Дома Blog Страница 72

Бет билдерите ви го покажуваат патот до двоцифрени квоти за мечеви од топ лигите

Квоти од 12.0 до 18.0 ќе најдете во четирите Бет билдер комбинации кои ги нуди Sport Life за денеска. Ако верувате во победи на Комо, Интер и Ленс, имате избор, а за Сент Паули – Келн не се фаворизира никој и таму еден од условите за добивка е двата тима да постигнат гол.

Иако квотата кај Сасуоло – Комо е 18.0 и е една од најголемите, но не е нереално, напротив. Победа на Комо во меч на кој Нико Паз би имал гол или асистенција, Дувикас барем два шута во рамките на голот и Комо да изведе 7 или повеќе корнери, не е научна фантастика и може да ви донесе огромна заработка.

Традицијата и квалитетот најавуваат победи на Силекс и Шкендија

Силекс и Брера Струмица од 13 часот во Кратово отвораат ново коло во Првата македонска фудбалска лига, а тоа е меч во кој кратовци се фаворити на хартија.

Силекс има серија од три лигашки победи по ред, а и струмичани имаат три кола по ред без пораз, нив целта им е да избегнат бараж за опстанок и да осигурат директно останување во елитното друштво. Првите два дуела на овие екипи сезонава беа голеади: во Кратово во август Силекс победи со 5-0, додека во ноември во Струмица беше 3-3.

Шкендија пред два месеца победи во Кавадарци со 4-1 и посакува да се повтори тоа сценарио против Тиквеш, за привремено да се искачи на првото место и да ја продолжи трката со Вардар за титулата. Тетовци ги добија последните пет меѓусебни дуели со кавадарчани во сите натпреварувања. Тиквеш, кој е петти и засега не е загрозен од испаѓање, две години нема победа дома против Шкендија.

На овие два меча може да се обложите во Sport Life, имате дури по околу 600 опции и игри на кои може да типувате.

Интер и Ковентри одбројуваат до титулите

3001 Сасуоло – Комо (18.30 часот)

Комо освои само еден бод во претходните две кола и почна да губи здив во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, а на стартот на 33-тото коло има гостување кај непредвидливиот Сасуоло, кој има само шест ремија и двојно повеќе победи, а и уште повеќе порази од победи. Во последните три кола, двата тима имаа по една победа, реми и пораз. Сасуоло дома има само два нерешени резултати во 16 меча, а вечерва проблем може да им биде неиграњето на искусниот Берарди. Комо првпат во историјата гостува кај Сасуоло, есеноска беше 2-0 за Комо.

Предлог тип: Х2 & 2>1 (2.10)

 

1801 Сент Паули – Келн (20.30 часот)

Тука станува збор за битка за опстанок во Бундеслигата, затоа и квотите за победа на едниот или на другиот тим се многу големи и речиси исти. Тимот од Хамбург е трети од долу (позиција која води во бараж со третиот од втора лига), а Вердер, кој е пред него, има три бода плус. Сент Паули веќе пет кола по ред нема победа. Само со 25 постигнати гола на 29 меча тие се убедливо најнеефикасен тим во Бундеслигата. Келн има пет бода повеќе и во подобра форма е, веќе четири кола по ред нема пораз. Јарците имаат смао две гостински победи сезонава. Првиот нивен меѓусебен дуел сезонава заврши 1-1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)

 

1701 Ленс – Тулуз (20.45 часот)

Во Ленс по двата порази во претходните три кола, иако ништо не е готово, полека почнуваат да сфаќаат дека нема ништо од титула, па сега треба да се фокусираат на задржување на второто место и обезбедување учество во Лигата на шампионите за следната сезона. Ленс е тим со кого нема играно нерешено сезонава на свој терен, а Тулуз, кој е десетти на табелата, одамна не играл нерешено. Веруваме дека Ленс ќе победи, исто како во јануари, во Тулуз, кога триумфира 3-0, а треба да се реваншира и за лани, кога Тулуз победи во Ленс со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

3002 Интер – Каљари (20.45 часот)

