23.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9467

Во духот на традицијата, Вулверхемптон пак го исфрли Ливерпул од ФА купот (Видео)

Вулверхемптон го има победничкиот рецепт за Ливерпул во мечевите од ФА купот, а и вечерва популарните волци беа подобри од фаворитот, славеа со 2:1 и се пласираа во четвртото коло.

Триумфот на лидерот во Премиерлигата на „Молињу“ пред петнаесеттина дена во меч од англиското првенство не се повтори, па Вулверхемптон се реваншираше за поразот од 0:2 на 21. декември.

Раул Хименес ја искористи грешката на Милнер во 38. минута и им донесе предност на домаќините од 1:0. Дивок Ориги израмни на 1:1 на почетокот на второто полувреме, но за да биде идентично како и лани во меч од ФА купот меѓу двете екипи, се погрижи Рубен Невеш.

Португалецот погоди од далечина во 55. минута, за конечни 2:1 за Вулверхемптон и за уште една елиминација на Ливерпул од волците.

https://www.youtube.com/watch?v=63IBVXkx1v4

Во 2017 година во четвртата рунда од ФА купот Вулверхемптон го победи Ливерпул на гостински терен со идентични 2:1, а дека е тежок ривал за една од најтрофејните екипи во Англија говори и петтата победа во седмиот меѓусебен меч во националниот куп на Англија.

По серијата од 20 меча без пораз во Англија, сега Ливерпул има два порази по ред и се уште е без триумф во 2019 година.

Страшен гол на Томане, Ристовски не игра, Спортинг си губи редовно на гости (Видео)

Спортинг повторно загуби на гости, вечерва од Тондела, а мечот го одбележа прекрасниот погодок на домашниот фудбалер Антонио Мендеш Фернадеш Мендеш, или како што во Португалија го нарекуваат Томане.

Во 74. минута Томане со надворешен фелш од десната страна го погоди спротивниот агол на гостинскиот гол и во тој момент Тондела веќе имаше предност од 2:0. Жереми Матје само две минути подоцна намали на 2:1, но Спортинг не успеа да освои барем еден бод.

https://www.youtube.com/watch?v=krYhRFk2Kmc

При првиот гол за Тондела, што го постигна Делгадо, главен виновник беше десниот бек на Спортинг, Бруно Гашпар, играч чија резерва моментно е нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Гашпар ја искористи шансата да биде стартер, по повредата на Ристовски, но одигра слабо, вечерва против Тондела. Спортинг има две лица во португалското првенство и како домаќин има максимален учинок од 8 победи, но игра многу полошо како гостин.

Вечерва лавовите од Лисабон по четвртипат загубија на гостувањата во 8 натпревари и имаат само три победи со едно реми. По поразот од Тондела паднаа на четвртата позиција со 6 бодови помалку од лидерот Порто, а ги претркаа и Брага со два бода повеќе и Бенфика, која има еден бод повеќе.

Федерер не заборава, едно прашање го расплака великанот (Видео)

Роџер Федерер не го заборави својот прв тренер и ментор Питер Картер, а едно прашање на новинарката на Си-Ен-Ен (CNN) го расплака големиот тениски ас.

„Што мислиш што би ти рекол Питер и како би размислувал сега кога имаше освоено 20 гренд-слем титули“, го праша новинарката швајцарскиот ас, а Федерер не можеше да ги задржи солзите.

„Се надевам дека ќе се гордееше со мене и со моите успеси. Тој ми беше прв тренер и не можам да го заборавам. Можеби неговата смрт ме предизвика посериозно да тренирам. Не сакав да бидам пропаднат талент“, изјави Федерер.

Картер загина во сообраќајна несреќа во 2002 година во Јужна Африка, на патување со својата сопруга. Медениот месец испадна трагичен за животот на Австралиецот, кој го пронајде тениското чудо од Базел и го научи на првите тениски чекори.

Федерер како што е познато е рекордер по бројот на освоени гренд-слем титули и ги има точно 20.

