20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9480

Тотален крах на Бенфика во Портимао, пораз со два автогола, циркус на Жардел и мајагери на Жонас (Видео)

Бенфика лошо ја почна Новата година, со пораз од Портимоненсе на гостински терен, а долго ќе го памети неуспехот што го доживеа на чуден начин.

Стоперите на популарните „орли“, Рубен Дијас и Жардел си постигнаа автоголови за дебакл и пораз од 0-2, а посебно лош потег беше тој на Бразилецот во 38-мата минута.

Жардел се обиде да ја избие топката со глава преку голот, но си постигна ефектен авотогол, што може уште веднаш да конкурира за најсмешните моменти во 2019 година.

https://www.youtube.com/watch?v=733m9koykHw

За да биде тотален дебакл за гигантот и поранешен европски првак, се погрижи напаѓачот Жонас во 72-рата минута. Реагираше несмасно при една нафрлена топка и во стилот на каратистите со мајагери го погоди голманот на Портимоненсе, Рикардо Фереира.

За среќа и на двајцата, Жонас за влакно не го погоди лицето на Фереира, а стартот беше страотен, па напаѓачот на гостите доби директен црвен картон.

Потегот на Жонас можете да го погледнете тука.

Хаос на стадион во Алжир: Хулиганите повторно дивееја, има многу повредени (Видео)

Дури 62 луѓе, од кои 45 биле полицајци, се меѓу повредените на стадионот во Алжир по дивеењето на хулиганите. Хаосот се случил за време на мечот од Купот помеѓу прволигашот МК Алжир и третолигашот Муса.

Мечот се играл на неутрален терен, но поради дивеење на хулиганите, неколку пати бил прекинуван. На крајот, судијата решил да ја прекине средбата бидејќи ситуацијата излегла од контрола.

Инцидентите ги започнале навивачите на третолигашот Муса. Тие започнале да фрлаат со камења откако нивниот тим примил трет гол уште во првото полувреме. Потоа реагирала полицијата, која употребила и солзавец и работата излегла од контрола.

Хаосот од стадионот во Алжир може да го погледнете ТУКА.

 

 

Солскјер е феномен каков што немало од легендарниот Мет Бизби

Оле Гунар Солскјер уште на почетокот од тренерската кариера во Манчестер јунајтед влегува во легендите. Норвешкиот стратег направи феноменален пресврт во играта и резултатите на екипата. Откако Солскјер седна на менаџерското столче, Манчестер има четири победи по ред во првенството.

Ваков биланс, четири победи во првите четири меча како тренер во најтрофејниот англиски клуб успеал да има само еден менаџер претходно. Тоа му успеало единствено на легендарниот Мет Бизби, и тоа во далечната 1946 година. Тоа значи дека по повеќе од 72 години, Солскјер го повторува успехот на Бизби, кој 24 години остана на чело на тимот од „Олд Трафорд“.

Солскјер дефинитивно покажа дека феноменално влијае на играчите, а навивачите на Манчестер се радуваат што токму тој е предводник на екипата.

Фабрегас го одигра 500-от и најверојатно последен натпревар во Англија

Сеск Фабрегас влезе од клупа за Челзи во вечерашното реми без голови против Саутхемптон на „Стемфорд бриџ“. За шпанскиот играч за врска тоа беше вкупно 500-ти настап во англискиот фудбал, а воедно и 350-ти натпревар во Премиер лигата како член на Арсенал и Челзи.

Искусниот кретивец можеби го одигра и последниот натпревар на англиско тло, бидејќи трансферот во Монако наводно е пред реализација. За жал, Фабрегас нема по убаво да ја памети разделбата со Островот.

Во својата кариера, Фабрегас запиша 305 настапи во дресот на Арсенал во сите конкуренции, додека како играч на „сините“ одигра вкупно 195 натпревари.

Лукаку се буди, Јунајтед гази (видео)

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Њукасл со 2-0. „Црвените ѓаволи“ ја остварија четвртата победа во низа во Премиер лигата откако клупата ја презеде норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер.

По израмнетите сили во првиот дел, гостите конечно погодија преку Лукаку во 64-тата минута, а белгискиот стрелец го постигна својот втор гол на вториот по ред настап и полека ја враќа формата. Рашфорд го реши победникот на „Сент Џејмс парк“ на десетина минути пред крајот.

Јунајтед со оваа победа практично се врати во трката за позициите кои водат во Европа, имаат 38 бода по 21 натпревар, пред нив е петтопласираниот Арсенал со три бода (41) повеќе.

Средбата на „Виталити“  меѓу Борнмут и Ватфорд започна петнаесетина минути од предвиденото, а тоа беше мечот на кој се постигнаа шест погодоци по првиот дел. Сепак, мечот заврши без победник при 3-3, мрежите мируваа во вторите 45 минути.

https://www.dailymotion.com/video/x6zwlk8

https://www.dailymotion.com/video/x6zwnfx

Челзи не даде гол против Саутхемптон на домашен терен за првпат по 16 години

Челзи ремизираше без голови против Саутхемптон во мечот од рамките на 21-вото коло во Премиер лигата. Тимот од „Стемфорд бриџ“ не успеа да реализира погодок против „светците“ за првпат по 16 години во меѓусебна средба на која се домаќини. „Сините“ го запишаа петтото реми во ангискиот шампионат, додека Саутхемптон по 10 натпревари успеа да сочува мрежа.

