24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025
Дома Blog Страница 9450

Енди Мареј во Австралија издржа четири сета и еден гејм

Роберто Баутиста Агут го елиминираше Енди Мареј во најинтересниот и најдолгиот натпревар од првото коло на Отвореното првенство на Австралија во тенис. За Мареј можеби ова беше последен меч во кариерата. По завршувањето на средбата, беше презентиран емотивен клип во кој најдобрите тенисери на светот му искажаа почит за тоа што го стори за тенисот.

Шпанецот ги доби првите два сета, но Британецот, потпомогнат од публиката, успеа да ги добие наредните два сета во тајбрејк. Во првиот гејм од петтиот сет, Мареј имаше прилика да поведе, но не ја искористи и потоа следуваше пад од кој не можеше да се врати.

Во последниот сет, кој Баутиста Агут го доби со 6-2, Мареј изгледаше заморен, истрошен и повреден, па загуби без поголем отпор и се прости од првиот Гренд слем годинава.

Мареј, кој беше и број 1 на АТП-листата, неодамна најави дека размислува за крај на кариерата и затоа публиката во Мелбурн уживаше во спектакуларниот меч кој е најверојатно последен за Британецот на тој терен.

Публиката и во второто коло ќе биде против Баутиста, бидејќи ривал ќе му биде Австралиецот Милман. Победи во три сета извојуваа Роџер Федерер против Денис Истомин и Марин Чилиќ против Бернард Томиќ.

Заспан новинар на прес-конференцијата на Надал (видео)

Започна првиот Гренд слем во новата тениска сезона, Отворенотo првенство на Австралија. Половина од средбите во првото коло се одиграа, меѓу кои настапи и Рафаел Надал. Шпанецот лесно излезе на крај со Џејмс Дакворт, го победи со 3-0 во сетови, па по самиот меч најде и време да се пошегува на прес-конференцијата.

Во текот на пресот, Рафа забележа дека еден од присутните новинари одлучил за момент да ги затвори очите и да одмори. Шпанскиот тенисер позитивно реагираше, па истакна: „Изгледа денес не сум му интересен“, а откако новинарот се разбуди му додаде: „Знам што правиш, повеќе се фокусираш на мене и на моите одговори кога ти се очите затворени“, во шега му кажа Надал.

Моментот можете да го видите од 9:50 минута од видеото подолу:

Спектакуларна снимка од уривањето на салата во Милвоки (Видео)

Експлозијата со која падна кровот на стариот дом на Милвоки бакс, „Бредли центарот“, ја означи последната фаза од уривањето на оваа спортска сала која околу 30 години беше дом на „елените“ од НБА-лигата. Стручњаците за уривање со контролирана експлозија го урнаа кровот, а сега следува и остатокот од демонтажата на објектот.

Кровната конструкција падна како што било планирано, а демонтажата се очекува да заврши во летниот период. „Бредли центарот“ беше отворен во октомври 1988 година.

Бакс од 2016 година како домаќини играат во „Фисерв форум“, сала за чија изградба беа потрошени 524 милиони долари.

Погледнете ја снимката од рушењето: „Три, два, еден и бууууум“:

„Волците“ залудно ќе дојдат на „Етихад“, Сити лесно ќе ги скроти

Манчестер сити – Вулверхемптон (21 часот)

Фудбалерите на Пеп Гвардиола се во застрашувачка голгетерска форма. Поразот од Лестер кон крајот на декември многу ги налути, па во следните четири средби во сите натпреварувања постигнаа 22 погодоци, 16 од нив ги дадоа во два куп-натпревари. Вечерва на „Етихад“ гостува незгодниот Вулверхемптон, одлична шанса да се продолжи голгетерската форма.

„Волците“ од 2003 година не знаат за победа против Сити, а никогаш не ги победиле на нивен терен, така што и вечерва од „граѓаните“ се очекува да ја продолжаат оваа традиција. Првиот дуел сезонава, кој се одигра на „Молињу“, заврши со реми од 1-1, па Сити ќе има дополнителна мотивација да покаже зошто е актуелен првак на Англија.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.10) – квота на денот

 

Калјари – Аталанта (17.30 часот)

Останаа уште две слободни места меѓу најдобрите осум екипи од Купот на Италија, а Калјари и Аталанта ќе се борат за да бидат следните противници на бранителот на трофејот, Јувентус. Можеби звучи чудно, но Калјари има три последователни победи против тимот на Џанпјеро Гасперини, односно четири победи на последните пет меѓусебни средби. Знаејќи дека Аталанта е како трн во око за поквалитетните екипи од Серија А, изненадува што токму против Калјари не може да оствари позтивен резултат.