Од финале на Вимблдон до квалификации на Австралија опен

Маркос Багдатис кај мажите и Вера Звонарева и Сабине Лисицки се најпознатите тениски имиња што ќе почнат од квалификациите на Австралија опен, со цел да стасаат до главната сцена и настап на гренд-слемот што ќе се игра од 14. јануари во Мелбурн.

Маркос Багдатис ќе биде 14. носител во квалификациите, а кариерата на 33-годишниот тенисер од Кипар е во надолна линија, па сега ќе мора да го мине филтерот од три рунди за да настапи на главната сцена.

Багдатис е поранешен број 4 светски тенисер и играше финале во Мелбурн на првиот гренд-слем во сезоната во изданието во 2006 година. Тогаш загуби од Роџер Федерер со 1:3 во сетови и не успеа да сата со гренд-слем титула.

Кај дамите има две тенисерки кои ја почуствувале магијата на гренд-слем финалињата. Вера Звонарева во 2010 година беше во врвна форма, стаса до втората позиција на ВТА листата, а играше две финалиња, во Лондон на Вимблдон и во Њујорк, на САД опен. И двете ги загуби со по 0:2, на терените на „Њу Ингланд клубот“ од Серена Вилијамс и потоа на „Флешинг Медоуз“ во Њујорк од Ким Клајстерс, па остана без гренд-слем титула.

Сега на 34-годишна возраст е прва носителка во квалификациите за настап на АО, турнир каде има две полуфиналиња, во 2009 и во 2011 година.

Со неа во квалификациската шема за ново учество на гренд-слем турнирот во Мелбурн е и Сабине Лисицки, тенисерка која играше меч за титула на Вимблдон во 2013 година. Во меч на две дебитантки во гренд-слем финалињата подобра од Германката беше Мерион Бартоли и ја освои единствената круна на еден од четирите најценети турнири.

Годинава во квалификациите за настап на Австралија опен нема ниту еден претставник од Македонија.

 

Кои се најскапите фудбалери во свет? Меси е на 7. место, Роналдо едвај е 19-ти

Најновото истражување на ЦИЕС и фудбалскиот истражувачки алгоритам, се состави листата на фудбалери кои имаат најголема вредност во моментов. Интересно е што во Топ 5 ги нема ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо. Аргентинецот е на седмото место, а Роналдо е рангиран дури на 19-тата позиција.

На прво место на листата е Килјан Мбапе. Французинот од редовите на Пари Сен Жермен се проценува на вредност од речиси 220 милиони евра. Зад Мбапе е Хари Кејн со 200 милиони евра, а Нејмар вреди 197 милиони евра. Рахим Стерлинг со 185 милиони евра е на четвртото место, а Мохамед Салах со еден милион помалку е зад Англичанецот.

Двајцата играчи кои доминираат во изминативе 10-тина години, Меси и Роналдо, ги нема при врвот на листата. Меси се наоѓа на седмото место со вредност од 171 милиони евра, додека Роналдо е дури на 19-тата позиција. Напаѓачот на Јувентус има вредност од 127 милиони евра.

Листата на 100 највредни фудбалери во свет може да ја погледнете ТУКА.

Новогодишен пакет од Вардар за Хајдук, со Тодоровски на „Пољуд“ доаѓа и Барсегјан

Тигран Барсегјан ќе игра за Хајдук, а хрватските медиуми објавија дека до крајот на неделава тој ќе потпише договор со сплитските били.

Барсегјан го раскина договорот со Вардар, поради долгови на „црвено-црните“ кон ерменскиот репрезентативец и е слободен играч.

Конкурент на Хајдук за ангажман на Тигран како што пишуваат новинарите на „Спортске Новости“ е и Риека, но помали се шансите тој да биде соиграч на Дарко Велковски.

