Дома Blog Страница 75

Почнува разврската во Евролигата, има мал милион комбинации и калкулации

Последното коло во кошаркарската Евролига ќе ги реши сите дилеми околу тоа кои екипи ќе одат директно во плејофот, а кои во плејин-разигрувањето, како и кои екипи ќе имаат предност на домашен терен во четвртфиналето.

Интересно е дека нема да се играат сите мечеви во исто време, па можни се и одредени калкулации, особено на тимовите кои играат утре.

На Реал Мадрид и Фенербахче им требаат победи за да имаат предност на домашен терен во четвртфиналето, ова особено е важно за шпанскиот тим, кој дома игра неспоредливо подобро отколку на гости. Победа му треба и на Олимпијакос за дефинитивно да го запечати првото место. Ако загуби, тогаш Валенсија утре ќе има прилика да стане прва.

Бернардо Силва објави дека ќе го напушти Манчестер сити на крајот на сезоната!

Португалецот Бернардо Силва објави проштално писмо до навивачите и до клубот од Манчестер сити, со кое потврди дека ќе го напушти тимот на крајот од сезоната како слободен агент.

За девет години во Сити, Бернардо одигра 451 меч и освои 19 трофеи, од кои еден во Лигата на шампионите и шест во Премиер лигата.

„Кога пристигнав во Сити пред девет години, го следев сонот на едно мало момче кое сакаше да успее во животот и да постигне големи работи. Овој град и овој клуб ми дадоа многу повеќе отколку што некогаш сум замислувал. Она што го постигнавме и што го освоивме заедно е наследство кое засекогаш ќе остане во моето срце. Сто бода во една сезона, четири домашни титули, трипл-трик, четири титули по ред и многу повеќе… Не беше сè лошо.

За неколку месеци ќе дојде време да се збогуваме со градот каде што не само што освоивме толку многу како фудбалски клуб, туку и каде што го основав моето семејство и се оженив. Од дното на моето срце, Инес и Карлота, ви благодарам!

Навивачи, вашата безусловна поддршка во текот на сите овие години е нешто што никогаш нема да го заборавам. Мојата главна цел како играч отсекогаш беше да играм со страст, да ве направам горди и да се чувствувате достојно претставени на теренот. Се надевам дека го чувствувавте тоа на секој натпревар. Пристигнав како играч на Манчестер сити, а си заминувам како еден од вас – доживотен навивач на Манчестер сити. Продолжете да го поддржувате овој млад тим и сигурен сум дека тие ќе ви дадат уште многу фантастични спомени во иднина.

„До клубот, до Пеп, до персоналот и до сите мои соиграчи во текот на овие девет години – ви благодарам за сите спомени и што ми дозволивте да бидам дел од ова долго патување. Атмосферата што ја создававме секој ден на тренинг-теренот ме натера да се чувствувам како дома и како дел од едно големо семејство. Ајде да уживаме во овие последни неколку недели заедно и да се бориме за она што ни го носи оваа сезона“, напиша Силва на социјалните мрежи.

 

Промена на ситуацијата, Арсенал веќе не е прв фаворит за титулата во ЛШ

По завршувањето на четвртфиналето во Лигата на шампионите, во Sport Life има нови квоти за првите полуфинални мечеви, како и за играта освојувач на ЛШ.

Досега Арсенал беше главен фаворит за европската титула поради малку полесниот пат што го има, а и освоеното прво место во лигашката фаза. Но, веќе не е така. Победата на Баерн над Реал и мачењето на Арсенал со Спортинг ги сменија работите.

Иако е фаворит да го елиминира Атлетико и да се најде во финалето, квотата за Арсенал веќе не е најмала дека тој тим ќе биде освојувач на ЛШ. Сега таа улога ја има Баерн Минхен, иако Баварците нема да бидат фаворити на гостувањето во Париз на првиот дуел од полуфиналето.

Омерагиќ: Споделивме вредни информации за состојбите во фудбалот во Македонија и регионот

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ.

