Дома Blog Страница 71

Дерби-мечевите во Англија се во фокусот на Спортската прогноза

Типувањето во 27-мото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во најголем ек, а викендов на програмата се многу интересни натпревари.

Има неколку дерби-дуели, а во фокусот е пресметката за титулата во Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Арсенал. Најголем дел од прогнозерите очекуваат триумф на Граѓаните, што уште повеќе би ја вжештило шампионската трка во Англија.

Градско дерби има и во Ливерпул, а иако се гости кај Евертон, Црвените се фаворити, според играчите на Спортската прогноза кои досега се изјасниле.

Челзи го пречекува Манчестер јунајтед и е умерен фаворит во дуелот што некогаш решаваше и за титула.

Големо дерби има и во Лисабон, Спортинг ја пречекува Бенфика и само победа го остава во трка за титулата со лидерот Порто.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Арбелоа ќе го предводи Реал Мадрид и следната сезона?

Во Шпанија продолжуваат да се појавуваат спротивставени информации во врска со иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Според „ТВЕ“, стручњакот ќе ја задржи својата позиција и во следната сезона, без оглед на испаѓањето во четвртфиналето од Лигата на шампионите и заостанувањето од девет бода зад лидерот во Ла Лига, Барселона.

Раководството на Кралскиот клуб, барем засега, го поддржува младиот тренер и планира не само да го остави на чело на тимот до крајот на тековната сезона, туку и да му даде доверба и понатаму.

Една работа е сигурна, на „Бернабеу“ не се воделе преговори со потенцијални наследници на Арбелоа. Раководните лица на шпанскиот гигант ја ценат посветеноста на поранешниот дефанзивец и фактот дека по неговото доаѓање атмосферата во соблекувалната се подобрила.

Четириесет и тригодишниот Арбелоа го презеде Реал Мадрид на 13 јануари, заменувајќи го Чаби Алонсо. Неговиот договор трае до 2027 година.

Каиседо добива нов договор и поголема плата во Челзи

Фудбалерот на Челзи, Мојсес Каиседо, дефанзивен играч за врска кој уште во Брајтон се докажа како еден од најдобрите на својата позиција во најсилната лига во светот, ќе го продолжи договорот со лондонскиот клуб.

Првично неговиот договор важеше до 2031 година, но благодарение на својата посветеност, заслужи нов договор и зголемување на платата.

Еквадорецот, кој го собори трансфер-рекордот меѓу премиерлигашките клубови во тој момент, а подоцна Исак го надмина тој рекорд, ќе потпише договор до 2033 година.

Оваа сезона одигра дури 42 натпревари и е еден од најстандардните фудбалери во Челзи во последната деценија бидејќи ретко кога е надвор од стартниот тим.

Каиседо досега заработуваше 150.000 фунти неделно, а сега таа сума ќе биде значително повисока.

Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на мастерс турнирот во Мадрид, соопштија организаторите.

Во официјалното обраќање беше потврдено дека Србинот нема да настапи на годинашното издание на турнирот во шпанската престолнина.

„Новак Ѓоковиќ, трикратен шампион во Мадрид, нема да учествува на овогодишното издание на нашиот турнир. Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро и дека сите ќе уживаме во неговите мечеви како што тоа го правевме со години во ‘Каха Маџика’“, се наведува во соопштението на турнирот.

Ѓоковиќ и претходно најави можност за отсуство, укажувајќи на здравствени проблеми.

Со одлуката да го прескокне Мадрид, Ѓоковиќ ќе го пропушти и третиот последовен мастерс турнир оваа сезона откако не настапи во Мајами и во Монте Карло. Претходно играше само во Индијан Велс.

Како што се наведува, причината за ваквата одлука е проценка дека настапот би носел преголем ризик за неговата здравствена состојба, па приоритетот е насочен кон закрепнување и подготовка за следните предизвици, пред сè Ролан Гарос.

Мбапе вети дека Реал Мадрид набрзо повторно ќе победува

По елиминацијата на Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, разочарување ги зафати фудбалерите на Кралскиот клуб, кои одбија да дадат изјави. Еден ден подоцна, Килијан Мбапе беше меѓу првите што го прекинаа молкот.

„Се боревме до самиот крај, но тоа не беше доволно. Разочарувачки е да се испадне од толку важно натпреварување, но мора да продолжиме напред. Треба внимателно да се погледнеме меѓу себе за да избегнеме повторно вакво разочарување, но никогаш нема да се откажеме!!! Во Мадрид неуспехот никогаш не бил и никогаш нема да биде опција. Но, ви ветувам едно нешто: многу наскоро повторно ќе победуваме“, напиша Мбапе на социјалните мрежи.