На шест кола до крајот, Интер има огромни девет бода предност, па со нов триумф ќе продолжи со одбројувањето до освојување на титулата во Серија А. Каљари по победата во минатото коло, може полесно да дише, на шест бода е над опасната зона на табелата. Интер дома има дадено 44 гола на 16 меча, што е просек од та на Интер, кој на последните три пресметки со Каљари, секогаш победуваше со два или повеќе голови разлика. Каљари десет години нема победа во Милано.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.87)

 

1013 Блекбурн – Ковентри (21.00 часот)

Во Ковентри се спрема славење, им треба победа или нерешено за и официјално да обезбедат место во Премиер лигата. Ковентри е тим кој има просек од два постигнати гола по натпревар, но во претходните две кола одиграа 0-0. На Блекбурн бодовите му требаат за опстанок, загрозен е од испаѓање од Чемпионшип. За Ковентри не би било трагедија ако изгуби, така само привремено ќе им се одложи дефинитивното влегување во елитата. Блекбурн нема дадено гол на последните пет пресметки против Ковентри.

Предлог тип:& 0-3 (2.14)

Струмица е спремна за тридневниот ракометен куп-спектакл

Со полуфиналните дуели во машка конкуренција, ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер од 17 часот и Алкалоид – Вардар 1961 од 20 часот, вечерва во салата „Парк“ во Струмица почнува спектакуларниот финален турнир во Купот на Македонија.

Годинава, како ретко кога, не само што нема топ фаворит кој се издвојува, туку сите четири тима имаат реални шанси да дојдат до победничкиот трофеј.

Можеби во мала предност е бранителот на трофејот во Купот, Вардар, кој речиси сигурно ќе ја освои титулата во првенството, па ова му е шанса да освои двојна круна. Во вечерашното полуфинале, Црвено-црните играат со Сино-белите од Автокоманда, што ќе биде реприза на ланското финале кое се играше во Охрид.

Актуелниот македонски шампион Е. Пелистер за ривал ќе го има Охрид, од кого загуби во Битола пред неколку дена во суперлигашки меч. Охриѓани и битолчани пак ќе водат жестока битка бидејќи ова им е единствена шанса да освојат трофеј на домашна сцена. Гладијаторите никогаш не играле финале на Купот и се надеваат на историја, додека пелистерци посакуваат враќање на овој пехар во витрините дури по 21 година.

Билети може да се купат на https://mktickets.mk/event/f4polu/, а со еден билет од 400 денари ќе може да ги проследите сите полуфинални натпревари од машкиот и женскиот Ф4. Женските полуфиналиња се утре. Од сите натпревари ќе има и директен телевизиски пренос на националната МРТ.

Ковентри ако победи, ќе оди во Премиер лигата, во Супер типот има зголемени квоти и за тој меч

Супер типот на Sport Life за денеска е пребогат, има дури 80 зголемени квоти, по пет опции за 16 натпревари кои се играат вечерва низ фудбалските терени во Европа.

Овие квоти се најголеми за тие игри и може да се искористат како џокери за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите уплатени во најдобрата обложувалница во Македонија.

Изборот е голем, има „зицери“ кои би било чудо ако не бидат добитни, а има и нешто поризични игри кои носат и поголеми, одлични коефициенти.

Најголема квота за конечен тип има кај Блекбурн – Ковентри, меч од англискиот Чемпионшип на којшто гостите се фаворити и им треба победа или нерешено за големо славење и да го осигураат пласманот во Премиер лигата.

Мртва трка на Германија и Шпанија за петти тим во ЛШ

До пред една недела, во Шпанија беа речиси сигурни дека ќе имаат петти тим во Лигата на шампионите во следната сезона, но сега ситуацијата е критична, предноста во однос на Германија е драстично намалена, може да се каже дека дури и Германците се фаворити да бидат втората земја по Англија која ќе добие и петти тим благодарение на коефициентот.

Победите на Баерн над Реал Мадрид и на Фрајбург над Селта ја сменија ситуацијата која сега е поповолна за Германците.

