Тажна вест дојде од Белорусија, на 50-годишна возраст почина Едуард Кокшаров, руската ракометна легенда кој во минатото беше и спортски директор и тренер во скопски Вардар.
Кокшаров последно работеше како тренер на Мешков Брест. Тој како руски репрезентативец беше олимписки шампион од 2000 година, има и олимписка бронза од Олимписките игри во Атина 2004 година, а има и злато (1997) и сребро (1999) на Светско првенство и сребро на Европското првенство во 2000 година. Тој е и единствениот ракометар кој постигнал повеќе од 1.000 голa за руската репрезентација.
Кокшаров во 2016 година дојде во Македонија, неколку години беше спортски директор на Вардар, а во кратки периоди ги предводеше и машката и женската екипа како главен тренер. За време на неговиот ангажман како директор, машкиот тим на Вардар двапати ја освои Лигата на шампионите.

Фото: Денис Дукоски





