-1.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026
Дома Blog Страница 63

Набилдани премиерлигашки квоти и до 20.00 во Sport Life (Фото)

Најголемите квоти за врвниот европски фудбал, како и секогаш, се во Бет билдерот на Sport Life. Вечерва вниманието ќе биде насочено кон натпреварите во Премиер лигата, а ќе играат гиганти како Челзи, Манчестер јунајтед и Арсенал.

Во Бет билдерот на Sport Life за вторник има шест опции за три меча со квоти кои достигнуваат и до 20.00.

За мечот на Челзи и Борнмут квотите се 17 и 20, додека за Арсенал и Астон вила има квоти од 16 и 17.

Манчестер јунајтед го пречекува премиерлигашкиот „фенерџија“ со квоти од 15 и 20 во Бет билдерот на Sport Life.

Во Реал размислуваат за иднината: Млад голман ќе биде долгорочната замена за Тибо Куртоа

Тибо Куртоа веќе седум и пол години е незаменлив на голот на Реал Мадрид откако беше купен од Челзи за 35 милиони евра. Сепак, белгискиот голман има 33 година, а Кралевите размислуваат за иднината.

На „скенерот“ на Реал Мадрид е младиот шведски голман Симон Ериксон, кој во моментов е член на Елфсборг. Деветнаесетгодишниот голман веќе е стандарден во најквалитетната шведска лига, а раководството на Кралевите планира да го ангажира налето и тој постепено да се вклопи во екипата и во системот на Реал Мадрид.

Челзи и Манчестер јунајтед ќе победат, Арсенал ќе стави крај на серијата на Астон вила (Фото)

1009 Челзи – Борнмут (20:30)

Челзи по шокантниот пораз од Астон вила на домашен терен ќе мора да се „вади“ против незгодниот Борнмут пред своите гледачи. Раководството на Сините му постави ултиматум на Енцо Мареска, па Челзи ќе мора да победи. И традицијата е на нивна страна бидејќи против Борнмут немаат пораз од 2019 година или девет натпревари по ред.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.74)

 

1162 Барнли – Њукасл (20:30)

Барнли и Њукасл се во долниот дел од премиерлигашката табела, па предлогот за нивниот меѓусебен дуел е да се одигра на голови. Очекувањата се дека ќе има голови и во двете полувремиња, и тоа помеѓу еден и три, а во Sport Life ќе добиете одлична квота за оваа игра.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.91)

 

1163 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (21:15)

Манчестер јунајтед пред својата публика го пречекува „фенерџијата“ во Премиер лигата, Вулверхемптон, и сè освен лесна и убедлива победа за избраниците на Рубен Аморим ќе биде големо изненадување. Гостите се единствената екипа која сè уште нема победа оваа сезона, а одиграа само две нерешени средби и веќе може да се подготвуваат за настап во понизок ранг од следната сезона.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.55)

 

1164 Арсенал – Астон вила (21:15)

Дербито на колото во Премиер лигата се игра во Лондон, каде што Арсенал ја пречекува Астон вила. Гостите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, од кои осум во Премиер лигата и заостануваат само три бода од лидерот, но Топчиите вечерва треба да стават крај на таа серија.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.24)

 

1161 Нотингам форест – Евертон (20:30)

Нотингам форест и Еверетон се во втората половина од табелата во Премиер лигата и далеку од врвот и борбата за Европа. Очекувањата се дека двете екипи ќе одиграат тврд меч, а првиот гол ќе биде постигнат по 30-тата минута, за што квотата е одлична.

Предлог тип: 30-90 мин (2.16)

 

Имаат 11 победи по ред, но нивниот тренер вели: „Нема смисла да ме прашувате за титулата“

Астон вила има 11 победи по ред во сите натпреварувања, од кои осум во Премиер лигата и веќе е на минус три од лидерот Арсенал. Минатото коло славеа над Челзи, а вечерва ги очекува вистински предизвик – гостување токму на водечкиот на табелата.

Сепак, и покрај одличната форма, тренерот на Астон вила, Унаи Емери, смета дека неговата екипа е далеку од титулата.

„Тоа беше фантастично, но да зборуваме за титулата, според мене, за нас нема смисла. Сега, во декември, тоа нема смисла. Се разбира дека сме мотивирани, но во моментов размислуваме само за натпреварот против Арсенал. Има разлика од три бода меѓу нас, тоа е нашата мотивација, но ако денес размислуваме за она што ќе биде по 38 натпревари – тогаш животот поминува и не уживаме во моментот“, рече Емери на официјалната прес-конференција.

Фудбалот доминира во Супер типот, но зголемени квоти има и за кошарка и за хокеј (Фото)

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 10 од 16-те натпревари, четири меча се од кошарката, а два од хокејот.

Првиот натпревар започнува во 17 часот, а тоа значи дека имате доволно време да размислите и да го одберете парот со кој ќе ја зголемите добивката на вашите тикети.

Најинтересни се натпреварите од Премиер лигата, па во Супер типот има зголемени квоти за победи на Челзи, Њукасл, Манчестер јунајтед и Арсенал, но и за Глазгов ренџерс, како и за два меча од кошаркарската Евролига.

На Португалецот не му се игра во Саудиска Арабија, уште зимава ќе се врати во Барселона?!

Португалскиот десен бек Жоао Кансело по пауза од една и пол година може да се врати повторно во редовите на Барселона откако сезонава има мала минутажа кај Симоне Инѕаги во Ал-Хилал. Тој иако има договор со екипата од Саудиска Арабија до 2027 година, сепак сака што е можно поскоро да се врати во Европа и да конкурира за составот на Португалија за Светското првенство.