„Слободна Далмација“ пак објави уште пред некој ден дека хрватскиот гигант од Сплит е заинтересиран да го ангажира и младиот бек на Вардар, Тодор Тодоровски. И тој може да си замине од клубот, бидејќи Вардар му должи пари, но „црвено-црните“ ќе се обидат да се договорот, да му ги исплатат долговите и да го задржат талентираниот играч кај себе.

Ерик збесна и ги нареди кошаркарите на Турк Телеком како кегли (Видео)

Дарушафака го доби дербито во 13. коло на турското првенство против Турк Телеком, но победата падна во сенка на сериозниот инцидент што го предизивика Нигериецот Мајкл Ерик.

Центарот на Дарушафака збесна и почна да ги турка како кегли кошаркарите на противничкиот тим, а најмногу настрада Турен. Доби удар со глава од Ерик, што е сериозен испад и се очекува драстична казна за Нигериецот.

Ерик е еден од најдобрите кошаркари на Дарушафака, но сега го чека голема казна. Пред да го удри Турен со глава, со топката в гради го погоди и Арслан.

Дарушафака славеше со 94:87 за шеста победа во 13 кола во турското првенство. Турк Телеком го забележа четвртиот пораз и сега е треопласиран во домашниот шампионат.

Соседите Вардар и Работнички од утре на подготовки

Александар Васоски закажа прв собир во Вардар точно на пладне, утре, за старт на зимските подготовки кај најтрофејниот македонски фудбалски клуб, а ривалот од Градскиот парк, Работнички ќе тргне еден час подоцна.

И двете екипи извесен период ќе тренираат во Скопје, до заминувањето во Турција.

Вардар на 16. јануари има закажано главен дел од подготовките во Аланија, додека популарните „романтичари“ ќе заминат за Анталија.

Кај Вардар се уште не се знае точно кои играчи, или дел од нив ќе си заминат, а засега официјално нема ниту едно засилување во зимскиот преоден рок.

Кај Работнички е поинаква ситуацијата и во клубот се врати Баже Илијоски, доаѓа и поранешниот вардарец Дејан Блажевски, а пристигнаа и Бугаринот Дилгеров и бразилскиот двоец Кабрал и Барбоса.

По првиот дел од првенството, или по одиграни 18 кола Вардар е  на второто место со пет бода помалку од лидерот Шкендија, додека Работнички е на четвртата позиција со минус од 14 бодови.

Пукна првата петарда на Азискиот куп

Иран уште на стартот од Азискиот куп со одлична игра го потврди статусот на фаворит за титулата и со 5:0 го декласира Јемен.

Мехди Тареми со два гола во период од само 13 минути ги разреши дилемите околу победникот, а во меѓувреме Ал Совади си постигна автогол, па по првиот дел веќе беше 3:0.

Напаѓачот на Рубин Казан, Сердар Азмун на почетокот на вториот дел го постигна четвртиот гол за Иран, а повторно блесна Тареми, овојпат со асистенција.

Саман Годос во 78. минута го постави конечниот резултат од 5:0 и ова е најубедливата победа во досегашниот дел од првото коло на купот.

Во Д групата со Иран и Јемен се и Виетнам и Ирак, репрезентации кои допрва треба да го играат мечот од првото коло.

Криштопанс се сели кај Раул, ПСЖ го купи Летонецот од Вардар

Даинис Криштопанс ќе игра за Пари Сен Жермен од 2020 година, откако денеска потпиша тригодишен договор со популарните „светци“ од Париз.

Повторно ќе работи со македонскиот селектор Раул Гонзалес, кој е тренер на ПСЖ. Можно е летонскиот десен бек да замине и порано од Вардар, но засега би требало да ја доигра сезоната и потоа да се пресели во Париз.

„Среќен сум што повторно ќе соработувам со Раул Гонзалес. Тој е еден од најдобрите тренери на светот“, изјави Криштопанс.

Летонскиот репрезентативец пристигна во Вардар во 2017 година од редовите на Мешков Брест и има договор со Вардар до 2020 година.