Но ова е елиминациски меч, што значи дека нема многу простор за калкулации, па ќе се игра за победа и пласман во следната рунда.

Предлог тип: X2 2-4 (2.05) – квота на денот

 

Реал Сосиедад – Еспањол (21 часот)

Падна Реал, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, па зошто да не го совлада и Еспањол. Сосиедад имаше лоша серија од три порази пред гостувањето во Мадрид, а потоа како преродени со триумф од 2-0 си заминаа среќни. Денес во улога на домаќини ќе треба да докажат дека не случајно го остварија шокантниот резултат во минатото коло.

Во последните три сезони Сосиедад пред своите навивачи не успевал да го совлада Еспањол, а вечерва имаат добра шанса да го сменат тој негативен скор.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.20) – квота на денот

 

Бразил – Србија (15.30 часот)

Бразил и Србија по две средби во групната фаза од ракометното СП сè уште трагаат по триумф. „Кариоките“ имаат два порази од домаќинот Германија и светскиот првак Франција, додека нашиот северен сосед се избори за реми против Русија, а против „триколорите“ беа немоќни.

Пораз за која било селекција ќе им создаде дополнителни проблеми и ќе бидат сè подалеку од местата кои водат во следната фаза. Во историјата се сретнале четири пати, Србија и Бразил делат по две победи, па кој прв ќе стигне до третата, ќе освои многу важни бодови.

Предлог тип: <54.50 (1.95)

 

Русија  – Германија (18 часот)

Кога последен пат Русија ја совлада Германија на Светско првенство, се играше дуел за пласман од петтото до осмото место во 2001 година. Но оттогаш многу работи се сменија, а Германија сега како домаќин на овој собир гази сè пред себе. И денес се во улога на големи фаворити, па со победа, Германците ќе си го осигурат местото во следната фаза, иако Русите ќе направат сè што е во нивна моќ да останат непоразени и по три меча.

Предлог тип: 2 & <53.50 (2.19)

За дербито Хрватска – Македонија следува нов специјал во Sport Life

Македонија има две победи во два меча на ракометниот Мундијал, но дури сега започнуваат вистинските возбудувања. Победите против Јапонија и Бахреин беа очекувани, а денеска е првиот голем испит. Играме против Хрватска во меч кој започнува во 18 часот. Со победа, Македонија ќе има голема шанса да заврши на едно од првите три места во групата и да продолжи понатаму.

Во спортските обложувалници на Sport Life има специјална дневна понуда за овој дуел. Хрватска ја има улогата на домаќин, но и на фаворит, па за храбрите кои веруваат во „црвено-жолтите“, триумф на Македонија, односно 2-ка, е со коефициент 5,80.

Хрватска е фаворит дека прва ќе стигне и до 3, 5 и 10 погодоци. Во претходните два меча на Македонија, против Јапонија и Бахреин, нашите ракометари пред противникот стигнуваа и до 3, и до 5 и до 10 погодоци, па би било интересно да се „брка“ оваа игра која нуди коефициенти над 2 за Македонија.

Што се однесува до индивидуалните тотали, односно кој играч колку погодоци ќе даде, на понудата се дури 11-мина играчи. Шестмина се од Хрватска, а петмина се наши. За Кирил Лазаров границата е на 7,5 голови, а потоа следуваат Дејан Манасков со 4,5 голови и Филип Талески со 3,5 голови. Границата на 2,5 голови е поставена за Филип Кузмановски и Стојанче Стоилов.

Од поинтересните игри, на понудата се и типувањето за тоа кој ќе го даде првиот, а кој последниот гол на мечот. Истите игри ги има и кога се работи за исклучувањата и за седмерците.

Македонија за првпат на Светското првенство во Германија и Данска ќе биде во улога на аутсајдер, но момците предводени од селекторот Раул Гонзалес сигурно нема да се предадат против Хрватска. Понудата во Sport Life нуди одлични игри за гледањето на дербито да биде уште поинтересно и возбудливо.

 

Одбраните на Де Хеа донесоа над 2.000 евра во Дебар

Некогаш не е потребно да се играат комбинации на типови за да се добие висока добивка. Доволно е да одиграте фикс и да го погодите победникот на мечот, како што во изминатиов викенд го направил тоа еден обложувач од Дебар во спортските обложувалници на Sport Life.