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја истакна важноста на посетата, со посебен акцент на реформите и развојот на македонскиот фудбал во изминатиот период.

„Посетата на Александар Чеферин е вистинска потврда на нашето пријателство и искрениот однос што го имаме со раководството на УЕФА. За нас е особено важно што во изминатата година спроведовме сериозни реформи во повеќе сегменти, од структурни и организациски промени, преку подобрување на инфраструктурата, до јасна стратегија за развој на младинскиот фудбал. Споделивме вредни информации за состојбите во фудбалот во Македонија и регионот и отворено разговаравме за клучните теми. Оваа поддршка и разбирање од УЕФА е силен поттик да продолжиме со реформите и да го развиваме македонскиот фудбал на највисоко можно ниво“, изјави Омерагиќ.

„Чеферин со знаење, храброст и одлучност го води европскиот фудбал низ големи предизвици во изминатите години и сите сме уверени дека и понатаму, на ист начин како досега, ќе го штити и развива европскиот фудбал. Се покажа како личност која е способна истовремено комерцијално да ги развива елитните натпреварувања на УЕФА, од Лигата на шампионите до Европското првенство, а истовремено да ја чува базата и да инвестира во развојот на фудбалот низ цела Европа. Горди сме на одличната соработка на нашата федерација со УЕФА“, додаде Омерагиќ.

Во рамките на посетата на нашата држава, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, оствари средба на највисоко ниво и со претставници на Владата на Република Македонија, со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, по што следува и работен состанок во „Куќата на фудбалот“.

Колото на Спортската прогноза полно со дербија, играчите веќе имаат свои фаворити

На половина од терминот за типување во 27-мото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе се наѕираат фаворитите на голем дел од најинтересните натпревари викендов.

Се играат неколку дерби-пресметки, а на прво место е Манчестер сити – Арсенал. Огромен број од прогнозерите очекуваат триумф на домашните, засега само 10 проценти веруваат во триумф на Арсенал, кој е прв на табелата со шест бода плус во однос на Сити, но има и еден меч повеќе од Граѓаните.

Дерби е и Челзи – Манчестер јунајтед, иако тоа не е битка за титула како некогаш. Кај овој пар малку над половината прогнозери очекуваат триумф на Сините.

Големо дерби има и во Лисабон, Спортинг ја пречекува Бенфика, а 54,5 отсто сметаат дека ќе победи Спортинг, што би било прв пораз сезонава на Бенфика која по 29 кола е непоразена, но нема реална шанса за титулата. Само победа го остава Спортинг во трка со лидерот Порто.

Градско дерби има и во Ливерпул, а иако се гости кај Евертон, Црвените се фаворити на 60 проценти од играчите на Спортска кои досега се изјасниле.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

 

Чеферин на средба во Владата на Македонија

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, откако беше пречекан на скопскиот аеродром од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со него замина во Владата на Македонија, каде што беше примен од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Чеферин е во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија на покана на претседателот Омерагиќ.

„Денес, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, остваривме важна средба со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Разговаравме за идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија – од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и силна поддршка на младинските категории. Убеден сум дека оваа средба ќе придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа. Продолжуваме посветено да работиме за развој на македонскиот спорт и создавање услови за нови успеси. Оваа посета на претседателот Александар Чеферин е силна потврда за меѓународната поддршка што ја добива македонскиот фудбал. Заедно градиме подобра иднина за нашиот спорт!“, објави министерот Ристовски.

Претседателот на Владата, Мицкоски, истакна дека остварил средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на којашто разговаравле за визијата, развојот и перспективите на фудбалот.

„Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти“, порача Мицкоски на „Фејсбук“.

 

Бразилци се главни фаворити за први стрелци на Нотингам форест – Порто

Нотингам форест и Порто вечерва во Англија ќе одлучат кој од нив ќе се најде во полуфииналето на Лигата на Европа откако првиот меч пред една недела на „Драгао“ заврши нерешено 1-1. Победник мора да има, макар и на пенали ако тоа не се случи по 90 или 120 минути игра.

