Дома Blog Страница 76

Чеферин во Скопје: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ.

Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамките на европското фудбалско семејство, а присуството на Чеферин дополнително ја нагласува поддршката за развојните процеси во македонскиот фудбал, велат од ФФМ.

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.

Во рамките на посетата, претседателот на УЕФА ќе оствари средба на највисоко ниво со претставници на Владата на Република Македонија, со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за спорт, Борко Ристовски, по што следува и работен состанок во „Куќа на фудбалот“.

Фокусот на разговорите е ставен на идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија, од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и поддршка на младинските категории.

Александар Чеферин важи за голем пријател на македонскиот фудбал, а неговата посета е јасна потврда за заложбите на ФФМ и претседателот Омерагиќ во континуираниот развој и афирмацијата на фудбалот во земјата.

Дополнително, посетата се очекува да придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа.

 

Нојер се обиде да се оправда за киксот и го најави мечот со ПСЖ: „Ќе има спектакл“

Голманот и капитен на Баерн Минхен, Мануел Нојер, го изрази своето задоволство по спектакуларната победа од 4:3 над Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците се пласираа во полуфиналето со вкупни 6:4, каде што ќе се соочат со шампионот Пари Сен Жермен.

Искусниот чувар на мрежата ја истакна важноста на натпреварот и за играчите и за навивачите, нагласувајќи дека тимот покажал карактер во клучните моменти.

„Ова беше голема вечер во Лигата на шампионите – за нас, за играчите, за навивачите и за неутралните. Останавме смирени и останавме во игра по головите што ги примивме. Го дочекавме нашиот момент и на крајот стигнавме до 3:3 и 4:3. Мислам дека победата беше заслужена“, изјави Нојер.

Капитенот на Баерн се осврна и на ситуацијата при првиот примен гол уште во првата минута, кој следуваше по негова грешка, но му оддаде признание на противникот.

„Всушност сакав да ја додадам топката до Стани (Јосип Станишиќ), но не ја погодив добро. Арда Ѓулер одлично реагираше при ударот. Подоцна видовме и од слободниот удар дека има многу добар лев шут“, објасни германскиот репрезентативец.

Нојер се осврна и на претстојниот полуфинален дуел против ПСЖ, кој повторно ќе ги соочи двата европски гиганти.

„Нашите натпревари во последните години секогаш биле израмнети, и во Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство. Овие два меча нема да бидат поинакви. Со нетрпение го очекувам натпреварот во Париз, а потоа и тука во Минхен, со поддршката од нашите навивачи. Тие беа неверојатни вечерва и се надевам дека ќе го повторат тоа и против ПСЖ“, додаде Нојер.

Кејн за исклучувањето на Камавинга: „Картонот и дефинитивно беше исправно покажан“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, го коментира исклучувањето на Едуардо Камавинга во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (4:3). Токму тој беше фаулиран во 86-тата минута, по што Французинот го доби вториот жолт картон.

„Мислам дека прекршокот дефинитивно беше за картон. Ако се земат предвид двата натпревари, мислам дека заслуживме да победиме. Според мене, голот на Реал Мадрид не требаше да биде признаен затоа што Ридигер направи прекршок врз Лајмер на почетокот на акцијата, кој не беше досуден“, изјави Кејн.

Англискиот репрезентативец постигна по еден гол и на двата меча против Реал Мадрид и сосема заслужено е истакнат како еден од најзаслужните за пласманот на Баерн Минхен во полуфиналето.

Бетис брка победа за полуфинале, Англија и Италија вечерва ќе гледаат ефикасен фудбал (Фото)

1041 Бромли – Кембриџ јунајтед (21:00)

Двете екипи се во самиот врв на табелата во англиската Лига 2 и ако продолжат како досега, со сигурност ќе се најдат во повисок ранг. Домаќините се лидери, додека гостите третопласирани, но и двете екипи важат за поефикасните во лигата, па сосема е нормално да се очекуваат голови и во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.16)

 

1029 Питерборо – Порт Вејл (20:45)

Порт Вејл веќе е испаднат од англиската Лига 1, а Питерборо ќе се обиде што порано да си го обезбеди опастанокот. Денешниот меч е одлична шанса за такво нешто, а од нив не само што се очекува да победат, туку се очекуваат и голови, со оглед на тоа дека на досегашните првенствени натпревари на кои играл Питерборо оваа сезона се постигнати 118 гола.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.20)

 

6022 Бетис – Брага (21:00)

Бетис успеа непоразен да се врати од гостувањето во Португалија (1-1), па сега пред својата публика ќе треба да се ја оправда фаворитската улога и со победа над Брага да обезбеди полуфинале во Лигата на Европа. Она што е интересно за меѓусебните дуели на овие две екипи, сите три досегашни меча завршиле нерешено, но традицијата постои за да биде срушена, а Бетис вечерва ја има фаворитската улога.

Предлог тип: 1 (1.87)

 

6806 Фиорентина – Кристал палас (21:00)

Кристал палас има предност од 3-0 од првиот меч против Фиорентина и е многу блиску до пласман во полуфиналето од Конференциската лига. Убедливиот пораз во Лондон не значи дека Виолетовите ќе се откажат, туку дека ќе тргнат офанзивно, а тоа ќе остави простор и за противникот, па на овој меч се очекуваат голови и во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.35)

 

6024 Астон вила – Болоња (21:00)

Астон вила пред својата публика треба само да го завери пласманот во полуфиналето од Лигата на Европа, со оглед на фактот дека победија со 1-3 на гостувањето кај Болоња. Очекувањата и за вечерниот меч се слични – ефикасен фудбал и многу голови.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.87)

Винчиќ погреши, но во корист на Реал: Ѓулер постигна еврогол од непостоечки фаул (Видео)

Баерн Минхен и вторпат славеше над Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, овојпат со голем пресврт (4:3), но голот на мечот го имаше Арда Ѓулер во 29-тата минута, кога погоди директно од слободен удар.

