-1.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026
Дома Blog Страница 62

Матиќ: Зошто Џака и Шаќири не играат за Албанија ако толку ја сакаат?

Српскиот фудбалер Немања Матиќ, кој е поранешен ас на Манчестер јунајтед и Челзи, а сега е во Сасуоло, ги критикуваше швајцарските репрезентативци со косовско потекло, Гранит Џака и Џердан Шаќири.

Матиќ играше на Светското првенство во Русија во 2018 година и на познатиот натпревар во Калининград, кога Џака и Шаќири дадоа голови за пресврт и победа против Србија, а потоа славеа со покажување на „албанскиот орел“, исто како и четири години подоцна во Катар.

Во интервју за британскиот „Фор фор ту“, Матиќ ги праша двајцата зошто не играат за Албанија наместо за Швајцарија кога веќе толку многу ја промовираат.

„Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколкупати во Премиер лигата. Но, тие со ситници добиваат евтини политички поени. Пораснале во Швајцарија и не покажуваат почит кон земјата за која играат. Ако толку многу ја сакаш Албанија, зошто не играш за Албанија? Тоа е моето прашање“, рече Матиќ, кој не играл за Србија од 2019 година од лични причини, но објасни дека за него постои само една земја.

„Можеш да сакаш неколку земји, тоа не е проблем. Ја сакам Србија, тоа е моја земја. Ја сакам и Англија, поминав многу време таму, но никогаш нема да кажам дека ја сакам Англија повеќе од Србија. Мора да бидете искрени. Играв против Џака многу пати и никогаш немав проблем. Секогаш се ракувавме, тој е добар играч, како и Шаќири. Но, јас никогаш не би направил нешто такво за да провоцирам некого. Ги почитувам сите“, додаде Матиќ.

 

Астон вила е фаворит против Арсенал… за да го има почетниот удар на дербито (Фото)

Арсенал е фаворит за победа против Астон вила во дербито на првиот и третиот во Премиер лигата, а гостите од Бирмингам, кои имаат дури 11 победи по ред, се фаворити за да го имаат почетниот удар на мечот.

Тоа го велат квотите во Специјалот на Sport Life. Поради тоа што Арсенал е фаворит за победа, поголеми се шансите на Вила да го добие првиот жолт картон и да има повеќе картони во текот на мечот, прва да направи пенал. Арсенал е тимот од којшто се очекува да има повеќе шутеви, корнери, офсајди…

Кај стрелците, изборот е богат, од Ѓокереш, Габриел Жезус, Сака, Тросар и Мерино, Мадуеке, Мартинели, Езе, Одегард, сите од домашниот тим, до Воткинс кому денеска му е роденден, Мален, Роџерс, Санчо од Вила.

Новогодишното коло на Спортската прогноза е тука, интересни мечеви во Англија и во Италија

Типувањето за новото 14-то коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза само што почна, а во главната понуда има 13 дуели од најсилните лиги во Европа.

Најатрактивно во претстојниот викенд ќе биде дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер сити и Челзи, а треба да биде интересно и на пресметката на Лидс со Манчестер јунајтед, како и на Вулфс и Вест хем кои почнуваат в сабота во 16 часот и тоа е терминот до кој може да се прогнозира.

Во Серија А се истакнуваат два меча, гостувањето на првакот Наполи во Рим кај Лацио и мечот на Аталанта и Рома.

Како и во секое коло, главен предизвик за секој прогнозер е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 дуели. Оној кој ќе има перфектен биланс ќе добие iPhone 16.

За една утка и 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 денари, а 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

SPORT LIFE им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби при посетата на претставниците на Sport Life обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со Даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.

„Ова е петта година по ред во која во пресрет на Новогодишните празници сакаме да ја подигнеме свеста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, т. е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите. Се надеваме дека оваа наша посета и донација ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и таа ќе продолжи и во иднина“, изјави Петар Поцков, маркетинг-директор на Sport Life.

Воедно Sport Life обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.

Инфантино става крај на „милиметарските“ офсајди

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, вчера најави вистинска фудбалска револуција и промена што драстично ќе ја промени најважната споредна работа на светот.

Имено, првиот човек на светскиот фудбал сака радикално да го промени правилото за офсајд во иднина, со цел фудбалот да биде пофер и попривлечен за гледачите.

Како што истакна Швајцарецот, воведувањето на ВАР-технологијата имаше цел да им помогне на судиите да ги исправат очигледните грешки што се видливи за милиони луѓе ширум светот. Инфантино верува дека „милиметарските“ одлуки за офсајд доведоа до фрустрации кај играчите, тренерите и навивачите.