На тикет со девет парови, само за 100 вложени денари, играчот добил 145.954 денари, што е повеќе од 2.000 евра. Дури осум парови му се на мечеви на кои бркал победа на домаќинот или гостинот, а само еден меч е одигран 3+. Ираклис даде гол во 83-тата минута за победа над Ерготелис од 2-1, но затоа уште во првото полувреме го погодил 3+ на дуелот ЗЕСКО – Кајзер (3:1) во квалификациите на Африканскиот куп на конфедерациите.

Твенте без проблеми си победи со 2-0 на гости кај Мастрих, а Рода го победи ГА Иглс со 3-1. Храбро верувал во победа на Атлетик Билбао против Севилја (2-0).  Со истиот резултат Барселона Б славеше во третата лига на Шпанија против Алкојано. Рекреативо Уелва со 2-0 славеше на гости кај Дон Бенито за погоден коефициент 2,80, а лесно му било да ја предвиди победата на Наполи против Сасуоло со 2-0.

Најголем погоден коефициент, а и најголема драма за овој типувач од Дебар имало на дербито меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед. Типстерот верувал дека Манчестер ќе ја продолжи победничката серија и на дербито во Лондон, па одиграл 2-ка, на коефициент 3,20. На крајот, „црвените ѓаволи“ победија со 1-0, и тоа најмногу благодарение на неверојатните одбрани што ги имаше голманот на гостите, Давид де Хеа.

КОГА СИ СИГУРЕН, ИГРАШ ПОЛУВРЕМЕ-КРАЈ НА ФАВОРИТИТЕ

Без многу комбинации, типстер кој уплатил во Волково, со 20 денари добил 70.404 денари. На тикетот има шест парови и сите се одиграни полувреме-крај. Изборот паднал на фаворитите, кои уште во првиот дел си ја завршија работата, а на крајот не дозволија изненадување, па тоа донесе и радост за овој играч во Волково.

Одиграл дека Барселона и Реал Мадрид на полувремето ќе водат, а и на крајот дека ќе победат против Еибар, односно Бетис. Кикс не дозволија ниту Наполи, Твенте и Олимпијакос, кои уште во првите 45 минути стигнаа до предност против своите ривали, а на крајот победија. Обложувачот имал доверба и во Пасос де Фереира, кој на полувремето водеше и на крајот славеше на гостувањето кај Кова Пидаде за добивка од 70.404 денари.

ОХРИД СЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРА ЗА ГОЛЕМИ ДОБИВКИ СО МАЛИ УПЛАТИ

И овој викенд во топ 3 ливчињата има типувач од Охрид. Со 70 вложени денари, добивката е 65.541 денари, а погодени се дури 10 парови. Покрај повеќето мечеви, кои се фудбалски, тука има и три типа од ракометното Светско првенство. Довербата била кај македонските репрезентативци, па погодено е дека Кирил Лазаров, Дејан Манасков и Стојанче Стоилов ќе ја надминат поставената граница за дадени голови на дуелот против Јапонија.

 

 

За Василица, победата нека ѝ се падне на Македонија

Дуелот помеѓу Македонија и Хрватска од 18 часот во Минхен е најважниот досега за двете селекции на Светското првенство во ракомет за мажи бидејќи триумфот ќе значи пласман во следната фаза со пренесени бодови. На хартија, Хрватска е фаворит, но „црвено-жолтите“ уште не ја „испукале“ целата муниција. Дуелите со Јапонија и Бахреин беа само загревање и можеби денеска ќе дојдеме до прва победа над Хрватска на едно големо натпреварување.

ВУЈО МИСЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ТАКТИЧКИ Е ПОСИЛНА, НО ХРВАТСКА ИМА ПОДОБРИ ИНДИВИДУАЛЦИ

Легендата на светскиот ракомет, Веселин Вујовиќ, како аналитичар на хрватски „Индекс“ смета дека против „коцкестите“ е порозната одбрана која е составена од крупни, но и бавни ракометари, па лесно е да ги поминете во игра „еден на еден“. Некогашниот популарен тренер на Вардар му дава совети на некогашниот ривал Лино Червар.