Барселона му нуди опција повторно да игра на „Камп ноу“, а Кансело нема ништо против такво нешто. Португалецот една сезона играше за Каталонците како позајмен од Манчестер сити и тогаш собра 42 настапи со ефект од четири гола и пет асистенции.

Шпанците сметаат дека Кансело одлично би се вклопил во формацијата на Ханси Флик бидејќи иако е десен бек, знае да се уфрли и офанзивно и сериозно да го загрози противничкиот гол.

Островско-африканска комбинација со коефициенти и до 2.30 во Квотите на денот (Фото)

Натпревари од Премиер лигата, шкотскиот Премиершип и Африканскиот куп на нациите се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Петте предлози искомбинирани на еден тикет прават квота од 42.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.30.

Од фудбалерите на Тунис се очекува да ја победат Танзанија, а доколку тоа го направат во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, тогаш квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Челзи на домашен терен го пречекува Борнмут, а квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако „сините“ и во првото и во второто полувреме не постигнат повеќе од еден гол.

Во меч од шкотскиот Премиершип, Глазгов ренџерс го пречекува Сент Мирен. Квотата од 2.30 ќе биде добитна ако домашните постигнат повеќе голови во второто полувреме, во споредба со првото.

Од фудбалерите на Манчестер јунајтед се очекува лесна и убедлива победа над Вулверхемптон, па квотата од 2.20 ќе биде добитна ако Црвените ѓаволи имаат предност на полувремето и на крајот триумфираат во меч на кој ќе бидат постигнати најмалку два гола.

Во најинтересниот меч од Премиер лигата вечерва играат Арсенал и Астон вила. Понудената квота од 2.00 ќе биде добитна само ако во првото полувреме не биде постигнат повеќе од еден гол, додека во второто полувреме потребни се помеѓу еден и три гола.

Аморим: „Ако ја менувам формацијата поради медиумите, тоа ќе биде крај за мене“

Рубен Аморим од самото пристигнување во Англија е на удар на медиумите поради својот систем на игра, со по тројца дефанзивци и бекови, а на мечот против Њукасл за првпат се откажа од тоа и играше со класична четворка во одбраната, која стана и шестка во моментите кога се бранеше победата.

Сепак, Португалецот вели дека не го сторил тоа поради медиумите, туку само поради тоа што ситуацијата на теренот била таква.

„Кога дојдов тука минатата сезона, сфатив дека можеби немам фудбалери за веднаш да го играме добро тој систем, но тоа беше само почеток на процесот. Градиме идентитет. Денес е нешто друго. Немам голем број фудбалери и мора да се прилагодиме, за да сфатат зошто ги менуваме работите. Тоа нема врска со притисокот од медиумите или навивачите. Кога вие постојано зборувате за промена на системот, јас не можам да реагирам на тоа бидејќи фудбалерите ќе помислат дека тоа е поради вас, а тоа би било крај за еден тренер. Кога играме добро во својот систем, тогаш е вистинскиот момент за промена“, рече Аморим.

Манчестер јунајтед вечерва пред својата публика го пречекува „фенерџијата“ на премиерлигашката табела, Вулверхемптон, па ќе биде интересно да се види со каква формација ќе истрча Рубен Аморим.

Барселона ја најде идеалната замена за Левандовски, налето може да дојде како слободен фудбалер

Судбината на Роберт Левандовски во Барселона е неизвесна, со оглед дека договорот му истекува налето, а нема најави дека ќе биде продолжен. Тоа би значело дека Каталонците ќе мора да доведат квалитетен напаѓач како соодветна замена за полскиот репрезентативец.

Според информациите од Шпанија, во Барселона сметаат дека идеалното решение за нападот би бил Душан Влаховиќ од Јувентус, играч кому му истекува договорот во јуни и може бесплатно да пристигне на „Камп ноу“.Сепак, постои и опција според која Барселона може да го купи уште во зимскиот преоден рок со голем попуст.

Србинот долго најавуваше дека сака да се пресели во Премиер лигата, но повик од Барселона може да ја промени ситуацијата и тој на крајот да заврши во Шпанија.

Наместо историја – катастрофа: Никола Јокиќ заработи тешка повреда! (Видео)

Погледите на спортската јавност беа насочени кон мечот помеѓу Мајами и Денвер и сите очекувања беа дека Никола Јокиќ ќе дојде до нов трипл-дабал, со што ќе се израмни на второто место на вечната листа со Оскар Робертсон, но наместо тоа – се случи катастрофа.

Во последните секунди од првото полувреме, Србинот заработи тешка повреда на коленото откако неговиот соиграч незгодно падна врз ногата на Јокиќ, па мораше да интервенира медицинскиот тим и да го изнесе надвор од теренот.

До тој момент сè одеше според планот. Јокиќ имаше 21 поен, пет скока и осум асистенции и во второто полувреме се очекуваше да дојде до трипл-дабал.

Прогнозите околу повредата се од умерени до катастрофални. Србинот треба да направи комплетни медицински прегледи пред да се утврди степенот на повредата, а клупскиот доктор на Денвер изјави дека Јокиќ ќе паузира најмалку еден месец.

Стравувањата се дека постои можност да се скинати и лигаментите на коленото, а тоа би значело вистинска катастрофа и крај на сезоната за Никола Јокиќ.

Резултати:

Шарлот – Милвоки 113-123
Вашингтон – Феникс 101-115
Бруклин – Голден стејт 107-120
Мајами – Денвер 147-123
Торонто – Орландо 107-106
Чикаго – Минесота 101-136
Хјустон – Индијана 126-119
Њу Орлеанс – Њујорк 125-130
Оклахома – Атланта 140-129
Сан Антонио – Кливленд 101-113
Портланд – Далас 125-122