20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9479

Белами е антианглиски настроен, се повлече од Академијата на Кардиф

Крег Белами имаше нескротлив темперамент како играч, а и сега како тренер има многу проблеми по обвинувањата за антианглиско однесување во Академијата на премиерлигашот Кардиф.

Тој е обвинет од родителите на поранешен младинец во Академијата на велшкиот тим дека момчето било навредувано од Белами само затоа што е Англичанец.

Алфи Мејден на 17-годишна возраст се откажа од младинската Академија на Кардиф поради, како што вели, навреди на национална основа од неговиот тренер Крег Белами.

„Не можев да поверувам во таквите приказни. Синот ми тврдеше дека Белами не ги почитува и ги навредува сите деца што не се Велшани. Го советував да го почитува тренерот, без разлика на навредите, но Белами потоа одбил да се ракува со него и со уште две деца. Како поранешен фудбалер велам дека ова е голем срам за фудбалер од негов калибар“, изјави Дејвид Мејден, татко на момчето кое било навредувано од Белами.

Најавена е истрага за случајот „Мејден“, а Белами одлучи привремено да се повлече од позицијата тренер на тимот на Кардиф за момчиња до 18 години.

Тотенхем има проблем, Ериксен сака да оди во Шпанија

Тотенхем беше единствениот тим во Премиер лигата кој пред почетокот на сезоната не доведе ниту еден играч. Челниците на клубот веруваа дека имаат добро воигран тим, а тоа се покажа како точно во досегашниот дел од сезоната. Тотенхем, заедно со Ливерпул и Манчестер сити е во трка за титулата.

Еден од оние кои се предводници на екипата на Тотенхем е Кристијан Ериксен. Данскиот репрезентативец дава голови, асистира, создава шанси. Едноставно, тој е „моторот“ на екипата. Тотенхем веќе одреден период се обидува да му го продолжи договорот на Ериксен, но тој уште го нема ставено потписот на новиот договор.

Ериксен моментно заработува по 70.000 фунти неделно, а сега понудата е платата да му биде зголемена двојно. Офанзивниот играч веќе пет и пол години е во Тотенхем. Дојде од Ајакс за сума од 12 милиони евра. Според најавите, за него сега се интересираат двата најголеми шпански клубови, Реал Мадрид и Барселона, па Тотенхем ќе има големи проблеми да го задржи. Неговиот актуелен договор е до 2020 година.

 

Од шампионите во Бризбејн издржа само Раониќ

Кеи Нишикори успеа да му се реваншира на Григор Димитров за поразот во Бризбејн пред две години, и тоа тогаш во битка за титулата, па Јапонецот сега е прв фаворит за трофејот.

На двапати со 7:5 во гемови Нишикори го елиминира шампионот од 2017 година, се пласира во полуфиналето, каде што ќе игра против Жереми Шарди. Тенисер, кој претходно од игра го исфрли ланскиот пбедник на АТП-турнирот Ник Кирјос.

Во битка за трофејот на австралискиот турнир, кој е одлична подготовка за Гренд слемот во Мелбурн, остана уште само еден тенисер што има титула од Бризбејн, Милош Раониќ. Го чека четврт-финале против рускиот тенисер Данил Медведев, утре од шест часот наутро.

Турнирот во Бризбејн се игра од 2009 година и досега титулата ја освојуваа: Радек Штепанек, Енди Родик, двапати Енди Мареј, Лејтон Хјуит, Роџер Федерер, Милош Раониќ, Григор Димитров и Ник Кирјос.

Гвардиола: Наша шанса е што Ливерпул чека на титулата 29 години

Англискиот првак Манчестер сити го пречекува лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, во меч кој може многу да одлучи околу титулата за оваа сезона. Сити има заостанување од седум бодови и доколку си дозволи кикс на свој терен, Ливерпул ќе има двоцифрена предност, што ќе биде многу тешко да се стигне.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола вели дека има еден важен адут во нивна корист, а тоа е фактот дека Ливерпул веќе 29 години чека да се израдува на титула.

„Уште пред почетокот на сезоната многу им зборував на моите играчи дека не треба да ни се случи тоа што им се случи на Лестер и на Челзи по освојувањето на титулата. Следната година за нив беше многу тешка. Им велев дека мора тоа да го избегнеме и успеавме. Освоивме многу бодови и сме во трка за титулата. Можам да го почувствувам тоа што го чувствуваат играчите на Ливерпул. Тие цели 29 години чекаат на титулата. Тоа е голем притисок. Им реков на моите играчи дека е многу тешко да се носите со тој притисок. Затоа мора да бидеме блиску до нив и да чекаме кикс“, рече Гвардиола.

Ливерпул е единствениот тим без пораз сезонава. Во досегашните 20 меча има 17 победи и само три нерешени, од кои едното реми е токму против Сити на „Енфилд роуд“. Сити го има најдобриот напад (54 погодоци), а Ливерпул е единствен тим кој примил едноцифрен број голови (осум).

