26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9469

Чикаго ги скроти „пингвините“

Чикаго блекхокс славеше на гостувањето кај Питсбург со 5:3 од НХЛ лигата, прекинувајќи ја серијата на Пингвинс од осум победи едноподруго.

Хокеарите од Чикаго во последната третина дадоа два гола, а не примија ниту еден, што се покажа како доволно за триумф. „Црните јастреби“ се вистински „пеницилин“ за „пингвините“. Тие имаат серија од 10 победи по ред во меѓусебните дуели, по пет во Чикаго и Питсбург. Пингвинс не победил против Блекхокс уште од март 2014 година.

Вашингтон капиталс на дуелот во Детроит најде начин како да ја запре серијата од три порази по ред. Капиталс има девет победи во последните 11 дуели со Ред Вингс. Едмонтон доминираше во Анахајм за прв „шут-аут“ на голманот Кем Талбот сезонава, а 20-ти во кариерата. Талбот со 39 одбрани успеа да ја заќчува својата мрежа.

Вегас губеше од Њу Џерси девилс со 0-2, но со пресврт дојде до 17-тата победа од 21 ноември наваму. Во последната третина немаше голови, па како решавачки се покажа погодокот на Макс Пасиорети, кој во последните 48 часа се врати после пауза од седум меча и реши два меча, а притоа стана и татко.

РЕЗУЛТАТИ: Отава – Каролина 4:5, Аризона – Њујорк ренџерс 5:0, Вегас – Њу Џерси 3:2, Детроит – Вашингтон 2:3, Винипег – Далас 5:1, Анахајм – Едмонтон 0:4, Питсбург – Чикаго 3:5.

Невидено – даде гол за 3:3 во 95 минута, па одбрани пенал (Видео)

Фудбалерот на Честерфилд, Вил Еванс, завчера направи нешто што ретко се гледа на терените, а можеби се случи и и првпат во историјата. На натпреварот од националната лига на Англија (петта лига по квалитет) помеѓу Честерфилд и Ебсфлид, гостите водеа со 3:0, но не победија, а главен виновник за тоа е Еванс.

Во 95 минута, Еванс даде гол за изедначување на 3-3. Во наредната минута, беше досуден пенал за гостите, а голманот на Честерфилд, Калум Бартон, доби црвен картон. Бидејќи веќе беа направени три измени, мораше некој фудбалер да застане на голот да го брани пеналот. Еванс беше доброволец, и со убава парада успеа да го одбрани пеналот, предизвикувајќи голема радост на трибините на кои имаше нешто над 4.000 публика. Пеналот го утна Мајкл Чик, играч кој во 21 минита погоди од белата точка кога голот беше вистински голман.

Честерфилд се бори за опстанок, се наоѓа на 22 место во лигата со 24 тима, и освоениот бод може да им биде многу значаен, а Еванс дефинитивно е најпопуларен играч деновиве.

Ова се голот за 3-3 и одбранетиот пенал во 99 минута:

Вокер не можеше да утне, противниците се чудеа (Видео)

Кемба Вокер буквално сам му донесе победа на Шарлот хорнетс на гостувањето кај Феникс санс. До средината на 44 минута, Вокер имаше само 11 поени, и тогаш реши да преземе одговорност, и да поентира. Не само што успеа, туку во тие завршни четири и пол минути, Вокер не знаеше да погреши.

Даде 18 поени во тој период, ги постигна последните 14 поени на неговиот тим, ги погоди сите важни шутеви, а капак беше кога во последната секунда даде кош и од половина терен. Интересна беше реакцијата на Кели Убре кој ги ширеше рацете во знак на немоќ после таа последна тројка на Вокер со која ја заокружи својта неверојатна партија во тие 4 и пол минути.

Ова е кошот на Вокер за водство на Хорнетс:

Клучниот погодок за 114-111:

Најдоброто за крај. Откако победникот беше решен, Кемба погоди од пола терен, а Убре ширеше раце во знак на немоќ:

 

 

Тибодо го победи Лејкерс со 22 разлика, и доби отказ!

