3.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026
Дома Blog Страница 69

Ливерпул се вклучи во трката по Семењо и му ги помати сметките на Манчестер сити

Се чини дека сагата околу Антоан Семењо како да нема крај, и тоа во период кога преодниот рок сè уште не е ни започнат. Последните информации беа дека фудбалерот ги договорил личните услови со Манчестер сити и се чекаше само официјалниот почеток на преодниот рок и активација на неговата откупна клаузула, но сега единственото што е јасно е дека репрезентативецот на Гана нема да игра за Борнмут во продолжението на сезоната во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола инсистира Ганецот да биде купен со активирање на неговата откупна клаузула од 75 милиони евра, која е на сила до десетти јануари, но сега во трката по неговиот потпис се вклучи и Ливерпул, од каде што го имаат истиот план.

Семењо сега нема да брза со потписот за Граѓаните и ќе ја сочека понудата на Ливерпул, па ќе се одлучи која е подобрата за него.

Интерес за фудбалерот на Борнмут имаше и од Тотенхем, Челзи и Манчестер јунајтед, но и трите екипи во моментов се многу далеку од неговиот потпис и воопшто не се споменуваат последните денови.

Специјална понуда на Sport Life: Рома сака да остане во трка за врвот, Џенова 35 години го нема освоено „Олимпико“ (Фото)

На последниот меч за 2025 година во Серија А ќе играат екипите на Рома и Џенова, натпревар кој и двете екипи го дочекуваат од различни делови на табелата, но и различни амбиции.

Рома е голем фаворит за победата со одлична квота во понудата на Sport Life од 1.65, додека квотата за победа на гостите е 6.00. Домашните со три бода сакаат да останат во игра за врвот на табелата, а гостите веќе 35 години сонуваат да го освојат „Олимпико“. Последната победа на Џенова на гостување кај Рома се случи во 1990 година.

Дибала и Фергусон треба да бидат главната опасност по голот на Џенова, па искомбинирани со победа на Рома и двајцата имаат квоти од по 3.30. Комбинацијата на победник и стрелец достигнува квота и до 18.00.

Во специјалната понуда на Sport Life може да се одигра и на стрелец во текот на натпреварот, стрелец на прв гол, но и на хет-трик, а квотите достигнуваат и до 200.

Меѓу стотиците игри и комбинации се и статистичките елементи, како што се корнерите, фаулите, замените, офсајди, картони…, а комплетната понуда може да ја погледнете на овој ЛИНК.

Кавани објави дека се пензионира: „Фудбалу, ти благодарам!“

Славниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани објави дека се пензионира од активното играње фудбал. Еден од најдобрите напаѓачи во модерната ера на европскиот фудбал заминува во пензија на 38-годишна возраст како член на аргентинската Бока јуниорс, и тоа на една година пред истекот на договорот.

Кавани ќе остане запаметен како фудбалерот кој постигна 104 гола за Наполи, но и со над 200 гола беше рекордер во историјата на ПСЖ сè додека неговиот рекорд не беше срушен од Килијан Мбапе.

„Фудбалу, ти благодарам! Ти ме обликуваше, ме предизвика, ме научи да се издигнувам кога ќе паднам и да го ценам секој чекор од патот. Ми овозможи да ги остварам соништата кои како дете ми изгледаа невозможни и да запознаам неверојатни луѓе на теренот и надвор од него. Ништо од сето ова не би било возможно без моето семејство, пријателите, соиграчите, тренерите и, пред сè, навивачите. Љубовта на навивачите во секоја земја и во секој клуб засекогаш ќе ја носам со себе. Заминувајќи, заминувам во мир и со спокој затоа што знам дека го дадов најдоброто од себе на секој тренинг и на секој натпревар. Со грешки, со успеси, но секогаш со почит кон оваа професија која ми даде толку многу“, напиша Кавани.

Уругваецот во својата кариера настапуваше за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Валенсија и Бока јуниорс. За репрезентацијата на Уругвај одигра 136 натпревари и постигна 58 гола.