Специјалот на Sport Life е за овој меч на кој мала предност им се дава на Шумарите. Интересно е дека фаворит за прв почетен удар е Порто, а кај другите „први“, како прв корнер, пенал, црвен картон, се фаворизира домашниот тим.

Една од огромниот број игри е да погодите кој ќе биде прв стрелец на мечот. Најголеми шанси му се даваат на Игор Жезус од Нотингам, а и од Порто фаворит за прв стрелец и стрелец било кога во текот на мечот исто така е Бразилец, Вилијам Гомес.

На првиот меч пред една недела, првиот гол беше дело на Вилијам Гомес. Порто есеноска гостуваше во Нотингам во лигашката фаза, Англичаните победија со 2-0, двата гола беа од пенали на Морган Гибс-Вајт и Игор Жезус.

Македонија денеска ги добива противниците на женското ракометно ЕП

ЕХФ одлучи наместо на 16 мај, како што беше првично планирано, ждрепката за составот на групите на женското Европско првенство кое се игра во декември годинава да се одржи денеска, од 18 часот, во полскиот град Катовице.

Ждрепката ќе се емитува во живо на EHFTV, на YouTube каналот на EHF, како и на телевизискиот канал Арена спорт Премиум 3.

Меѓу 24-те тима кои се квалификуваа за женското Евро 2026 е и Македонија, која е во последниот, четврти шешир. 

Шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија;
Шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка;
Шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови; 
Шешир 4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција.

Прелиминарната рунда ќе се одржи во шест различни града, и тоа: Орадеа и Клуж-Напока во Романија, Анталија во Турција, Брно во Чешка, Катовице во Полска и Братислава во Словачка. 

Првите две екипи од секоја од шесте групи од прелиминарната рунда ќе се квалификуваат за втората рунда, која ќе се игра во Клуж-Напока (екипи од групите А, Б и Ц) и во Катовице (екипи од групите Д, Е и Ф).

Финалниот викенд ќе се игра на „Сподек арената“ во Катовице на 18 (полуфинале) и 20 декември.

Билетите за сите фази од турнирот се веќе пуштени во продажба. Повеќе информации на tickets.eurohandball.com.

Бет билдерите за Лигата на Европа не смее да се пропуштат

Ако ваши фаворити за вечерва во дуелите од Лигата на Европа се Селта, Астон вила, Болоња, Бетис, Брага, Нотингам форест или ако верувате дека на средбата Нотингам – Порто двата тима ќе постигнат гол, тогаш дефинитивно треба да уплатите некој од Бет билдерите на Sport Life.

Квотите се од 11.0 до 28.0, а за добивка потребно е да се исполнат по четири услови. Шансата е тука, треба да се искористи.

Легендата Касилјас распали по Винисиус, кој непримерно се однесуваше кон Белингам

Се појави снимка на која се гледа како Џуд Белингам негодува кон Винсиус Жуниор што не ја додаде топката кога имаше шанса при 3-2 во финишот, а Бразилецот дрско му возврати на тимскиот колега.

Винисиус е фатен од камерите како вели: „Што сакаш? Што сакаш? Затвори ја устата“. А, потоа кажува и пцовка на португалски јазик.

Легендарниот голман на Реал, Икер Касилјас, жестоко го критикуваше односот на Вини.

„Токму ова е причината зошто тие изгубија вчера – нема лидерство, сите сакаат да бидат главни. Белингам побара топката, а ти му кажуваш да замолчи? Не можам да замислам Тони Крос да бара од Кристијано Роналдо да додава повеќе и Роналдо да му каже замолчи. Ова е веројатно една од причините поради кои Вини не ја освои Златната топка. Премногу ѕвездени играчи го нарушуваат тимот. Арда Ѓулер и Белингам беа единствените кои навистина сакаа да победат вчера. Винисиус имаше лош настап, не знам зошто не може да го контролира својот гнев. Баерн ги натера да ги изгубат главите и затоа изгубија“, рече Касилјас.