Мората во 70-тата минута го совлада противничкиот голман, но погодок не беше регуларен поради тоа што Шпанецот се најде во недозволена позиција.

На останатите три средби од Премиер лигата кои започнаа во 20:45 часот, Кристал палас славеше кај Вулверхемптон со 2-0, Хадерсфилд запиша домашен пораз од 1-2 против Барнли, а Вест хем и Брајтон ремизираа при конечни 2-2.

Шест гола за 26 минути – Борнмут и Ватфорд се „искршија“ за едно полувреме (видео)

Првото полувреме на мечот меѓу Борнмут и Ватфорд заврши со голеада од шест погодоци. Средбата на стадионот „Виталити“ по првите 45 минути е 3-3, а головите „паднаа“ во период само од 26 минути.

Капитенот Трој Дини донесе двојно водство за Ватфорд во 14-тата, односно 27-мата минута. Сепак, избраниците на Еди Хау се изборија за изедначување преку Аке и Вилсон во 34-тата, односно 37-мата минута. Веќе во следниот напад гостите одново поведоа преку Сема, но радоста не траеше повеќе од минута бидејќи Борнмут возврати на истиот начин, Фрејзер се запиша во листата на стрелци за исходот по паузата да биде 3-3.

https://www.dailymotion.com/video/x6zwh9h

https://www.dailymotion.com/video/x6zwhrx

https://www.dailymotion.com/video/x6zwi0p

Баерн мора да купи „големи имиња“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, во разговор со „Sport Bild“ истакна дека клубот мора да доведе врвни фудбалери со цел да го одржи нивото на квалитет во составот. Веќе е најавено дека Рибери и Робен ќе си заминат по крајот на оваа сезона, на нивните договори им се ближи крајот, а „баварците“ имаат мисија да најдат адекватни замени.

Изминатиов период се шпекулира дека младиот фудбалер на Челзи, Калум Хадсон-Одои би можело да биде новата аквизиција на Баерн, но „сините“ засега немаат намера да се откажат од талентираното крило кое доаѓа од нивната фудбалска школа.

Сепак, ѕвездата на „баварците“ смета дека раководството треба да се обиде да доведе позвучни имиња, односно докажани фудбалери, наместо да вложуваат во млади играчи.

„Мислам дека поголема корист ќе имаме ако во составот дојдат еден или двајца нови врвни играчи отколку да се експериментира со пет или повеќе фудбалери кои засега се само добри и недокажани. Ако мајстор како Робен си замине од клубот, тогаш на негово место мора да дојде некој кој е на исто ниво. Ни требаат играчи кои ќе не направат подобри, кои можат да направат разлика на теренот“, вели Левандовски.

Вистински милионери – Борусија Дортмунд продаде пет играчи за 312 милиони евра

Борусија Дортмунд оствари неверојатна заработка продавајќи само пет фудбалери. „Милионерите“ покажаа дека се експерти кога станува збор за изнудување максимална сума, па во изминативе две години забележаа профит од 312 милиони евра со продажбата на Дембеле, Обамејанг, Пулишиќ, Мхитарјан и Гундоган.

Трансферот на Усман Дембеле во Барселона (115 милиони евра) и натаму е клупски рекорд во Дортмунд, а последниот кој го напушта стадионот „Сигнал Идуна парк“ е младиот Американец Кристијан Пулишиќ, кој за 64 милиони евра ќе биде новото засилување на Челзи.

Усман Дембеле – Барселона, 115 милиони евра

Пјер-Емерик Обамејанг – Арсенал, 64 милиони евра

Кристијан Пулишиќ – Челзи, 64 милиони евра

Хенрих Мхитаријан – Манчестер јунајтед, 42 милиони евра

Илкај Гундоган – Манчестер сити, 27 милиони евра

Реал во јануари сигурно ќе го доведе Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди треба да биде играчот кој ќе ја пополни празнината по заминувањето на Кристијано Роналдо. Според шпанскиот весник „Ас“, Реал Мадрид до крајот на зимскиот преоден рок ќе го купи капитенот на Интер. Кралскиот клуб за овој трансфер ќе одвои 110 милиони евра.

По заминувањето на Роналдо од „Сантијаго Бернабеу“, Реал влезе во голгетерска криза. Карим Бензема е единствен класичен напаѓач, а тимот имаше период во кој не можеше да даде гол на неколку меча по ред. За да не се случи такво нешто во вториот дел од сезоната, кога и се играат најважните средби, Реал ќе го доведе Икарди.

Актуелниот договор на Икарди со Интер е до 2021 година, но доколку првиот човек на Реал, Флорентино Перес, се реши да го доведе, тоа е речиси сигурен трансфер и нема да му биде проблем да ги плати 110-те милиони евра колку што е доволно за активирање на клаузулата.

Аргентинскиот репрезентативец во Интер дојде во 2013 година, кога „нераѕурите“ платија само 13 милиони евра на Сампдорија. Сега неговата цена е речиси 100 милиони евра повисока, но Интер и покрај тоа, нема да сака да се откаже од играчот кој има постигнато над 120 погодоци за гигантот од „Џузепе Меаца“.