По мечот Кралевите беа бесни на судиите, но токму овој гол на Турчинот, кој во моментот донесе предност од 1:2 за Реал Мадрид, беше постигнат по погрешна одлука на судијата Славко Винчиќ.

Словенецот досуди фаул над Брахим Дијас од Лаимер, но репрезентативецот на Мароко само се фрли и одглуми, а тоа може да се види и на видеото. Нема сомнеж дека Винчиќ ќе добие слаба оценка за мечот во Минхен, а една од причините ќе биде и досудениот непостоечки фаул над Дијас, по кој беше постигнат гол.

Фудбалот доминира, но зголемени квоти има и за тенис и за кошарка (Фото)

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со девет натпревари, четири се од тенисот, а три меча од кошарката.

Првиот натпревар започнува во 15:30 часот, а првите четири меча во понудата се од тенисот. Трите кошаркарски натпревари се од Евролигата, а може да се најдат зголемени квоти за победите на Макаби, Партизан и Реал Мадрид.

Пет од деветте фудбалски натпревари се од европските купови, но има дуели и од Англија, Бразил, Уругвај и Аргентина.

Во Супер типот за четврток ќе најдете зголемени квоти на вкупно 52 игри.

Снајдер распали по Кралевите: „Камавинга е глупчо, требаше кај него да протестираат“

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер упати жестоки критики кон Едуардо Камавинга по елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

Поразот од 4:3 од Баерн Минхен остави горчлив вкус кај навивачите на Реал, но за Снајдер главниот виновник е францускиот играч за врска, кој доби црвен картон (два жолти) во завршницата од натпреварот.

Снајдер ја опиша постапката на Камавинга како непромислена и „глупава“, додавајќи дека другите фудбалери на Реал требало да го повикаат на одговорност во соблекувалната.

„Камавинга е глупчо. Знаете што требаше да направат играчите на Реал по последниот свиреж? Требаше да влезат во соблекувалната и да го истурат гневот врз него“, изјави Снајдер.

Неверојатна понуда: Со Квотите на денот ја множите уплатата со 67 (Фото)

Пет натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 67.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.60.

Најголемата квота, 2.60, е за мечот помеѓу Селта и Фрајбург, а ќе биде добитна само ако домашните победат во натпревар на кој ќе има помеѓу два и пет гола.

Понудената квота од 2.40 за дуелот на Бетис и Брага ќе биде добитна ако победи домашниот состав, но и ако има најмалку еден гол во второто полувреме.

Победа се очекува и од Астон вила против Болоња, а квотата од 2.35 ќе биде добитна ако има барем и еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.

Ако Порто остане непоразен на гостувањето кај Нотингам форест во меч на којшто нема да има повеќе од три гола, ќе значи дека квотата од 2.05 е добитна.

Фиорентина не смее да загуби на домашен терен од Кристал палас, а квотата од 2.25 ќе биде добитна ако нема и повеќе од еден гол во првото полувреме.

Компани по пласманот во полуфиналето: „Реал е Реал, но сега одиме на ПСЖ“

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, го изрази своето задоволство по спектакуларната победа од 4:3 над Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Баварците се пласираа во полуфиналето со вкупни 6:4, каде што ќе се соочат со актуелниот освојувач на трофејот, ПСЖ.

Компани ја нагласи важноста на психолошката стабилност и контролата врз ритамот на играта, што му овозможило на неговиот тим да ги надмине тешките моменти против исклучително опасен противник.

„Ова беше многу емотивен натпревар. Имавме голем посед на топката и постојано чувствувавме дека можеме да постигнеме гол. Но, Реал Мадрид секогаш е Реал Мадрид. Тие имаат многу брзи играчи и секогаш се закана. Момците денес беа психолошки силни за да се вратат по неуспесите. И навивачите ни помогнаа. Останавме смирени и секогаш чувствувавме дека нашиот момент ќе дојде. Момците ја заслужија оваа победа“, изјави Компани по натпреварот.

На прашањето дали ова е најзначајниот меч во неговата тренерска кариера, белгискиот стручњак го задржа фокусот на следниот предизвик.

„Да, но следниот натпревар е најважен. Продолжуваме напред.“

Кралевите збеснаа по мечот против Баерн: Вината за елиминацијата ја бараа кај судиите (Видео)

Оние кои останаа малку подолго пред телевизиските екрани, но и оние кои беа на „Алијанц“ во Минхен, имаа можност да видат мачни сцени по мечот помеѓу Баерн и Реал Мадрид.

Фудбалерите на Кралскиот клуб жестоко протестираа кај судијата Славко Винчиќ, го опколија и бараа објаснување за некои од одлуките, а тоа посебно се однесува веројатно на исклучувањето на Камавинга во 88-мата минута.

Протестите траеја сè до „тунелот“, кога на Арда Ѓулер му беше покажан црвен картон, веројатно и потоа, но камерите дотука можеа да снимат што се случува.