Кошаркарите на Филаделфија очекувано дојдоа до пласман во плејофот од НБА-лигата, откако пред својата публика славеа со 109-97 над Орландо. Седумдесет и шестките го завршија регуларниот дел на седмата позиција и беа привилегирани, па само со една победа успеаја да го „скокнат“ плејинот.
За разлика од нив, Орландо ќе има уште една шанса, а за место во конференциското четвртфинале ќе им биде потребна победа над Голден стејт.
Токму Голден стејт предводен од Стеф Кари направи сензација и славеше на гостувањето кај ЛА клиперс во 121-126. Воините предводени токму од кошаркарската легенда се изборија за меч против Орландо и можност за продолжување на сезоната.
Стеф Кари беше убедливо најдобриот поединец на паркетот со 35 поени.
Реал Мадрид одигра одличен меч во Минхен, но на крајот загуби со 4:3 од Баерн и е елиминиран од Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант водеше со 3:2 на пет минути до крајот, но тогаш беше исклучен Камавинга, па со играч помалку мадриѓаните не можеа да парираат, а Баерн постигна два гола за целосен пресврт и победа.
Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, беше многу разочаран, а посебно зачуден за тоа како Камавинга доби црвен картон.
„Одигравме одличен меч. Постигнавме три гола, а имавме шанси да постигнеме уште некој погодок. Мислам дека со доделувањето на црвениот картон на Камавинга, сè беше завршено. Неверојантно е дека може да е исклучи играч за таков инцидент. Не можам да верувам дека во еден ваков меч може да се случи такво нешто. Бевме многу гневни, многу разочарани“, рече Арбелоа веднаш по поразот на „Алијанц арената“.
Според моменталната ситуација, многу лесно може да се случи Реал Мадрид сезонава да ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Сега на Кралевите им останува само трката за титулата во Примера дивисион, но и таму е во подредена ситуација во однос на најголемиот ривал Барселона.
„Останува да се фокусираме на дуелите во домашното првенство. Имаме девет бода зад Барселона, но има уште мечеви да се играат и нема да се предадеме“, додаде Арбелоа.
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин, утре (четврток, 16 април) треба да пристигне во Македонија, односно во Скопје. Оваа информанија официјално не е потврдена на сајтот на Фудбалската федерација на Македонија, но речиси е сигурно дека Чеферин утре ќе биде гостин во Куќата на фудбалот при ФФМ.
За Чеферин ова ќе биде втора посета на Македонија. Тој последен пат го посети Скопје и ФФМ во февруари 2018 година, односно една и пол година откако на 14 септември беше назначен за прв човек на УЕФА. Словенецот е првиот претседател на УЕФА од земја од поранешна Југославија.
Засега не е јавно познато која е целта на оваа посета на Чеферин во Скопје, но секако дека Словенецот ќе биде запознаен со новитетите кои во изминатиов период се случија во македонскиот фудбал, а секако најзначајно е пуштањето во употреба на ВАР-системот, каде што Македонија каскаше во однос на соседите. Сепак, со доаѓањето на новото раководство на ФФМ, веднаш беа направени напори и воведен е ВАР-системот (Видеоасистент-судија).
Македонското првенство е едно од поинтересните во Европа и може да биде едно од ретките во кои шампионот ќе се дознае во последното коло и тоа во директен дуел меѓу засега водечките Вардар и Шкендија.
Англискиот премиерлигаш Манчестер сити го има таргетирано десниот бек Џиваиро Рид од Феенорд како потенцијално засилување во летниот преоден рок, пренесува „Скај спортс“.
Сити подолго време бара нов играч на таа позиција, но добрите настапи на прераспределениот играч од средниот ред, Матеус Нунеш, го забавија доведувањето на класичен дефанзивец. Најблиску до трансфер беа Тино Ливраменто и Весли, но тие сепак не пристигнаа на „Етихад“.
Рид, кој има 19 години, моментално закрепнува од повреда, но се очекува да се врати на терените во наредните недели и ќе биде дополнително следен од скаутите на Манчестер сити. Тој е младински репрезентативец на Холандија и веќе го привлече интересот на Баерн Минхен и неколку други клубови од Премиер лигата.
Според „Скај спортс“, Сити исто така бара засилувања и во средниот ред за летниот трансфер-прозорец. Се очекува клубот да реализира и повеќе заминувања од тимот.
Баерн Минхен се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва го совлада Реал Мадрид со 4-3 и со вкупни 6-4 обезбеди пласман понатаму.
Ова беше еден од најлудите натпревари во последните сезони, Реал трипати водеше, но на крајот црвен картон заработи Едуардо Камавинга, а Баерн преку Луис Дијас и Мајкл Олисе стигна до победа и место во следната рунда.
Баерн така закажа нов спектакл против Пари Сен Жермен, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Арсенал, откако англискиот тим со реми без голови ја задржа предноста (0-1) од Лисабон.
Реал Мадрид настапи многу офанзивно од старт, со пет офанзивни играчи, Џуд Белингам, Брахим Дијас, Арда Ѓулер, Винисиус јуниор и Килијан Мбапе, што на крајот им донесе резултат, иако Венсан Компани постави најсилен можен состав.
Веќе во 33-тата секунда следуваше шок – Мануел Нојер направи грешка и му подари топка на Арда Ѓулер, кој од околу 40 метри погоди празна мрежа за 0-1.
Но, Андриј Лунин исто така имаше лош момент, по корнер на Кимих, што го искористи Александар Павловиќ за 1-1.
Потоа Ѓулер повторно блесна со слободен удар и донесе 1-2 за Реал, но Хари Кејн брзо израмни на 2-2.
Во финишот на првиот дел, по асистенција од Винисиус јуниор, Килијан Мбапе погоди за 2-3.