Поради ова, ФИФА сериозно ја разгледува идејата офсајд да постои и голот да биде поништен само ако напаѓачот е целосно пред последниот дефанзивец, а не само со минимален дел од телото.

Оваа промена би донела повеќе голови, помалку контроверзии и појасни одлуки, што би го зачувало духот на играта, но и би ги искористило предностите на модерната технологија.

Доколку предлогот биде усвоен, фудбалот каков што го знаеме би исчезнал, а најпопуларниот спорт на планетата би влегол во сосема нова ера.

Гол на вардарецот Мато во дуелот со Нигерија богато се наградува (Фото)

Нигерија е голем фаворит за победа против Уганда во вечерашниот нивен дуел од Африканскиот куп на нациите, па и квотите за стрелец во Специјалот на Sport Life најмали се кај нигериските ѕвезди Виктор Осимен и Адемола Лукман, тука е и Акор Адамс од Севилја.

Најголеми шанси да постигне гол за Уганда му се даваат на Роџерс Мато, голгетерот на Вардар и можеби најдобриот странец во нашата прва лига.

Мато не даде гол против Тунис и Танзанија, можеби ќе му се посреќи против најсилниот тим во групата. Нигерија има две победи по две кола, но примаше гол(ови), а и може да се релаксира вечер, првото место им е речиси сигурно.

Освен за стрелец кога било во текот на мечот, може да уплатите и на поризични варијанти кои носат поголеми квоти, а тоа се прв стрелец, хет-трик, автогол или комбинација победа со стрелец во текот на средбата.

ФФМ со дисциплинска постапка против експретседателот Сејдини, на „тапет“ и тренерските лиценци

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.

„Постапката се покренува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансната исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите, и без да биде обезбедена банкарска гаранција.

Управниот одбор оценува дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на Федерацијата“, стои во соопштението на Федерацијата.

Исто така, се појаснува дека УО на ФФМ ќе формира ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.

„Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци.

Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО-лиценца, ревизија која тој самиот ја побара“, информираат од ФФМ.

„Правилото 185“ на Атлетико ја става во опасност иднината на екстра талентираниот голман

Атлетико Мадрид во својата академија има суперталентиран голман кој се вика Ињиго Асореј и има 12 години, но Јорганџиите може да останат без него ако не го сменат „правилото 185“, според кое за еден голман да биде дел од младинскиот тим на Атлетико, мора да биде висок минимум 185 сантиметри.

Ињиго моментно има 165 сантиметри. Има време да порасне, но прашање е дали ќе порасне уште 20 сантиметри во следните 5-6 години.

Неговите одбрани беа импресивни, тој дури и постигна гол од сопствениот шеснаесетник во четвртфиналниот натпревар на еден престижен турнир на Канарските Острови против Јувентус. Во полуфиналето против Реал Мадрид блесна во пенал-серијата, а во финалето го маѓепса голот против Вилјареал.

Единствена пречка за Ињиго може да биде само неговата висина. Сега се поставува прашањето дали Атлетико ќе направи исклучок ако Асореј не порасне до 185, а со своите одбрани ги оправда големите очекувања. Ќе дознаеме за неколку години.

 

Ѓоковиќ откри кои тројца спортисти му биле идоли во детството

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашањето кои му биле идоли од детството, а тој наброја тројца славни спортисти.

„Моите идоли беа Пит Сампрас, Коби Брајант и Алберто Томба – тие беа најдобри во своите спортови, а јас ги поддржував како навивач. Да не станев тенисер, што ќе правев? Обожував да играм фудбал како дете…“, откри Ѓоковиќ.

Сампрас беше рекордер по бројот на освоени гранслем-титули пред појавувањето на Роџер Федерер, малку подоцна и на Рафаел Надал и Ѓоковиќ. Кошаркарот Брајант кога загина во хеликоптерска несреќа, тоа беше голема болка и за Ѓоковиќ кој и лично се познаваше со него, а скијачот Томба беше ѕвезда која сите ја сакаа поради стилот и победите во слалом и велеслалом.

Празнично работно во објектите на Sport Life (Фото)

Објектите на спортските обложувалници Sport Life ќе работат со скратено работно време на 31 декември и на први јануари.

На последниот ден од 2025 година објектите на Sport Life ќе работаат од 9 до 18 часот, додека на први јануари од 12 до 21 часот.