Мароко со победа треба да го потврди првото место во групата, Ен-Несири е фаворит да постигне гол (Фото)

На Африканскиот куп на нациите вечерва започнуваат натпреварите од третото коло, по што ќе бидат познати и екипите кои се разигруваат за трофејот. Мароко е домаќин на натпреварувањето и е еден од фаворитите за освојување, но сè уште го нема потврдено местото помеѓу најдобрите 16 репрезентации.

Мароканците вечерва играат против Замбија и според квотите во Sport Life, се апсолутни фаворити со квота за победа од 1.22. Сепак, квотата може да биде и многу повисока ако ја искомбинирате со стрелец, а за такво нешто фаворити се Ен-Несири и Ел-Каби. Квотата за нив е по 2.10, додека во понудата се и Брахим Дијас (3.00), Ел-Ајнауи (3.75) и Хакими (4.00).

Може да се одигра и само на стрелец, но и на стрелец на првиот гол, како и на хет-трик, каде што се најголемите квоти кои достигнуваат до 150.

Дел од понудата за мечот на Мароко и Замбија се и стотици игри за статистичките елементи на натпреварот, како што се: корнери, офсајди, картони, фаули, замени, аути… Комплетната понуда на Sport Life може да ја најдетеè.

Празнична ВЛТ џекпот магија: Рекордни 11.225.392 денари во Скопје – Ројал џекпот донесе среќа

Во 2025 година завршуваме навистина со среќни вести. На 27 декември Б. А. од Скопје освои рекордни 11.225.392 денари, благодарение на празничниот РОЈАЛ ЏЕКПОТ.

Скопјанецот Б. А. ќе влезе во 2026 година со голема радост и уште поголема возбуда. Тој е најновиот среќен добитник кој ја почувствува празничната магија во последниот викенд од 2025 година, освојувајќи ја досега највисоката џекпот добивка  РОЈАЛ ЏЕКПОТ.

„Цел викенд не спиев од возбуда“, ни раскажа среќниот добитник. „Имам освоено и неколку помали добивки, но ова беше вистинско изненадување. Со другарите се радувавме цел викенд. Ќе ми биде многу убава 2026 година.“

Б. А. ги сподели и своите планови за освоените 11.225.392 денари:

„Прво ќе си купам нов автомобил, а потоа ќе ги исполнам и другите новогодишни желби. Сега е вистинско време за радување.“

Рекордната РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка е освоена на ВЛТ локацијата „Спорт-Лаиф Трејд“ во Скопје, на 27.12.2025 година. Ова е третата освоена РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка, но и прва со ваков рекорден износ.

Видеолотарија Касинос Австрија, следејќи го интересот и задоволството на своите верни играчи, од 01.12.2025 година ја активира новата дополнителна џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ, со износ од 8 до 12 милиони денари.

Првиот РОЈАЛ ЏЕКПОТ беше освоен во Струмица на 08.12.2025 година, а вториот во Охрид, вреден фантастични 10.641.052 денари. Покрај РОЈАЛ џекпот, активни се и добро познатите џекпот добивки – Милионер и Мини Џекпот.

Побарајте ја најблиската ВЛТ локација, уживајте во празничната магија и забавувајте се одговорно.

Македонецот самиот себе си е најголем непријател

Изборот на Гоце Седлоски за нов селектор ја зовре крвта кај многумина, а кулминира со јавното излагање на поранешниот селектор Игор Ангеловски. Само неколку часа по наименувањето на Седлоски за селектор, популарниот Мрме преку социјалните мрежи жестоко реагираше, имаше порака за „фудбалските стаорци“, а новиот селектор го нарече „ни риба ни девојка“.

Ова секако дека беше неочекувано од некој кој знае како е да се биде селектор, од некој кој знае колку треба да се добие поддршка, посебно на почетокот, кога се доаѓа на чело на репрезентацијата.