Французинот пристигна на „Бернабеу“ со надеж дека ќе ја освои Лигата на шампионите, но ќе мора да почека најмалку до својата трета сезона во дресот на Кралевите.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

Има мисија да обезбеди опстанок за Работнички, а ќе се обиде да го погоди и хуманитарниот тикет (Фото)

Работнички е еден од клубовите кој никогаш нема испаднато во второлигашка конкуренција во суверена Македонија, а оваа сезона се најде во многу тешка ситуација откако имаше очаен прв дел од сезоната. Оваа пролет тимот игра подобро, но сѐ уште е во загрозена позиција на табелата.

Младинскиот репрезентативец Никола Манојлов заедно со соиграчите има мисија да обезбеди опстанок за тимот од Дебар Маало, а ќе се обиде да погоди и хуманитарен тикет и да донира таму каде што во моментот е најпотребно.

Нема да биде лесно, вели Манојлов, но на мака се познаваат јунаците кога е во прашање обезбедувањето опстанок за Работнички. Тој е дете на клубот и секако дека емоциите се „вклучени на максимум“.

„Нѐ очекува тешка и неизвесна битка за опстанок во последните шест кола. Рака на срце, оваа пролет играме многу подобро и успеавме да дојдеме во позиција да се надеваме на опстанок, односно да зависиме сами од себе, од сопствените резултати. Првиот дел од сезоната беше катастрофален, освоивме само седум бода на 17 натпревари и тогаш речиси сите мислеа дека сме сигурни патници во Втората лига. Но, не се предадовме, дојде нов тренер Муарем Муарем, тимот беше трансформиран, и оваа пролет бележиме многу подобри резултати, остваривме шест победи. Сега имаме 25 бода и со Пелистер, Македонија ЃП, Брера и Арсими ќе се бориме до крај во битката за опстанок во елитата. Веруваме во нашите квалитети и ќе сториме сѐ за да ја оствариме целта“, вели Никола Манојлов.

Тој постигна неколку значајни голови кои на Работнички му донесоа победи оваа пролет, но вели дека фудбалот е тимска игра и најважна е крајната цел.

„Офанзивец сум, мојата задача е да се обидам да постигнам гол. Ми успеа неколкупати и среќен сум што можам да придонесам за успесите на тимот. Но, фудбалот е тимска игра и сите заедно сме и во добро и во лошо. Верувам дека на крајот ќе се радуваме“, потенцира фудбалерот на Работнички.

Фокусиран е со игрите во дресот на Работнички, но секако дека го следи и европскиот фудбал. Посебно интересна за него е трката за шампионската титула во Премиер лигата. Состави хуманитарен тикет и се надева дека овој викенд би можел да биде добитен.

„Секако дека следам европски фудбал. Премиер лигата е најквалитетната и секогаш со внимание и посебна возбуда ги гледам мечевите во Англија. Таму трката за титулата ќе биде максимално интересна, а викендов се игра дербито што може да реши многу работи меѓу Манчестер сити и Арсенал. Не сум некој успешен прогнозер, но ќе се обидам да го погодам хуманитарниот тикет и да донираме финансиски средства таму каде што се најпотребни“, заврши Никола Манојлов.

Работнички в недела на домашен терен игра против Арсими и само победа е во мислите на Никола Манојлов и на неговите соиграчи. Нека биде успешен викенд, и за него и за сите обложувачи.

Бет билдерите ви го покажуваат патот до двоцифрени квоти за мечеви од топ лигите

Квоти од 12.0 до 18.0 ќе најдете во четирите Бет билдер комбинации кои ги нуди Sport Life за денеска. Ако верувате во победи на Комо, Интер и Ленс, имате избор, а за Сент Паули – Келн не се фаворизира никој и таму еден од условите за добивка е двата тима да постигнат гол.

Иако квотата кај Сасуоло – Комо е 18.0 и е една од најголемите, но не е нереално, напротив. Победа на Комо во меч на кој Нико Паз би имал гол или асистенција, Дувикас барем два шута во рамките на голот и Комо да изведе 7 или повеќе корнери, не е научна фантастика и може да ви донесе огромна заработка.

Традицијата и квалитетот најавуваат победи на Силекс и Шкендија

Силекс и Брера Струмица од 13 часот во Кратово отвораат ново коло во Првата македонска фудбалска лига, а тоа е меч во кој кратовци се фаворити на хартија.

Силекс има серија од три лигашки победи по ред, а и струмичани имаат три кола по ред без пораз, нив целта им е да избегнат бараж за опстанок и да осигурат директно останување во елитното друштво. Првите два дуела на овие екипи сезонава беа голеади: во Кратово во август Силекс победи со 5-0, додека во ноември во Струмица беше 3-3.

Шкендија пред два месеца победи во Кавадарци со 4-1 и посакува да се повтори тоа сценарио против Тиквеш, за привремено да се искачи на првото место и да ја продолжи трката со Вардар за титулата. Тетовци ги добија последните пет меѓусебни дуели со кавадарчани во сите натпреварувања. Тиквеш, кој е петти и засега не е загрозен од испаѓање, две години нема победа дома против Шкендија.