До почетокот на мечот, на фејсбук страницата на СпортМанија може да тупуваше како ќе заврши дербито, а за тоа и да добиете вредна награда.

 

Корпа за Билиќ, Адеми ја одби понудата од Саудиска Арабија

Аријан Адеми останува во Динамо Загреб, барем засега, а капитенот на популарните „модри“ ја одби понудата од Ал-Итихад, вредна околу 10 милиони евра. Тренерот на Ал-Итихад, Славен Билиќ инсистираше клубот да се засили со одличниот играч за врска, но не успеа да го ангажира Адеми.

Членот на македонската фудбалска репрезентација не сака да игра во првенството на Саудиска Арабија и според формата во која се наоѓа, има право да се надева на добра европска понуда.

Таква Динамо Загреб одби летоска, а Лил беше заинтересиран и понуди 6,5 милиони евра. Хрватскиот првак одолеа на понудата на францускиот тим и барем според резултатите беше во право.

Адеми капитенски го предводи Динамо и во првенството до лидерската позиција и во еврокуповите. Динамо по долга пауза од 48 години, успеа да презими во Европа и ќе игра во нокаут-фазата во Лигата на Европа против П’лзен во февруари.

Аријан има 27 години, веројатно до лето ќе игра за Динамо, а потоа ќе очекува голем трансфер, каков што заслужува играч од негов калибар.

Ливерпул ја кова титулата во Манчестер против шампионот Сити

Големото англиско дерби, уште неколку натпревари од Португалија и заостанатиот дуел меѓу Вилјареал и Реал Мадрид ја сочинуваат скромната денешена фудбалска понуда.

Таман има пет двојки од европските првенства за фудбалски тикет или за комбинација со останатите спортови во понудата на Sport Life за четврток.

Шавес – Феиренсе (17 часот)

Дуел на двете најслаби екипи во досегашниот дел од сезоната во Португалија. Шавес има неверојатна серија од 12 меча без победа во елитата и е последен само со 7 бода на 14 натпревари.

Интересно е што имаат реми со гигантите Бенфика во првенството и со Порто во Купот, но во последно време играат многу лошо и редат порази.

До 12-ка без победа успеа да стигне и Феиренсе, двете екипи имаат идентична гол-разлика, минус 13, па денеска ќе се обидат да го избегнат и 13-от меч без триумф. Двете екипи се изедначени по квалитет, нема веќе што да се брани, мора да се освојат бодови, па се очекува меч со голови.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Спортинг – Белененсеш (19 часот)

Спортинг има шанса да се врати на втората позиција по киксот на големиот ривал Бенфика и не смее да утне. Интересно е што ќе мора да го победи Белененсеш, единствената екипа во Португалија без пораз на гостински терен.

Фреди, Лика и соиграчите играат опасно на контранапади и Стефан Ристовски и соиграчите од Спортинг ќе мора да внимаваат и да најдат одговор за брзата игра на Белененсеш.

Домаќините имаат силни адути, најголемиот е извонредниот шпиц Бас Дост. Холанѓанецот даде 14 голови на последните 16 меча на коишто играше како стартер во сите натпреварувања и е во опасна гол-форма. Спортинг е втората најефикасна екипа во Португалија со 30 голови во 14 кола и е единствената со макимален учинок на свој терен.

Лавовите од Лисабон имаат 7 победи на 7 меча на „Жозе Алваладе“ и се фаворити за осми триумф, вечерва против опасниот гостин.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.70) Квота на денот

 

Манчестер сити – Ливерпул (21 часот)

Шампионот на Англија тешко излегува на крај со Ливерпул во последно време и на последните пет меѓусебни дуели нема победа. Вечер ќе мора да атакува на три бода, бидејќи ривалот за титулата веќе има плус 7 и ако не загуби, ќе биде многу поблиску до круната во Англија.

Двете екипи ќе ги имаат најсилните адути на располагање, освен Де Бројне, кој е неизвесен кај домаќините. Двете екипи негуваат офанзивен стил на фудбал, па головите се најдобра опција за типување.

Предлог тип: 1+I и 2+II (2.55) Квота на денот

 

Авеш – Порто (21.15 часот)

Авеш никогаш не го победил Порто, но сега веројатно ќе му биде и најтешко да приреди подвиг. Домаќинот игра лошо, четири меча по ред е без победа во првенството, а му доаѓа лидерот.

Порто игра совршено од октомври и нанижа блескава серија од 16 победи по ред. Последен пат „змејовите“ паднаа во Лисабон во октомври, кога ги победи Бенфика, и оттогаш знаат само за победи. Низата стигна до 16 во сите натпреварувања, а и вечерва се апсолутни фаворити за да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2&2-5 (1.73)

 

Вилјареал – Реал Мадрид (21.30 часот)

Двете екипи често знаат да одиграат ефикасно, но во новата сезона не можат да се пофалат со голови. Реал Мадрид постигна само 24 во 16 натпревари во Ла Лига, што е нестандардно за ефијасните „кралеви“. Најголемиот конкурент Барселона има двојно повеќе голови и осум бода предност, па ако Реал сака да остане во конкуренција, мора да го добие заостанатиот меч вечерва против Вилјареал.