Кога Ангеловски дојде на чело на Македонија, најголемата помош и поддршка ја доби од Горан Пандев. Ангеловски тогаш во првиот работен ден како селектор замина во Италија и побара од Пандев да се врати во репрезентацијата. Со Ангеловски како селектор, а Пандев како капитен на теренот, Македонија обезбеди прв историски пласман на Европското првенство. Едноставно, тие беа тандемот кој ја водеше Македонија од клупата и на теренот и заедно гушнати се радуваа на тој успех.

Сега, само четири години подоцна, Мрме започна кавга, Пандев возврати и ја продолжи, па сега „очи не може да си видат“ и се препукуваат преку социјалните мрежи. Додека тие се препукуваат, многумина се чудат како е тоа можно, до вчера заедно „гинеа“ за Македонија, сега пред цела македонска јавност се караат.

Едноставно, тоа е недозволиво, но кога Македонија е во прашање, не еднаш се рекло дека Македонецот самиот себе си е најголем непријател. Сигурно дека и да имало недоразбирања, сето тоа можело да се реши на некој многу подруг начин, а не обичните навивачи да се чудат и да коментираат како е можно „овие двајца кои заедно се радуваа, славеа и ја одведоа Македонија на ЕП, сега вака жестоко си одговараат“. Во целата расправија и преписка потоа се вклучија и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, Николче Новески и Илија Најдоски.

Седлоски ја доби довербата да биде селектор, секако дека на секој треба да му се даде поддршка кога започнува нешто ново. Така беше и кога Ангеловски започнуваше и доби поддршка од Пандев. Сега Седлоски во составот нема играч како што беше Пандев, но секако дека со сплотеност, верба, храброст и многу борба, може да се случи Македонија на 26 март во Копенхаген да ја изненади Данска и да дојде до чекор од пласман на СП 2026.

И за крај, доста беше „отровни стрели“ од двете страни. Мора да се направи позитивна атмосфера, мора да се работи за доброто на македонскиот фудбал и мора да се надеваме дека нашата репрезентација конечно може да дојде до остварување и на вториот голем сон, а тоа е пласман на Светско првенство.

Минатата недела, додека траеше целото тоа „шоу и преписки“ околу изборот на Седлоски за нов селектор, се случи еден трагендија за макфудбалот. На 70-години почина легендарниот Васил Рингов, човекот кој беше еден бренд на една голема генерација на македонскиот фудбал.

Рингов замина, но ќе останат неговиот лик и делото. Во знак на почит, од ФК Вардар најавија дека засекогаш ќе го повлечат од употреба дресот со бројот 11 кој го носеше Рингов, а ќе започнат и иницијатива Јужната трибина на арената „Тодор Проески“ да го носи името и презимето на овој фудбалски великан.

Фенерабхче подготвува понуда од 40 милиони евра за италијански репрезентативец

Интер го откупи договорот на Давиде Фратези од Сасуоло пред 18 месеци за сума од 31,4 милиони евра, откако претходно една сезона настапуваше на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер.

Екипата од Милано сега планира да го продаде фудбалер од средниот ред, а иако интересот е голем, планот на раководството е да ги разгледува само понудите од екипите кои не се од Италија.

Јувентус, Наполи и Рома го посакуваат Фратези во нивните редови, но сега во преден план е понудата на Фенербахче, која изнесува 40 милиони евра.

Фратези во својата кариера настапуваше за Рома, Сасуоло, Асколи, Емполи и Монца, па доколку се реализира трансферот во Турција, тоа за него ќе биде прво интернационално искуство. Дваесет и шестгодишниот фудбалер има и 33 настапи за репрезентацијата, но и осум гола.

Рома и Порто ќе имаат лесни задачи, на Африканскиот куп на нациите ќе биде „жешко“

3628 Рома – Џенова (20:45 ч.)

Рома се обидува да биде во чекор со најдобрите. Волчицата моментално е на петтото место на табелата, но со евентуална победа над Џенова, тимот од Рим ќе дојде до 33 бода и ќе биде рамо до рамо со најдобрите кои се борат за титулата.

