19.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9481

Инфантино треба да побрза ако сака СП во Катар со 48 тима

Претседателот на Светската фудбалска федерација, ФИФА, Џани Инфантино, откри дека се разгледува можноста освен Катар, и други земји од Персискиот залив да бидат вклучени како домаќини на наредното Светско првенство, за кое Џани сака да има 48, а не 32 учесника како што беше предвидено.

На спортската конференција во Дубаи, Инфантино потврди дека има шанси да играат 48 тима, но проблем се политичките тензии во регионот.

„Ако можеме да ги вклучиме соседните земји во домаќинството на некои мечеви од СП во 2022, тоа би било од полза и за регионот и за целиот свет. Знаеме дека има тензии, но фудбалот ги спојува луѓето, ќе помогне во развојот на спортот, па треба да се обидеме“, рече Инфантино.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во јуни 2017 воведоа трговски бојкот за Катар и ја обвинија таа земја дека го поддржува тероризмот, што беше негирано од Катарците кои вложија 8 милијарди долари за изградба на стадиони и друга пропратна инфраструктура.

Ждрепката за квалификациите за СП треба да се одржи во март, па ФИФА има два месеци да го реши проблемот. СП во 2026 ќе има 48 учесници, но Инфантино и соработниците би сакале да го забрзаат процесот и веќе во 2022 наместо 32, на СП да има 48 тима.

ВАР на колумбиски начин (Видео)

Имплементацијата на технологијата ВАР во Колумбија донесе смешни сцени на еден аматерски натпревар во таа земја, а снимките станаа хит. Кога главниот судија одеше да „ја гледа снимката“ од спорниот момент, беше обиколен од љубопитни навивачи, кои исто така сакаа да видат кој е во право.

Помошта од видеоснимките е воведена во фудбалот со цел да се исправат грешките на судиите, оваа технологија веќе има широка примена, а понекогаш „се користи“ и на аматерски мечеви, како овој во Колумбија.

Како што може да се види на снимката, мечот се играл на песок, а во 70-тата минута од дуелот помеѓу Амигос де кампо Боливар и Амигос дел парке (едната екипа беа жители на местото, а во другата беа професионални фудбалери), судијата побара да гледа снимка пред да досуди пенал за гостите кои го добија мечот со 4-2. Телевизорот беше сместен во еден параван од картон, како оние на гласачките места, но сцената беше смешна и освен судијата, кој прифати да биде дел од спектаклот, и навивачите гледаа во телевизорот.

Заклучокот од ова е дека Колумбијците знаат да се шегуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=JcE02YxUOfM

Шауб: Мејведер – Насукава беше многу лоша глума

Американскиот боксер Флојд Мејведер само за две минути заработи 9 милиони долари откако пред 37.000 гледачи во Саитама го разби младиот јапонски кикбоксер Теншин Насукава. Легендата на светскиот бокс трипати го испрати 20-годишниот Јапонец на под, а по третиот нокдаун, се фрли пешкирот и дојде крајот на бокс-мечот.

Некогашниот борец Брендан Шауб е уверен дека овој меч бил наместен.

„Флојд е најголемиот бизнисмен во светот на боречките спортови, но од ова подобро глумење сум видел и во порно филмови. На Теншин му требаат лекции по актерство, како да прими удар, како да падне. Дури ни кадарот во којшто тој плаче, не беше добар. Сè беше лажно, но кому му е грижа за тоа? Си заработи 9 милиони долари“, рече Шауб.

Дуелот во Саитама беше егзибициски, па овој резултат нема да им биде официјално запишан на двајцата непоразени во своите спортови.

Постои реална шанса: Јувентус крои план како да го доведе Мбапе

Италијанскиот првак Јувентус пред почетокот на сезоната го направи најзвучниот трансфер доведувајќи го Кристијано Роналдо во Торино. Сега, сопственикот на „старата дама“, Андреа Ањели, е во нов поход, сака да го доведе „Новиот Роналдо, само помладиот“. Според италијанскиот весник „Република“, се работи за Килијан Мбапе.

Која е шемата по која Мбапе може да си замине од Пари Сен Жермен и зошто би го одбрал токму Јувентус?

УЕФА веќе подолго време го притиска ПСЖ да го реши проблемот со надминувањето на ферплеј-лимитот, инаку францускиот првак може да биде суспендиран од Лигата на шампионите. Најлесно решение да се добие потребниот приход за да се биде во рамките на ферплеј-лимитот на УЕФА е да се продаде еден од двајцата најдобри играчи, Нејмар или Мбапе.

Нејмар го има најскапиот договор за плата, па тешко кој би прифатил да му ја дава таа плата како „светците“. Бразилецот и маркетиншки носи повеќе пари од Мбапе, а тој е и амбасадор за Светското првенство во Катар 2022 година, па катарскиот сопственик на ПСЖ сигурно нема да сака да го продаде сега.

