца навивачи завршиле во полициска станица.

Двајца од нив поради фрлање предмети во теренот, а еден поради носење пејпер спреј.

„На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што се одржувал кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел пејпер спреј. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортски натпревари“, се вели во билтенот на МВР.

Фудбалерите тренираа на „Авива“ во Даблин, стадионот на кој секогаш сме губеле (Фото+Видео)

Ирска и Македонија во вторник ќе одиграат меч на поразените селекции од првиот бараж за пласман на Светското првенство, практично пријателски меч, кој нема никакво значење, а двајцата селектори ќе имаат можност да комбинираат со составите без резултатски притисок.

Нашата селекција вечерва го има официјалниот тренинг на стадионот на којшто ќе се игра натпреварор, „Авива“ во Даблин, место на кое досега трипати сме гостувале и трипати сме биле поразени.

Синер не се осмели да го прогнозира мечот БиХ – Италија, девојката му е Босанка

Италијанскиот тениски ас Јаник Синер го освои турнирот во Мајами, а како што истакна, за целосен италијански спортски триумф оваа недела недостасува само едно, победата на Аѕурите против Босна и Херцеговина и пласман на Светското првенство во фудбал.

„Да живее Италија“, напиша Синер на објективот на камерата откако го доби финалето против Јиржи Лехецка.

„Горд сум што сум Италијанец и што можам да вратам нешто позитивно за целата поддршка што ја добивам. Ова беше фантастичен викенд за нас Италијанците. Ги следам Формула 1 и Мото ГП, многу италијански спортисти ме воодушевуваат. Живееме неверојатен момент во многу спортови. Сега имаме важен натпревар против Босна и Херцеговина. Ќе биде тешко и ќе видиме што ќе се случи. Но, не ме прашувајте да давам предвидувања, тоа не ми е силна страна“, рече Синер.

Инаку неговата девојка е Босанката Лаила Хасановиќ, со потекло од Сребреница, а родена е во Данска.

 

Димитриевски: Јас секогаш излегувам на теренот за да победам

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Република Ирска во Даблин, во дуелот на двете поразени селекции од полуфиналниот плејоф за пласман на СП 2026. По поразот од Данска (4-0), сега следува нов предизвик, а тимот треба да се издигне.

Голманот Столе Димитриевски вели дека одбраната мора да биде на ниво, а клучно ќе биде и да се освојат тие втори топки, кои некогаш се многу важни за текот на натпреварот.

„Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, посебно кога играм во дресот на Македонија. И нема неважни натпревари за репрезентацијата. Имаме два убедливи порази во последните два меча, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Во таков случај, ако сме подобри во тој дел, ќе имаме ние повеќе напади отколку противникот и ривалите нема да имаат толку шутеви кон нашиот гол. Работиме, зборуваме, анализираме и треба да се подобриме“, изјави Столе Димитриевски.