26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9468

Роналдо со генијален план: Ќе си оди од Јувентус и ќе добие двојно повеќе пари

Кристијано Роналдо беше главна ѕвезда во летниот преоден рок, кога неочекувано го облече дресот на Јувентус. По девет години поминати во Реал Мадрид, Португалецот се реши да се пресели во гигантот од Торино. Мадридскиот гигант без Роналдо е многу послаб во нападот, а Јувентус со Кристијано во тимот ја игра најдобрата сезона во истријата на Серија А.

Според најавите во „Дон Балон“, Роналдо со план го одбрал Јувентус за негов нов клуб. Португалецот би одиграл во Јувентус уште некоја сезона, а потоа ќе се пресели во Обединетите Арапски Емирати, каде би добил двојно поголема плата, од таа што во моментов ја добива од „старата дама“.

Роналдо едноставно не планира во скоро време да прекине со фудбалот, туку уште неколку години да доминира на теренот, но и тоа да го наплати на најдобар можен начин.

Обложувач го обвини Митровиќ затоа што не ќарил 855 фунти, а Србинот му одговори

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ беше трагичар во поразот на Фулам од Олдам во ФА Купот. Иако Фулам ја имаше фаворитската улога, Олдам на крајот се радуваше на триумф од 2:1. При резултат 1:1, Митровиќ имаше шанса од пенал да погоди од пенал и да донесе предност на Фулам, но Србинот промаши.

Веднаш потоа Олдам го казни фаворитот и даде втор гол за триумф и пласман во следната фаза од ФА купот. Овој пораз на Фулам многу го налути еден обложувач кој поради елиминацијата на Фулам не успеа да освои 855 фунти на тикет. Од ставените натпревари, единствено поразот на Фулам не го погодил.

Обложувачот решил и јавно да го објави тикетот, но и да го посочи Митровиќ како директен виновник за тоа што не добил 855 фунти. Неочекувано, Митровиќ решил да му одоговори на обложувачот.

„Нема проблем другар“, му одговорил Митровиќ на обложувачот, кој подоцна се обидел да му објасни дека проблем е тоа што Србинот го промаши пеналот и дека поради тоа, тој не добил 855 фунти.

https://twitter.com/HHjones55/status/1082039471221002240

 

Баерн се заљуби во Хадсон – Одои: 10-ката на Робен спремна за Англичанецот

Баерн Минхен ги користи сите „оружја“ да го придобие талентираниот фудбалер на Челзи, Калум Хадсон – Одои. Осумнаесетгодишниот англиски офанзивец е прва цел на „баварците“ за зимскиот преоден рок, а „сините“ од Лондон досега одбија две понуди за него во вредност од 20, односно 30 милиони фунти.

Сега германскиот првак има нов план, да го примами Хадсон – Одои нудејќи му го бројот 10, односно бројот кој го носи Арјен Робен, а ќе биде слободен по крајот на оваа сезона. Искусниот Холанѓанец по една деценија ќе си замине од „Алијанц арена“, а Баерн во младиот Англичанец гледа како идеална, но пред сѐ долгорочна замена за Робен. Најавена е и подобрена понуда, Баерн се надева дека 40 милиони фунти ќе бидат доволни за челниците на Челзи да попуштат.

Хадсон – Одои импресионираше на последниот настап за „сините“. Асистираше при двата погодоци на Мората во победата од 2-0 над Нотингем форест во ФА купот, покажа дриблерски способности и одлично разбирање на играта и покрај тоа што нема многу искуство во сениорскиот фудбал, па јасно е зошто од таборот на Баерн се толку загреани за него.

 

Погба помогна да се спаси животот на млад фудбалер!

Пол Погба во декември го одигра најдобриот месец во кариерата, откако даде четири гола, а имаше и три асистенции во првенствените средби. Таков биланс Французинот немал ниту во времето кога блескаше во дресот на Јувентус. Токму од времето кога играше за италијанскиот гигант, без никој да знае, Погба помогнал да се спаси животот на еден млад фудбалер.

Во 2015 година Погба финансиски му помогнал на детенцето Брајан Додијен во лекувањето од рак. Брајан бил 12-годишен талент на Јувентус, а откако било констатирано дека има рак, Погба решил да му помогне. Дури Французинот му го посвети голот постигнат во финалето на Купот, токму на Брајан.