„Македонија е тврда и тактички подобра репрезентација од индивидуално посилната Хрватска. Одличниот селектор Раул паметно го одмора Кирил Лазаров во одбраната и на негово место го уфрла Поповски, Талески и Кузмановски даваат голем придонес, а Филип Лазаров добро користи простор кога имаат играч повеќе. Стоилов си има специфична тежина во Македонија. Червар треба да одлучи како ќе игра. Јас секогаш велам дека треба да се знае кога се трча, кога се запира. Што ќе ти е брз центар откако си примил гол, ајде да не примиме гол, за да нема потреба од тоа брзо тргнување од центарот“, вели Црногорецот Вујовиќ, кој додава дека на првенството навива за Хрватска.

ЛИНО: ЛАЗАРОВ Е НАЈДОБРИОТ ШТО СУМ ГО ТРЕНИРАЛ

За хрватскиот селектор Лино Червар оваа средба е посебно емотивна бидејќи тој осум години работеше кај нас како тренер на Металург, а беше и селектор.

„Никој немаше слушнато за Талески, Кузмановски, Неловски, Крстевски, Дрогишки, Велковски, Томовски, тоа се само бекови и голмани. Мислам дека не бевме свесни каков тренер имаме, сè освестивме откако го загубивме“, вели Кирил Лазаров, кој исто така му е благодарен на Червар што од него направи ѕвезда во европски рамки.

Нашиот капитен во 2000 година потпиша за Загреб, тогаш го пречека Червар, исто како и во 2007, а Лино за него кажа дека е најдобриот ракометар кој некогаш го тренирал.

„Не издвојувам поединци, но Кирил Лазаров е исклучок. Тој е најголемиот што сум го тренирал во кариерата, пример за младите. Тој секогаш сака повеќе, подобро, има неверојатен победнички менталитет. Многу е талентиран, но неговиот успех е комбинација од самоодрекување, тренинг, креативност, трпение и победнички карактер“, вели Червар, кој ги тренирал и Балиќ, Дувњак, Метличиќ.

ТРАДИЦИЈАТА НА СТРАНА НА ХРВАТИТЕ

Македонија и Хрватска досега играле четири пати на големите натпреварувања, последен пат на ЕП 2016 година, и никогаш не сме победиле. Последниот меч преклани Хрватите го добија со 34:24. На СП сме играле еднаш, во 2015, а Хрватска славеше со 29:26.

Реал ќе купува напаѓач во јануари

На гостувањето кај Бетис, по повредата на Карим Бензема, кој го скрши малиот прст на раката, Реал остана само со еден напаѓач, младиот Кристо. Клуб кој е европски првак не смее да си дозволи да нема квалитетен резервен напаѓач и затоа веројатно ќе ја зголемат конкуренцијата.

Се шпекулира дека Реал во јануари ќе обиде да го земе Мауро Икарди, а доколку не успее, втора опција е Кжиштоф Пјонтек, кој би можел да игра и во Лигата на шампионите. Ако не го земат ниту Полјакот, тогаш останува опцијата да го донесат 18-годишниот Бразилец Родриго од Сантос, кој веќе потпиша за Реал, но треба да се приклучи налето.

Реал има уште две недели да одлучи што ќе прави. Во 2011 итно купија напаѓач, Адебајор, кога Игуаин имаше операција од хернија.

Клубот го има и Маријано Дијас, кој многу ретко игра, а во моментов и тој е повреден, па кога се повреди Бензема, останаа само со младинците Кристо и Винисиус. Французинот веројатно нема да може да игра в недела, во дербито против Севилја.

Битолчанки ја поведоа трката во Типстер купот и се најблиску до „пежо 308“

Финалето од првата етапа во Типстер купот на спортските обложувалници Sport Life е во полн ек. Од 10-ти до 31-ви јануари трае борбата меѓу 718 типстери кои се пласираа во финалето, а со тоа се дел и од трката за добивање на главниот подарок, автомобил „пежо 308“.

По првите неколку дена од финалето, доминираат натпреварувачите од Битола. Да биде уште поинтересно, на водечките две позиции се жени. Љуба, која најголемиот дел од уплатите ги врши во Битола и Битола 3, е лидерот во финалето со 19.472,9 поени. Зад Љуба е Ангела, која исто така уплаќа само во објектот Битола 3. Ангела досега има освоено 19.342,7 поени. Зад водечкото женско дуо, следи Кристијан, кој уплаќа на повеќе локации во Битола. И Кристијан е во „мртва трка“ со водечките и досега има освоено 19.323,1 поени.