Том Тибодо веќе не е тренер на Минесота тимбервулфс, тој три години ја вршеше тренерската функција, беше и претседател на клубот, но отказот му беше врачен после победа на „шумските волци“ од 22 поени разлика против Лос Анџелес лејкерс. Ова покажува дека разделбата била планирана уште пред мечот, па исходот не беше важен. Тибодо на клупата на Минесота имаше 97 победи и 107 порази.

Додуша гостите од Калифорнија беа ослабени со неиграњето на Леброн Џејмс. Откако суперѕвездата се повреди на 25 декември, Лејкерс има само една победа на шест меча.

Привремен тренер на Тимбервулфс ќе биде 32-годишниот Рајан Сондерс, син на Флип Сондерс, кој истотака ја водеше Минесота во минатото. Сондерс ќе биде најмладиот тренер во НБА лигата. Минесота има скор 19-21, и се наоѓа на 11 место на западот.

Атланта беше подобра од Мајами, но гостинскиот бек Двејн Вејд ја даде својата 500-та тројка во кариерата. Тој им се придружи на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, како единствени тројца во историјата со 20.000 поени, 5.000 асистенции, 4.000 скока, 1.500 украдени топки, 800 блокади и 500 тројки.

РЕЗУЛТАТИ: Чикаго – Бруклин 100:117, ЛА Клиперс – Орландо 106:96, Минесота – ЛА Лејкерс 108:86, Атланта – Мајами 106:82, Оклахома сити – Вашингтон 98:116, Торонто – Индијана 121:105, Феникс – Шарлот 113:119.

Ливерпул тргна по „турскиот Меси“

Абдулкадир Омур е играчот за кого го најавуваат како голема идна ѕвезда на турскиот фудбал. Иако има само 19 години, некои дури го споредуваат со талентот кој го има Лионел Меси, но тоа ќе треба да го докаже во иднина.

Омур го носи дресот на Трабзон, а иако е еден од најмладите во тимот, има стандардно место во стартниот тим. Сезонава во 16 средби во турското првенство има постигнато два гола и четири асистенции. За добрите игрчи на Омур се слушна и во Англија, од каде дојде абер дека Ливерпул би сакал да го доведе на „Енфилд Роуд“. Иако засега се работи само за шпекулации, самиот играч вели дека би му било чест да игра за гигантот од Англија.

„Ливерпул е голем клуб, еден од најголемите во светот. Сепак, не е мое да зборувам за понудите кои стигнуваат за мене. Тоа е работа на луѓето во Трабзонспор. Каква и да биде одлуката, јас ќе ја почитувам“, изјави Омур, кој има активен договор со турскиот тим до 2022 година.

Моментно неговата трансфер цена се проценува на 10 милиони евра, сума која не е проблем да ја платат од Ливерпул.

Реал Мадрид утре ќе го претстави првото засилување во јануарскиот преоден рок

Како што беше најавено, нов играч на Реал Мадрид ќе биде Брахим Дијаз. Талентираниот шпански тинејџер утре ќе го потпише договорот, кој ќе го обврзе да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2025 година. Финансиските детали од договорот засега не се познати.

Младиот напаѓач имаше договор со Манчестер сити до крајот на сезоната и најави дека не сака да ја продолжи соработката со „граѓаните“. Токму затоа тој е и продаден и тоа за сума од 15 милиони фунти. Доколку останеше во Сити до крајот на сезоната, летоска ќе си одеше како слободен играч и Сити немаше да добие ниту една фунта.

Дијаз одигра вкупно четири меча за сениорскиот тим на Сити и даде два гола во Лига Купот. Тој е „дете“ на Малага, а уште на 14 години замина во Сити за сума од 350.000 евра. Сега, повторно се враќа во Шпанија, но во редовите на кралскиот клуб од Мадрид.

Официјалната промоција на Дијаз во дресот на Реал е закажана за во 13:30 часот.