Сега, три и пол години подоцна, Доријен ја победи тешката болест и веќе го одигра првиот меч за У15 тимот на Јувентус. Погба, не го заборави Брајан, па реши преку социјалните мрежи да му честита за одиграниот меч.

„Каква среќа што Брајан успеа да го победи ракот и да го одигра првиот меч за У15 селекцијата на Јувентус. Горд сум на својот пријател. Ти благодарам што беше инспирација за многу луѓе меѓу кои и на мене. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, порача Погба на својот твитер профил.

Конечно триумф за фаворит во Азискиот Куп

Кина забележа победа од 2-1 против селекцијата на Киргистан во нивниот премиерен меч во Азискиот Куп. На тој начин, Кинезите го скршија мразот како првиот фаворит кој успеа да забележи позитивен резултат, претходно четири фаворити потфрлија во тој обид.

Избраниците на Марчело Липи мораа преку пресврт да стигнат до првите бодови во континенталниот репрезентативен собир. Киргистан дојде до предност пред крајот на првото полувреме преку Исраилов, а по автоголот на Матјас и погодокот на Ју Дабао во 70-тата минута Кина го осигура славјето

Претходно, домаќинот Соединетите Арапски Емирати ремизираше на отворањето против Бахреин (1-1), потоа Јордан го шокираше бранителот на трофејот Австралија со 1-0, Индија го фрли на колена Тајланд со 4-1, а Сирија испушти бодови против Палестина во ремито без голови.

Ова што се случува со Реал не е нормално

Новата година не смени многу за Реал Мадрид. „Кралевите“ стартуваа со реми и пораз во Ла Лига во 2019 година, а вчера беа посрамотени од Реал Сосиедад со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Еден од предводниците на тимот, Лука Модриќ, тотално се разочара по срамниот пораз, па вели дека главниот проблем за негативните резултати се самите играчи, а не тренерот Сантијаго Солари.

„Не е нормално ова што ни се случува. Ни недостасува единство на теренот, не можеме да постигнеме гол, додека премногу дозволуваме и кога играме пред свои навивачи. Мора да седнеме и да разговараме, сите заедно да го најдеме и да го решиме проблемот во екипата. Ова не ни се случи само еднаш, туку повеќе пати, и мора да реагираше што побрзо. Тренерот не може да биде виновен, тој одлично си ја врши работата, а ние сме тие кои треба да остваруваме позитивни резултати на теренот. Не може Солари за нас да дава голови, тоа е наша работа. Нема простор за изговори, во моментов тимот се наоѓа во тешка ситуација, а само заедно можеме да го најдеме решението“, истакна Модриќ по поразот од Сосиедад.

На 13-ти јануари Реал гостува кај Бетис во рамки од 19. коло во Ла Лига, а во среда ги очекува дуел против Леганес во рамките од клупот на Кралот.

Наполи купи соиграч на Пандев за 20 милиони евра

Џенова се согласи на продажба на својот млад напаѓач Кристијан Куаме, во редовите на Наполи за сума од 20 милиони евра. Куаме до крајот на оваа сезона ќе остане на „Луиџи Ферарис“ како позајмен играч, а од јули ќе го облече дресот на Наполитанците.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска се согласи на петгодишен договор, според кој ќе заработува 500 илјади евра по сезона.

Дваесет и едногодишниот напаѓач сезонава игра одлично заедно во тандем со Кжиштоф Пјонтек, што го привлече вниманието на неколку калчолигаши. Наполи прв се избори за неговиот потпис, па така Анчелоти доби дополнителна свежина во нападот за следната сезона.

Сезонава настапи на 20 натпревари во Серија А и Купот на Италија, на кои забележа три погодоци и четири асистенции.

 

Единствениот премиерлигашки дуел во ФА Купот нема да разочара

Вулверхемптон – Ливерпул (20:45 часот)

Последната пресметка од третото коло во ФА купот нема да разочара, од Вулверхемптон и Ливерпул се очекува да има голови. Двете екипи годинава еднаш ги одмерија своите сили, во рамките од Премиер лигата фудбалерите на Јирген Клоп славеа со рутинирани 2-0 на стадионот каде ќе играат и вечер. Но, ако се земе во предвид дека „волците“ ги  елиминираа „црвените“  кога последен пат играа во рамки од ова натпреварување (2-1 на „Енфилд“ во јануари 2017 година), тимот од „Молињу“ и сега верува дека може преку Ливерпул да оди во следната рунда.