Четвртопласираниот Орце, кој уплаќа во Виница и Кочани, заостанува речиси 5.000 поени зад лидерот. Орце досега има освоено 13.883,2 поени. Топ 5 во финалето на Типстер купот ги заокружува уште еден битолчанец. Сули е играчот кој досега освои 12.675 поени и, секако, е во трка за освојување на „пежо 308“.

Освен „пежо 308“ за најдобриот типстер во финалето, Spot Life подготвува подароци и за сите оние кои ќе завршат меѓу најдобрите 10.

За второпласираниот ќе следуваат 4.000.000 СЛ Маркет поени, а потоа листата е:
3. 2.000.000 СЛ Маркет поени
4. 500.000 СЛ Маркет поени
5. 200.000 СЛ Маркет поени
6. 100.000 СЛ Маркет поени
7. 50.000 СЛ Маркет поени
8. 40.000 СЛ Маркет поени
9. 30.000 СЛ Маркет поени
10. 20.000 СЛ Маркет поени

По завршувањето на финалето од првата етапа, следува нова шанса за сите за уште еден подарок „пежо 308“. Втората етапа започнува од први февруари и ќе трае до 30-ти мај 2019 година, а финалето на оваа етапа ќе биде од 10-ти до 30-ти јуни.

 

Р. Број Играч Типстер бод. Картичка Објекти
1 К. Љуба 19.472,9 *** – *** – 938 Битола 3; Битола;
2 К. Ангела 19.342,7 *** – *** – 392 Битола 3;
3 К. Кристијан 19.323,1 *** – *** – 605 Битола 3; Битола; Битола 7; Битола 8;
4 В. Орце 13.883,2 *** – *** – 827 Виница; Кочани;
5 Г. Сули 12.675,2 *** – *** – 392 Битола 3; Битола;
6 Е. Александар 12.139,9 *** – *** – 281 Струмица 3; Виница;
7 Л. Санде 11.873,1 *** – *** – 605 Волково; Лептокарија; Хром;
8 Р. Марјанчо 11.345,1 *** – *** – 281 Аеродром; Зелено Пазарче; Ѓорче Петров; Тафталиџе; Даме Груев; Млечен;
9 С. Јане 11.041,7 *** – *** – 453 Аеродром; Слога; Скопје Сити Мол; Лептокарија; Чаир; Млечен; Аеродром 2; Скопје Север; Црниче;
10 М. Звонко 11.009,0 *** – *** – 827 Штип; Берово; Штип 3; Штип 4; Пехчево; Берово 2;
11 К. Златко 10.996,2 *** – *** – 549 Хром;
12 А. Ипче 10.855,6 *** – *** – 453 Дебар;
13 Ц. Тони 10.553,3 *** – *** – 605 Зелено Пазарче; Ѓорче Петров; Даме Груев;
14 Б. Антонио 10.231,0 *** – *** – 827 Прилеп;
15 В. Тони 10.092,4 *** – *** – 549 Делчево;
16 С. Блашко 9.461,2 *** – *** – 281 Кавадарци;
17 Т. Николче 9.427,7 *** – *** – 605 Битола 3; Битола 5;
18 С. Роме 9.083,9 *** – *** – 827 Ламарена; Струга 3;
19 П. Пеце 9.055,1 *** – *** – 064 Битола 4; Битола; Битола 8;
20 А. Данка 8.836,2 *** – *** – 392 Г.Т.Ц.; Слога; Охрид; Универзална; Скопјанка; Млечен; Беверли; Соборна;
21 С. Светислав 8.734,0 *** – *** – 827 Козле; Ѓорче Петров; Хром; Млечен; Соборна; Тетово 7;
22 Т. Митко 8.600,6 *** – *** – 064 Муртино; Штип 2; Штип 3; Штип 4; Штип 5; Штип 6;
23 С. Драган 8.365,5 *** – *** – 176 Аеродром; Слога; Ѓорче Петров; Хром; Даме Груев;
24 П. Радослав 8.235,6 *** – *** – 710 Кисела Вода; Битола 4; Битола 8;
25 Б. Костадин 8.111,9 *** – *** – 827 Кисела Вода; Г.Т.Ц.; Кисела Вода 3; Беверли; Рузвелтова; Драчево 3;
26 А. Благе 8.046,0 *** – *** – 453 Банево Трло; Куманово; Куманово Пазар; Куманово 2; Куманово 5;
27 Ј. Горан 7.976,5 *** – *** – 392 Слога; Лептокарија; Радишани;
28 П. Веселин 7.942,0 *** – *** – 453 Карпош; Зелено Пазарче; Ѓорче Петров; Тафталиџе; Даме Груев;
29 А. Бојан 7.763,3 *** – *** – 605 Кочани 2;
30 С. Миле 7.661,5 *** – *** – 710 Скопје Сити Мол; Тафталиџе;
31 С. Дарко 7.647,8 *** – *** – 827 Карпош; Скопје Сити Мол; Лептокарија; Тафталиџе; Универзална; Хром; Аеродром 5;
32 Р. Владо 7.530,0 *** – *** – 827 Охрид; Млечен;
33 Т. Тоше 7.500,2 *** – *** – 281 Кисела Вода; Г.Т.Ц.; Кисела Вода 4; Кисела Вода 3; Илинден; Рузвелтова;
34 А. Горан 7.484,1 *** – *** – 064 Трудбеник;
35 Р. Мице 7.467,1 *** – *** – 605 Ново Лисиче; Г.Т.Ц.; Аеродром; Лисиче; Ново Лисиче 2; Аеродром 3;
36 С. Драган 7.460,5 *** – *** – 176 Куманово; Соколана; Гаражи; Куманово 2;
37 А. Слаѓан 7.448,5 *** – *** – 938 Лептокарија; Илинден; Трубарево;
38 А. Методија 7.375,0 *** – *** – 281 Кочани; Кочани 2;
39 Т. Александар 7.341,2 *** – *** – 710 Виница; Кочани 2; Кочани 4;
40 И. Момчило 7.319,4 *** – *** – 281 Кочани;
41 А. Мартин 7.265,4 *** – *** – 176 Кочани 2;
42 Ш. Саша 7.234,4 *** – *** – 392 Кисела Вода 3;
43 П. Тодор 7.192,8 *** – *** – 827 Штип 3; Штип 4; Штип 6;
44 П. Александар 7.129,5 *** – *** – 176 Г.Т.Ц.; Аеродром; Радовиш; Скопје Сити Мол; Зелено Пазарче; Лептокарија; Млечен; Аеродром 2; Гостивар 6; Беверли; Аеродром 4; Аеродром 5;
45 Ч. Стефан 7.127,0 *** – *** – 064 Охрид; Охрид 2; Бараки; Пазар Охрид;
46 В. Радован 7.073,2 *** – *** – 453 Пештани;
47 Н. Владо 7.069,3 *** – *** – 710 Охрид; Пазар Охрид;
48 М. Ратко 7.050,9 *** – *** – 827 Штип 5;
49 Т. Горан 7.005,2 *** – *** – 605 Ново Лисиче; Г.Т.Ц.; Аеродром; Маџари; Зелено Пазарче; Маџари 2; Илинден; Скопјанка; Бит-пазар; Аеродром 3; Марино;
50 К. Билјана 6.974,6 *** – *** – 938 Хром;