Честа на Шпанија во еврокуповите останаа да ја бранат Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано, а играат против Арсенал, односно против Стразбур. Германија се потпира на Баерн, кој ќе игра со ПСЖ и Фрајбург, кој ќе се бори со Брага. Секоја победа или нерешен резултат може да донесе промена.

 

Не сите мечеви од Квотите на денот се фудбалски, но сите се 2.00 или поголеми

Вкупна квота од 38.7 ќе добиете ако на ист тикет ги уплатите петте Квоти на денот кои ги нуди Sport Life.

Прв предлог е да одиграте дека на Сасуоло – Комо ќе има 3+ голови и дека ќе има гол во прво полувреме. Оваа комбинација носи квота од 2.05.

Монако да ја добие првата четвртина во евролигашкиот меч против Хапоел Тел Авив е со квота од 2.00.

Второто полувреме да биде поефикасно од првото на Сент Паули – Келн е игра за која квотата која се нуди е 2.10.

Квота од точно 2.00 ќе најдете и за Ленс да го добие второто полувреме против Тулуз.

Ако верувате дека на Блекбурн – Ковентри ќе има два или повеќе гола во второто полувреме, уплатете во Sport Life, ве чека квота од 2.25.

Љуљ изведе свој специјалитет, Дончиќ уживаше, Ѓоковиќ не толку (Видео)

На кошаркарскиот натпревар Реал Мадрид – Црвена ѕвезда, кој се играше синоќа во главниот град на Шпанија, во првиот ред присуствуваа и НБА-ѕвездата Лука Дончиќ, кој е „дете на Реал“, и најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Пред мечот тие добија подарок дрес од Реал Мадрид. Лука си ја доби неговата седумка која ја носеше додека играше во Реал, а Новак доби дрес со бројот 1, што покажува на кое место Кралскиот клуб го рангира Србинот.

Познато е дека Ѓоковиќ е фан на Црвена ѕвезда и веројатно не му беше баш мило што белградските Црвено-бели претрпеа убедлив пораз, а од друга страна, Словенецот уживаше во играта на својот некогашен тим.

Потегот на мечот го имаше Серхио Љуљ, кој пред очите на Дончиќ на крајот на третата четвртина погоди една луда тројка од табла во последната секунда, тоа го правел стотици пати во кариерата, а Лука само се насмевна и му честиташе бидејќи и тој многу пати ги видел ваквите шутеви на ветеранот.

Нова катастрофа за Италија, нема тим во полуфиналињата во трите европски купови

Фудбалска Италија уште не може да закрепне од шокот што пак нема да биде учесник на Светското првенство, а дојде ново понижување, првпат по 2018/2019 ќе немаат тим во полуфиналето на некој од европските купови.

Синоќа Болоња и Фиорентина го завршија својот пат и ја оставија Италија без екипа во Европа.

Во следната сезона, Италија ќе има седум тима во Европа, четири во Лигата на шампионите, два во Лигата на Европа и еден во Конференциската лига.

Можно е тим од англискиот Чемпионшип да игра во Лигата на шампионите следната сезона

Нотингам форест го елиминира Порто и се пласира во полуфиналето на Лигта на Европа, а Шумарите се во една многу чудна ситуација. 

Англискиот тим во полуфиналето на ЛЕ ќе се соочи со Астон вила, но во исто време Форест е во опасност да испадне од Премиер лигата на крајот од сезоната, а во моментов е на 16-тото место на табелата само со три бода пред Тотенхем, кој е на 18-тото место кое води во ранг подолу.

Значи теоретски останува отворена можноста екипа од Чемпионшип да игра во Лигата на шампионите следната сезона ако Нотингам испадне од Премиер лигата, а ја освои Лигата на Европа. Нема правна пречка за тоа да се случи, па можно е следната сезона да имаат ситуација во иста недела да играат мечеви со, на пример, Бристол сити и Реал Мадрид. 

Проблем може да биде само густиот календар бидејќи во Чемпионшип се играат дури 46 кола, има многу мечеви кои се играат преку недела, кога е и Лигата на шампионите, а тука се и двата англиските купа.