 

ПСЖ играше со петтолигаш, а пак голови даваа Нејмар и Мбапе (Видео)

Францускиот првак Пари Сен Жермен со 4:0 го елиминираше петтолигашот Понтиви, во меч од третото коло на Купот на Шпанија. Ова е фаза во која се вклучуваат најсилните екипи, а полуаматерскиот тим немаше многу среќа и за противник го доби шампионот.

Иако речиси и не требаше да има дилема за конечниот резултат, ПСЖ на овој меч во нападот настапи со своите двајца најскапи и најдобри играчи, Нејмар и Килјан Мбапе. Понтиви дури даде и одличен отпор. На полувремето, ПСЖ имаше минимална предност од 1:0 и тоа благодарение на авгол на домаќините.

Дилемите беа решени во последните 20 минути од средбата. Нејмар погоди за 2:0 во 70 минута, а потоа Мбапе од пенал реализираше за 3:0 во 77 минута. Конечниот резултат го постигна Дракслер на три минути пред крајот.

Барселона во Мадрид заокружи на 10 бода пред Реал

Барселона ги освои планираните три бода од гостувањето кај Хетафе. Каталонскиот гигант уште во првите 30 минути даде два гола и на крајот тие се покажаа како доволни за триумф од 2:1. Со оваа победа, Барселона стигна до 40 бодови по 18 меча во Примера и се зацврсти на лидерската позиција.

Освен што победи, во корист на актуелниот првак беа и резултатите на сите останати конкуренти. Реал Мадрид дома загуби од Сосиедад со 2:0 и сега заостанува 10 бодови, додека во дербито на колото Севилја и Атлетико Мадрид ремизираа 1:1, па сега „јорганџиите“ заостануваат пет бода, а Севилја има седум помалку од лидерот.

На дуелот кај Хетафе, се беше решено по првиот дел. Меси и Суарез погодија за гостите, а Мата пред крајот на првиот дел намали на 1:2, но тоа беше се што направија домаќините. Барселона во второто полувреме имаше неколку шанси за трет гол, но и покрај тоа што гостите не реализираа, на крајот се радуваа.

Како игра Реал, може спасот да го бара во Жозе Мурињо

Реал Мадрид и оваа сезона може да се прости од трката за титулата во Шпанија. Кралскиот клуб има шест порази по само 18 кола, а минатата сезона на 38 меча загуби само шест пати и не успеа да ја освои титулата.

Резултатите и слабата игра на Реал, се повеќе ги подгреваат шпекулациите дека може да дојде до смена на тренерското место. Сантијаго Солари очигледно не може да се носи со притисокот да води гигант како што е Реал, а и играта не е на посакуваното ниво.

Пред помалку од еден месец без работа остана Жозе Мурињо. Португалецот доби „шут карта“ од Манчестер јунајтед, а уште тогаш започнаа шпекулациите дека Мурињо може да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Како што игра Реал и резултатите кои ги остварува, се поверојатно е дека ова може и да се оствари. Мурињо во Реал беше три сезони.

Спектакуларен гол на Суарез, Хетафе се жали што нема ВАР за да докаже дека даде регуларен гол (Видео)

Барселона води со 2:1 против Хетафе на гостувањето во Мадрид. Лионел Меси и Луис Суарез ги дадоа погодицете за водство на каталонскиот гигант од 2:0, а пред крајот на првиот дел, надеж за Хетафе даде голот на Мата во 43 минута.

Интересно е тоа што Хетафе ја затресе мрежата на гостите уште на почетокот на средбата, но судијата тој погодок го поншти поради фаул во напад. Сепак, повторената снимка дава дилема дали навистина требаше да биде поништен погодокот на домаќините, но судијата не побара ВАР снимка, па погодокот беше поништен.

Освен тој поништен погодок на Хетафе, првиот дел го одбележа спектакуларниот гол на Суарез од волеј.

https://dai.ly/x706aha

И погодокот на Меси беше интересен, ако се знае дека Аргентинецот успеа со еден потег да исфрли неколку противнички играчи пред голот на домаќините.