Покетино: Најдобрите 45 минути што сме ги одиграле откако сум во Тотенхем

Тотенхем вчера го претрпе вториот последователен пораз на домашен терен во Премиер лигата. По шокот од Вулвс со 3-1, „петлите“ вчера на „Вембли“ не можеа ништо да сторат против расположениот Давид де Хеа, додека Рашфорд го постигна единствениот гол на дербито на „Вембли“.

Стратегот на Тотенхем, Маурисио Покетино, немаше што да им забележи на своите фудбалери, а смета дека во вториот дел играа одлично и покрај тоа што на крајот беа на страната на поразените.

„Игравме одлично во второто полувреме, па затоа сум задоволен, иако резултат не е во наша полза. Направивме сè што можевме да приредиме добар меч, доминиравме во вториот дел, креиравме многу шанси, иако беа без потребниот финиш. Сметам дека тоа беа најдобрите 45 минути што сме ги одиграле откако сум на клупата на Тотенхем. Оние 11 одбрани на Де Хеа беа извонредни, тој беше најдобриот играч на теренот“, истакна Покетино.

Со вкупно шестиот пораз сезонава, Тотенхем му дозволи на Челзи да дојде само на еден бод разлика и да го стави третото место во ризик, додека Манчестер сити денес ќе има можност да избега на пет бода разлика во однос на екипата од северен Лондон доколку оствари триумф против Вулверхемптон (21 часот).