Во продолжението Баерн притискаше, Мајкл Олисе и Дајо Упамекано имаа шанси, а Андриј Лунин повторно бранеше сигурно.
Во 86-тата минута Едуардо Камавинга доби втор жолт картон и беше исклучен, а Баерн тоа го искористи во 89-тата минута, кога Луис Дијас погоди за 3-3.
Во самиот финиш Мајкл Олисе со прекрасен удар го постави конечниот резултат 4-3 и го однесе Баерн во полуфиналето.
Арсенал во реваншот од четвртфиналето на „Емирати“ одигра 0-0 против Спортинг Лисабон, но поради победата во првиот натпревар одигран во Лисабон (0-1), се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Најдобрата шанса во првото полувреме ја имаше Спортинг. Во 43-тата минута левиот бек Максимилијано Араухо нафрли, а Жени Катамо упати волеј-удар, кој заврши во стативата.
Во второто полувреме Арсенал влезе поофанзивно, со пресинг, а тоа донесе шанси за Габриел Мартинели и за Нони Мадуеке, но без реална опасност за противникот.
Проблем за Микел Артета се појави по еден час игра, кога Мадуеке по еден удар не можеше да продолжи, па на негово место влезе младиот Макс Дауман.
Гостите бараа пенал во 65-тата минута, кога по удар на Катамо топката се одби, а Матеус Рејс беше оттурнат од дефанзивецот Рикардо Москеира, но судијата не покажа на белата точка.
На седум минути пред крајот Арсенал ја имаше најголемата шанса, по корнер на Дауман, Леандро Тросар со глава ја погоди стативата.
Во последните моменти од натпреварот Даниел Симоес можеше да донесе шок на „Емирати“ и продолженија, но неговиот удар од далечина заврши за малку непрецизно.
Алисон Бекер им дал зелено светло на своите агенти да ги интензивираат преговорите со Јувентус, открива „Газета дело спорт“.
Бразилецот налето влегува во последната година од договорот и засега нема најава дека ќе добие понуда за продолжување на соработката, па Ливерпул во тој случај би морал да го продаде доколку сака да заработи од неговото заминување.
Алисон налето ќе наполни 34 години, а за голманите се смета дека токму тогаш влегуваат во најдобриот период од кариерата, па како што стојат работите, Бразилецот сака нов предизвик.
Алисон пристигна во Ливерпул уште летото 2018 година за 72.500.000 евра и беше дел од една извонредна ера во која клубот ги освои сите можни трофеи.
Поради бројни повреди, оваа сезона не беше стандарден, па шанса доби Мамардашвили, кој беше донесен како негова долгорочна замена.
Алисон веќе има играно во Италија, каде што бранеше за Рома, во која пристигна во летото 2016 година од Интернасионал.
Ливерпул покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Штутгарт, Анџело Штилер, пренесуваат британските медиуми.
Интерес за 25-годишниот германски репрезентативец има и од Манчестер јунајтед.
Штутгарт е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред за сума меѓу 58 и 65 милиони евра. Тоа нема да претставува проблем за Ливерпул.
Штилер е дел од германскиот тим од август 2023 година и има договор со Штутгарт до 30 јуни 2028 година. Во сезоната 2025/26 тој има постигнато два гола и десет асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања.
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастично прво полувреме, по кое Kралевите имаат предност од 2-3.
Реал Мадрид поведе уште во првата минута со погодок на Арда Ѓулер, по голем кикс на Мануел Нојер, но следуваше брз одговор – Андриј Лунин возврати со грешка, што ја искористи Александар Павловиќ за израмнување.
Ѓулер повторно стапи на сцена и со одличен погодок од слободен удар му донесе ново водство на Реал, но Хари Кејн брзо израмни на 2-2.
Во самиот финиш на првиот дел, по асистенција од Винисиус јуниор, Килијан Мбапе погоди за 2-3 и нова предност за гостите. Со ова Реал ја анулира негативата од првиот меч во Мадрид.
Аркадјуш Милик се соочи со нова повреда, која ќе го оддалечи од терените најмалку четири до пет недели, со што за него речиси сигурно е завршена сезоната, јавуваат италијанските медиуми.
Полскиот напаѓач неодамна се врати во тимот по подолга пауза, но нов мускулен проблем повторно го исфрли од конкуренција, пренесува „Газета дело спорт“. Во текот на оваа сезона Милик настапи само во два куси наврати, со вкупно 34 одиграни минути.
Оваа ситуација претставува дополнителен проблем за Јувентус и тренерот Лучано Спалети во битката за место во Лигата на шампионите, особено имајќи предвид дека надвор од составот е и Душан Влаховиќ.
Иако Милик неодамна се обиде да се врати во ритам, со настапи против Сасуоло (11 минути) и Џенова (23 минути), не успеа значајно да придонесе.
Неговата борба со повредите трае уште од операцијата на менискусот во јуни 2024 година, по која ја пропушти целата претходна сезона, а и оваа ја поминува без континуитет. Последниот негов гол датира од мај 2024 година.
Пресметката меѓу Баерн и Реал на „Алијанц арената“ не можеше да почне повозбудливо. Кралевите поведоа со 0-1 уште во првата минута, по кардиналната грешка на Мануел Нојер.
Голманот на Баерн погреши при додавањето, Арда Ѓулер „прочита“ каде ќе оди топката, ја пресретна и од 40 метри погоди од прва во празната мрежа.
Но, Александар Павловиќ израмни на 1-1 уште во шестата минута.
🚨🇪🇺 ARDA GULER OPENS THE SCORING AFTER ONLY 40 SECONDS FOR REAL MADRID! 🤯🤯
Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата интернет-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.