Многу веројатно е дека Санто и Клоп ќе им дадат шанса на играчи кои не настапуваат редовно, но и двајцата ќе сакаат да обезбедат пласман во следната рунда.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.80)

 

Селта Виго – Атлетик Билбао (21 часот)

Селта и Атлетик го затвораат 18. коло во шпанскиот шампионат. Двете екипи сезонава не се на посакуваното ниво, па можеби во 2019 година работите ќе им тргна тна подобро. Во изминативе три години, само еднаш овие две екипи одиграле натпревар на кој се постигнал само еден гол, на останатите редовно се треселе мрежите на двете страни, па истото се очекува и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

Порто – Национал (22:15 часот)

Порто е во страшна форма и практично маршира кон одбрана на титулата во Португалија. Нивната победничка низа засега стои на 17 меча во сите натпреварувања, а повеќе од јасно е дека нема да застанат ниту вечерва. „Змејовите“ постигнале вкупно 15 гола против Национал на последните три меѓусебни пресметки, па иако ќе бидат без еден од главните напаѓачи Винсен Абубакар, нема да им биде проблем во неколку наврати да ја затресат мрежата.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.95)

 

Тондела – Спортлинг Лисабон (20 часот)

Спортинг има убава шанса да се врати на втората позиција во португалскиот шампионат, ако вечерва оствари позитивен резултат на госувањето кај Тондела. Тимот каде настапува и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, е во речиси перфектна форма, бидејќи на последните 10 меча во сите натпреварувања Спортинг бележи само еден пораз, додека на останатите девет само победи.

Голгетерски настроени, избраниците на Марсел Кајзер вечерва ќе треба да постигнат барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 2 & 1+I 1+II (2.38)

 

Лил – Сошо (20:55 часот)

Куп се игра и во Франција, а по Лил и Сошо ќе се знаат сите екипи кои ќе играат во 1/16 финалето. Веќе се случија неколку изненадувања, од нисколигаши се елиминирани Марсеј и Бордо, а Лил треба да се правда вечерва за да докаже зошто се едно од најпријатните изненедувања сезонава во француското првенство.

Сошо од 2010 година не знае за победа над Лил, а многу веројатно и по овој меч ќе остане без позитивен резултат.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.05)

Познат е наследникот на Игуаин во Милан?

Кжиштоф Пјонтек би можел да го облече дресот на Милан и да биде прва напаѓачка опција на „росонерите“ откако ќе се разделат со Гонзало Игуаин, кој е пред заминување во Челзи. Полјакот Пјонтек како играч на Џенова, сезонава даде 13 гола и тој е зад лидерот Кристијано Роналдо на второто место на листата на стрелци во италијанската Серија А.

Карактеристиките на Пјонтек се поклопуваат со желбите на Милан за тип на напаѓач каков што сака клубот да ангажира. Џенова го купи Полјакот за само 4, а сега нема да го продаде за помалку од 60 милиони евра.

На Милан нема да му бидат проблем парите, но може да има и силна конкуренција. Ако остане без Мауро Икарди, и Интер би сакал да го купи Пјонтек, па и Јувентус би го земал, во случај да си замине Марио Манџукиќ. Сепак, во Милан би бил главен напаѓач и тоа може да пресуди околу одлуката каде да ја продолжи кариерата.

Новото дете во Реал, собираше топки за Иско во Малага

Брахим Дијас кој денеска ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид, а во сезоната 2011/2012, како член на академијата на Малага, собираше топки покрај аут-линијата на „Ла Росаледа“. Во тоа време главен играч на Малага беше Иско, кој сега ќе му биде клупски колега.

Брахим кој има 19 години, во Реал дојде од Манчестер сити, и важи за еден од најдобрите играчи во Европа на таа возраст. Додека Брахим собраше топки во Малага како 12-годишен, за првиот тим играа Иско, Касорла, Ван Нистелрој, Хоакин, Демикелис, Монреал, Тулалан, и го однесоа тимот во Лигата на шампионите.

Негов идол е Иско, кој сега е резерва во Реал. Ова значи дека Иско добива уште еден пријател во соблекувалната, а интересно ќе биде да се види како срамежливиот тинејџер ќе се снајде во друштво на ветерани и играчи кои освоиле сè.

Договорот му е потпишан до 2025 година, вреди 17,3 милиони евра. Шанса да дебитира можеби ќе добие уште в среда во Купот против Леганес.