Во таквата ситуација, Мбапе е прва опција за продавање, а тогаш Јувентус е во предност. Челниците на „старата дама“ веќе имале контакт со родителите на Французинот, кои се грижат за кариерата на синот. Тие биле задоволни од интересот на Јувентус знаејќи дека тоа е клуб кој се грижи за младите фудбалери, но и клуб во кој дисциплината е на високо ниво.

Се шпекулира дека и некогашната легенда на Јувентус, Зинедин Зидан, имал разговори со Мбапе и му посочил дека Јувентус е вистински клуб за него. Во „старта дама“ одлично поминале и други големи француски ѕвезди, како што се: Мишел Платини, Дидие Дешамп, Давид Трезеге, Патрис Евра, Лилиан Тирам. Сега од Французите во Јувентус е Матуиди, кој е миленик на публиката. Да не заборавиме дека и Пол Погба во Јувентус го покажа целиот свој талент.

Останува само времето да покаже дали може да се случи Мбапе да го облече дресот на најтрофејниот италијански клуб.

Сопругата на Шумахер реши да проговори за состојбата на легендарниот возач

По цели пет години од несреќата на Михаел Шумахер, проговори неговата сопруга Корина. Седумкратниот светски првак доживеа тежок пад за време на скијање во Франција и од тој ден досега речиси никој ништо не знае за неговата состојба. Шумахер утре ќе наполни 50 години, а неговата жена реши да се заблагодари на сите кои досега се грижат за здравјето на Михаел, но и на сите оние кои даваат поддршка.

„Од срце би сакала да ви се заблагодарам на сите вие кои ќе го славите 50-тиот роденден на Михаел. Можете да бидете сигурни дека тој е во добри раце и правиме сè што можеме за да му помогнеме. Ве молам да разберете дека ние ја почитуваме желбата на Михаел и затоа не сакаме да зборуваме за неговата здравствена состојба во јавност. Ви благодариме на многуте писма и пораки кои ги имате испратено по повод Новата 2019 година“, рече Корина.

По повод јубилејниот 50-ти роденден на Шумахер, во Келн ќе има изложба посветена на најтрофејниот возач на Формула 1 на сите времиња. Популарниот Шуми закрепнува на својот имот во близина на Женевското езеро во Швајцарија.

 

Солскјер организира тим-билдинг во луксузен хотел во Дубаи (Фото)

По доаѓањето на Oле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед, најтрофејниот англиски клуб бележи само победи. Со норвешкиот стратег на чело, „црвените ѓаволи“ имаат три убедливи триумфи. Вечерва следува нов предизвик, и тоа на гости кај Њукасл, а потоа во терминот за викенди и меч против Ридинг во ФА Купот.

По одигрувањето на двата натпревари, Солскјер има план кој, секако, ги израдува сите играчи на Манчестер. Експедиција на Манчестер јунајтед ќе замине на мини подготовки во Дубаи. Се работи за четири дена во луксузниот хотел One&Only Royal Mirage Arabian Court Hotel, каде што ноќевање чини 350 евра.

Главна цел на ова патување е тим-билдинг на екипата. Секако, ќе има и полесни тренинзи, но најважно е играчите да се дружат и да се создаде уште подобра атмосфера во екипата. Вакви мини подготовки на луксузни места играчите не видоа додека во клубот тренер беше Жозе Мурињо.

 

 

Го заборави ли УЕФА Елмас? Го нема во топ 50 најперспективни играчи во Европа

Ниту еден македонски играч на возраст до 21 година не се најде на листата на УЕФА составена од топ 50 најперспективни фудбалери во Европа.

Го нема ниту Елиф Елмас, играч на Фенербахче и македонски сениорски репрезентативец, кој игра одлично и за него се интересираат и најголемите клубови во Европа.

Елиф игра стандардно за турскиот големец Фенербахче, а има настапи и за нашата селекција А, за разлика од доста играчи на листата на УЕФА, што не играат за своите национални селекции.

Меѓу попознатите играчи на листата на УЕФА се: Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франфурт, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, голманот на Манчестер сити Аријанет Муриќ, Жуниор Винисиус од Реал Мадрид, Дајот Упамекано од Лајпциг, Мартин Териер од Лион, Никола Миленковиќ од Фиорентина, Кај Хаверц од Баер Леверкузен, Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, Амаду Хајдара од Салцбург, Саму Чуквуезе од Вилјареал, Федор Чалов од ЦСКА Москва, Николо Барела од Калјари…

Комплетната листа на УЕФА со топ 50 најперспективни млади играчи кои настапуваат за европски клубови можете да ја погледнете овде.