Џенова сезонава ќе се бори да не испадне. Со 25 примени гола ја има третата најслаба одбрана. Традицијата вели дека од последните 10 меча на овие ривали, Рома има седум победи, а Џенова се радувала само еднаш.

Предлог тип: 1&2-4 (2.55)

 

1200 Лестер – Дерби (20:45 ч.)

Две екипи кои се на средината од табелата во Чемпионшип, екипи кои играат без многу калкулации, па затоа често даваат, но и примаат голови.

И традицијата вели дека на осум од последните девет меѓусебни дуели, двете екипи постигнуваат барем по еден погодок.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)

 

1542 Порто – АФС (21:15 ч.)

Тука само прашање е со колку голови разлика ќе победи домаќинот. Порто е лидер со 14 победи и едно реми без пораз, додека АФС е на дното од табелата само со четири бодови и ниту еден триумф сезонава.

АФС во просек прима над два гола по меч, а Порто во просек дава повеќе од два погодока.

Предлог тип: T1 2+I & 2+II (4.30)

 

5648 Замбија – Мароко (20 ч.)

Мароко е домаќин на Африканскиот куп на нациите, но веќе еднаш киксира откако одигра 1:1 против Мали, па затоа сега мора да се коригираат против Замбија.

Во последните 15 меча, Замбија има дури 11 порази, три ремија и само една победа. Мароко во последните 19 средби има дури 17 победи и само две нерешени, без ниту еден пораз.

Предлог тип: 2-2&2-4 (2.60)

 

5644 Ангола – Египет (17 ч.)

Египет победи во првите две кола, додека Ангола е само со еден бод и е во опасност да испадне уште по групната фаза. Во седумте меѓусебни дуели на овие ривали, Египет има четири победи, а трипати било нерешено.

Египет може и да калкулира бидејќи го има обезбедено местото во нокаут-фазата, па тука може и да нема многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.89)

 

На Тони Крос не му се допаѓа новиот формат на СП: Ќе има многу мечеви по 5:0 во групната фаза

Тони Крос е еден од оние фудбалери кои решија да се пензионираат од активно играње кога беа во врвот на својата кариера. Со пет освоени трофеи во Лигата на шампионите, Крос се повлече на 34 години и сега од страна ги следи најактуелните случувања. Германецот вели дека не е многу задоволен од фактот дека на Светското првенство ќе учествуваат дури 48 репрезентации затоа што има репрезентации кои немаат ист квалитет.

„Јас сум против овој формат на 48 репрезентации на Светското првенство. Со толку многу селекции ќе видиме многу натпревари кои ќе завршуваат со резултат 5:0 во групната фаза. Тоа не се мечеви кои навивачите ќе сакаат да ги гледаат. Мене ме интересира добар, квалитетен фудбал, во кој ќе уживаме да го гледаме. Не уживам кога резултатот е 5:0 или 6:0“, вели Крос.

Некогашниот играч на Реал Мадрид вели дека неговата Германија, но и рекордерот по бројот на титули, селекцијата на Бразил не ги гледа во групата на Топ 5 фаворити.

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико во период од 11 јуни до 19 јули. Актуелен планетарен владетел е селекцијата на Аргентина.

Зголемени квоти за победи на Рома, Мали, Јужна Африка, како и на 10 меча од англиските лиги

Комбинација од фудбал и кошарка нуди денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата започнуваат со дуелот меѓу Зимбабве и Јужна Африка на Африканскиот куп на нациите, каде што за триумф на Јужна Африка се дава зголемена квота од 1.81. Интересно е дека огромна е квотата 3.20 за да биде ГГ3+. Од АКН, Мали да слави над Комори е со квота од 1.58.

Интересно е дека има дури 10 натпревари од пониските фудбалски лиги во Англија, а дури на девет од нив домаќините се сметаат во улога на фаворити, па затоа има зголемени „кецови“. Единствен тим кој на гости е во фаворитска улога од „англиската понуда“ е Блекбурн на теренот на Шефилд.