На овие два меча може да се обложите во Sport Life, имате дури по околу 600 опции и игри на кои може да типувате.

Интер и Ковентри одбројуваат до титулите

3001 Сасуоло – Комо (18.30 часот)

Комо освои само еден бод во претходните две кола и почна да губи здив во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, а на стартот на 33-тото коло има гостување кај непредвидливиот Сасуоло, кој има само шест ремија и двојно повеќе победи, а и уште повеќе порази од победи. Во последните три кола, двата тима имаа по една победа, реми и пораз. Сасуоло дома има само два нерешени резултати во 16 меча, а вечерва проблем може да им биде неиграњето на искусниот Берарди. Комо првпат во историјата гостува кај Сасуоло, есеноска беше 2-0 за Комо.

Предлог тип: Х2 & 2>1 (2.10)

 

1801 Сент Паули – Келн (20.30 часот)

Тука станува збор за битка за опстанок во Бундеслигата, затоа и квотите за победа на едниот или на другиот тим се многу големи и речиси исти. Тимот од Хамбург е трети од долу (позиција која води во бараж со третиот од втора лига), а Вердер, кој е пред него, има три бода плус. Сент Паули веќе пет кола по ред нема победа. Само со 25 постигнати гола на 29 меча тие се убедливо најнеефикасен тим во Бундеслигата. Келн има пет бода повеќе и во подобра форма е, веќе четири кола по ред нема пораз. Јарците имаат смао две гостински победи сезонава. Првиот нивен меѓусебен дуел сезонава заврши 1-1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)

 

1701 Ленс – Тулуз (20.45 часот)

Во Ленс по двата порази во претходните три кола, иако ништо не е готово, полека почнуваат да сфаќаат дека нема ништо од титула, па сега треба да се фокусираат на задржување на второто место и обезбедување учество во Лигата на шампионите за следната сезона. Ленс е тим со кого нема играно нерешено сезонава на свој терен, а Тулуз, кој е десетти на табелата, одамна не играл нерешено. Веруваме дека Ленс ќе победи, исто како во јануари, во Тулуз, кога триумфира 3-0, а треба да се реваншира и за лани, кога Тулуз победи во Ленс со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

3002 Интер – Каљари (20.45 часот)

На шест кола до крајот, Интер има огромни девет бода предност, па со нов триумф ќе продолжи со одбројувањето до освојување на титулата во Серија А. Каљари по победата во минатото коло, може полесно да дише, на шест бода е над опасната зона на табелата. Интер дома има дадено 44 гола на 16 меча, што е просек од та на Интер, кој на последните три пресметки со Каљари, секогаш победуваше со два или повеќе голови разлика. Каљари десет години нема победа во Милано.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.87)

 

1013 Блекбурн – Ковентри (21.00 часот)

Во Ковентри се спрема славење, им треба победа или нерешено за и официјално да обезбедат место во Премиер лигата. Ковентри е тим кој има просек од два постигнати гола по натпревар, но во претходните две кола одиграа 0-0. На Блекбурн бодовите му требаат за опстанок, загрозен е од испаѓање од Чемпионшип. За Ковентри не би било трагедија ако изгуби, така само привремено ќе им се одложи дефинитивното влегување во елитата. Блекбурн нема дадено гол на последните пет пресметки против Ковентри.

Предлог тип:& 0-3 (2.14)

Струмица е спремна за тридневниот ракометен куп-спектакл

Со полуфиналните дуели во машка конкуренција, ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер од 17 часот и Алкалоид – Вардар 1961 од 20 часот, вечерва во салата „Парк“ во Струмица почнува спектакуларниот финален турнир во Купот на Македонија.

Годинава, како ретко кога, не само што нема топ фаворит кој се издвојува, туку сите четири тима имаат реални шанси да дојдат до победничкиот трофеј.

Можеби во мала предност е бранителот на трофејот во Купот, Вардар, кој речиси сигурно ќе ја освои титулата во првенството, па ова му е шанса да освои двојна круна. Во вечерашното полуфинале, Црвено-црните играат со Сино-белите од Автокоманда, што ќе биде реприза на ланското финале кое се играше во Охрид.

Актуелниот македонски шампион Е. Пелистер за ривал ќе го има Охрид, од кого загуби во Битола пред неколку дена во суперлигашки меч. Охриѓани и битолчани пак ќе водат жестока битка бидејќи ова им е единствена шанса да освојат трофеј на домашна сцена. Гладијаторите никогаш не играле финале на Купот и се надеваат на историја, додека пелистерци посакуваат враќање на овој пехар во витрините дури по 21 година.

Билети може да се купат на https://mktickets.mk/event/f4polu/, а со еден билет од 400 денари ќе може да ги проследите сите полуфинални натпревари од машкиот и женскиот Ф4. Женските полуфиналиња се утре. Од сите натпревари ќе има и директен телевизиски пренос на националната МРТ.