Адетокумбо ќе го откорнеше кошот (Видео)

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо е познат по своите атрактивни забивања. На последниот меч на Милвоки против Детроит, Адетокумбо едноставно немаше милост и го имаше најатрактивниот потег на мечот.

Ѕвездата на Милвоки успеа со дриблинг и со помош на блокот да помине двајца противники играчи и тргна да забива. Пред кошот на Детроит стоеше Џон Луер, кој скокна и се обиде со двете раце да го блокира противникот. Сепак, наместо блокада, Адетокумбо го разнесе Луер, а топката ја заби во обрачот за можеби најатрактивното забивање сезонава во НБА-лигата.

Вардар се разбуди, почна да ги чисти долговите за да избегне суспензија од УЕФА

Фудбалерите на Вардар добија две плати за празниците, а сметката на „црвено-црните“ е одблокирана, што се мерки како дел од планот за да се избегне суспензијата од УЕФА.

Долгови има уште кон играчите и административците во клубот, но добро е за најтрофејниот клуб што има знаци дека финасиската состојба се подобрува.

УЕФА му изрече условна суспензија на Вардар, која ќе се активира ако до 31-ви јануари не се подмират сите долгови што клубот ги има, особено кон играчкиот кадар. Условна казна е и паричната од 100 илјади евра, што во пакет ја испорачаа од УЕФА за најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Дека има подобра клима која ветува дека десеткратниот македонски шампион може да се врати во нормален колосек, се и закажаните зимски подготовки во Анталија од 16-ти јануари до крајот на месецот.

Солскјер и Манчестер не размислуваат да сопрат

Челзи – Саутхемптон (20:45 ч.)

Домаќините на „Стемфорд бриџ“ се апсолутни фаворити на овој меч. Ако сака да остане во трка за висок пласман, Челзи не смее да си дозволува киксови против екипи од калибарот на Саутхемптон. Лондонскиот тим има четири победи во последните пет средби, па треба да се очекува нов триумф, иако повредени се напаѓачите Жиру и Педро.

Против Саутхемптон има седум победи по ред, а на три од последните пет триумфи дава барем три погодоци. Токму затоа, освен победа на домаќините, се очекува и меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Њукасл – Манчестер јунајтед (21 ч.)

По доаѓањето на Оле Гунар Солскјер, Манчестер јунајтед игра како во славните денови. Норвешкиот стратег ја врати победничката атмосфера во тимот, а Пол Погба се претвори во вистински лидер. На последните три меча, Погба даде четири гола, а имаше и три асистенции.

Кај „црвените ѓаволи“ веќе ја нема дефанзивната игра која ја наметна Жозе Мурињо, туку сега филозофијата е да дадат што е можно повеќе голови. Токму затоа, за прв пат по седум години имаат 12 погодоци на последните три средби. Ако ја задржат формата од пред Нова година, Манчестер треба без проблем да стигне до победа кај Њукасл.

Предлог тип: 2&3-5 (2.80) – квота на денот во Sport Life

 

Портимоненсе – Бенфика (21:15 ч.)

Гостите се фаворити, но кога Портимоненсе игра на свој терен, мора да се биде претпазлив. Сезонава, на седум меча пред своите навивачи, Портимоненсе има само еден пораз. Главна карактеристика на домаќините е тоа што играат отворен фудбал, па затоа и ја имаат третата најслаба одбрана во лигата.

Ако се знае дека Бенфика го има најдобриот напад, но и дека на последните три меѓусебни средби има минимум по три гола, најдобра игра е Бенфика да не загуби во меч со многу голови.

Предлог тип: Х2&3+ (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Вулверхемптон – Кристал палас (20:45 ч.)

Еден од најнепредвидливите клубови за типување во Премиер лигата е Вулверхемптон. „Волците“ тоа го покажаа и со победата на гости кај Тотенхем во последниот меч од 2018 година. Тоа може да се каже и за Кристал палас, кој успеа во декември да ги победи Манчестер сити на гости и Лестер пред своите навивачи, но и да ремизира со Кардиф и лесно да губи од Вест хем и Брајтон. Затоа најдобра варијанта за играње е на голови.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.07)

 

Брага – Маритимо (19 ч.)

Апсолутен фаворит за трите бода е домашниот тим. Брага на свој терен сезонава во седум меча има шест победи и едно реми, а Маритимо на гости загуби пет пати во седум средби. Гостите го имаат најслабиот напад во лигата и досега постигнале само осум погодоци на 14 меча. Нивна главна карактеристика е да се бранат и со контранапади ако може да го изненадат противникот. Овојпат тешко дека ќе се одбранат, но не би требало да примат премногу голови.

Предлог тип: 1&2-3 (2.55)