И популарната „жолта подморница“ не плови како што се очекуваше, па се наоѓа во опасната зона. Вилјареал имаше успеси во последните пет шампионати и не беше под шестата позиција на крајот, но сега бие битка за опстанок.

И домаќинот е неефикасен, постигна само 17 гола на 16 натпревари, што е главна причина за лошиот пласман. Против Реал ќе им недостасува стандардниот бек Марио Гаспар, но ќе се врати Санти Касорла.

Кај Реал нема да игра Маркос Љоренте и веројатно Марко Асенсио и Маријано Дијас. Се враќа Каземиро во составот, што е добар знак за европскиот шампион.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.35) Квота на денот

 

 

 

 

Сари врска немал дека Пулишиќ ќе потпише за Челзи

Дека во Челзи тренерите не се прашуваат многу за тоа кој играч треба да биде доведен, се потврди уште еднаш. Стратегот на лондончани, Маурицио Сари, откри дека воопшто не знаел за трансферот на Кристијан Пулишиќ на „Стемфорд бриџ“. Челзи даде 64 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд. Крилниот напаѓач ќе остане кај „милионерите“ до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Лондон.

„Ништо не знаев за трансферот на Пулишиќ. Првпат вчера слушнав. Во клубот пред еден месец ме прашаа што мислам за тој играч, а јас само дадов позитивна оценка. Вчера разбрав дека трансферот е реализиран. Не знам ништо околу трансферот, едноставно, јас не се прашувам за тоа кој играч треба да биде доведен“, по малку зачудено заклучи италијанскиот стратег на клупата на Челзи.

Со потрошени 64 милиони евра, Пулишиќ стана еден од најскапите играчи кои ќе дојдат на „Стемфорд бриџ“.

Кариус покажа за што е добар, ја ќари една од најубавите девојки во светот (Фото)

Лорис Кариус во 2018 година стана светски популарен голман, но не по неговите одбрани, туку поради киксовите кои ги правеше. Во минатата сезона беше на голот на Ливерпул, а во финалето на Лигата на шампиони направи две неверојатни грешки и едноставно му го подари трофејот на Реал Мадрид.

Потоа замина во Бешикташ, каде што продолжи со киксовите. На неколку меча направи грешки што нема да ги направи ниту голман-почетник. Ако не му одеше најдобро на теренот, Кариус може да се пофали дека беше одличен надвор од теренот. Од неодамна е во врска со германскиот топ модел Софија Томала (29 години).

Лорис и Софија моментно се во Мајами, каде што заедно уживаат. Софија може да се пофали дека во 2010 година беше избрана за трета најубава девојка во светот според FHM.

Лесно е како песна кога Пол Џорџ погодува, а Рас свири на гитара (Видео)

Пол Џорџ одговори со рафална стрелба на свирежите на навивачите на Лос Анџелес лејкерс, а во еден момент толку го воодушеви соиграчот Расел Вестбрук, што овој почна да свири на гитара.

Џорџ блескаше во градот во којшто е роден, постигна 37 поени против Лејкерс, а лани ги разлути симпатизерите на „езерџиите“ бидејќи одби да го засили тимот и одлучи да игра за Оклахома.

Ноќеска играше како по ноти и го предизвика Вестбрук да реагира невообичаено.

Погледнете ги акцијата и кошот на Џорџ и реакцијата на популарниот Рас.

Солскјер: Се подобруваме, конечно не примивме гол

Оле Гунар Солскјер го живее сонот на клупата на Манчестер јунајтед. Норвешкиот стратег стана само вториот менаџер во историјата на „црвените ѓаволи“ кој успеал да стигне до четири победи во првите четири меча откако е назначен за нов предводник. Претходно тоа му успеало само на легендарниот Мет Бизби, и тоа во далечната 1946 година.

Манчестер синоќа славеше на гости кај Њукасл со 2-0 благодарение на погодоците постигнати во последните 30 минути од мечот. Ова беше за првпат тимот предводен од Солскјер да не прими гол, па сега по четири средби, гол-разликата е 14:3.

„Во првото полувреме имавме проблеми да ја пробиеме одбраната на противникот, но потоа сè си дојде на свое место. Конечно одигравме еден меч без да примиме гол. Тоа ме радува бидејќи откако дојдов на клупата, тоа сакав да го направиме. Покажавме подобрување во играта и задоволен сум од сите играчи“, рече Солскјер.

И по оваа победа, Манчестер остана на шестото место во Премиер лигата со три бода помалку од Арсенал, но сега има само шест помалку од четвртиот Челзи. Кога Солскјер дојде во Манчестер, Челзи имаше 11 бода предност, што значи за помалку од еден месец таа негатива речиси е преполовена.

Следниот предизвик на Манчестер во Премиер лигата е гостувањето кај Тотенхем, на 13-ти јануари.